RE: Младенци (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


brineta88 -> RE: Младенци (22.2.2010 17:36:29)

Кај нас во Тетово скоро сите чекаат младенци, така да и ние ќе чекаме. Инаку тука кај нас не се вика и затоа мораш да се спремиш незнаеш кој ќе ти дојде. Најблиските секако. Незнам колку ќе ни се соберат ама од прилика 50-60 души. Тоа е сакаш, не сакаш, мораш. Има да биде спремање на големо.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Тешко мене.




viksa -> RE: Младенци (22.2.2010 22:39:58)

Ние правевме свадба во мај 2009 и сега имаме мало бебенце такашто нема да чекаме Младенци. Јас знам дека ако имаш бебе не се чекаат гости. Освен тоа јас и мм и онака не сме за означување на овој датум. 




iki82 -> RE: Младенци (24.2.2010 10:22:29)

Ме интересира дали некој знае овој Младенци дали морал да биде посен? Ми кажаа зошто се паѓал за време на Велигденски пости, требало да биде посно. А баш сакав да си направам некои интересни салатки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Младенци (24.2.2010 10:26:57)

Ако ти се паѓа во пост, пожелно е да се посни работи, зошто сигурно ке имаш некој што ке пости...




Cacko -> RE: Младенци (24.2.2010 10:31:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: iki82

Ме интересира дали некој знае овој Младенци дали морал да биде посен? Ми кажаа зошто се паѓал за време на Велигденски пости, требало да биде посно. А баш сакав да си направам некои интересни салатки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


imas eden kup interesni slatki i soleni posni,taka da ne smeta so e posno.jas posna svadba pravev pa ne mladenci[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] i toa zosto bese petok i nasa slava,a ne golemi postovi,ali veruj site bea prezadovolni.ako sakas moze idei da ti dademe za posni raboti[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




iki82 -> RE: Младенци (24.2.2010 10:55:32)

Еј Цацко супер, пиши некој рецепт [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] А бе мислам дека никој нема да пости, ни моите ни неговите не се по тие работи. ама ај да испочитуваме дека пред Велигден




Cacko -> RE: Младенци (24.2.2010 11:13:33)

nema so da ti pisuvam recepti,eve ti predlozi;
posni sarmi
piti
gravce
kompir salata
pindzur
riba
morski plodovi
pecurki
makalo
posna ruska salata
eden kup svezi salati
sitni kolaci.......





delfinka -> RE: Младенци (24.2.2010 14:17:54)

koja data e mldaenci??




BILJANA_G -> RE: Младенци (24.2.2010 14:20:13)

22 Mart.




delfinka -> RE: Младенци (24.2.2010 14:28:23)

blagodarnost:)




iki82 -> RE: Младенци (24.2.2010 15:31:34)

Fala Cacko [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




penelopa -> RE: Младенци (22.3.2010 12:55:37)

Среќни Младенци на сите што прославуваат денес. Ви посакувам вечна љубов, почит и разбирање. Имајте убав ден!

п.с: Повелете во барот на частење [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




arh_diz -> RE: Младенци (22.3.2010 12:56:48)

Srekni Mladenci na site koi slavat vi posakuvam mnogu ljubov i dolg zivot




ikipp -> RE: Младенци (22.3.2010 17:55:31)

srekni mladenci na site sto go proslavuvaat.inaku i nie imame malo bebce,ama ne go cekame




***Lide*** -> RE: Младенци (22.3.2010 18:37:19)

SREKNI MLADENCI na site sto go slavat ovoj praznik 




Pepelaska * -> RE: Младенци (8.2.2011 19:37:26)

Ние изгледа нема да правиме мм не сака да чуе а еве најдов еден интересен текст за Младенци

На овој ден е и првата рамноденица во годината. Младенци се брачните двојки што се венчале во текот на минатата година. На Младенци се оди во домовите на младите брачни двојки, а доаѓаат тие што не им биле на свадба. Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња, зашто празникот се слави во име на светите четириесет севастиски маченици, римски војници, кои настрадале поради тоа што одбиле да ги гонат христијаните. Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството. На овој ден порано им се гатало на немажените девојки. Народот вели дека каков ќе биде денот на Младенци таква ќе биде целата пролет. Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници, како што се Божик, Водици, Свети Трифун и се смета за премин кон пролетните празници: Тодорова сабота, Летник, Благовештение, Цветници, Лазарева сабота, Велигден, Ѓурѓовден и други. На Младенци не се препорачува да се јаде тоа што никнало по Нова година, а се смета оти е добро да се јаде мед, варени коприви и зелје за да се прочисти крвта.





Natuska85 -> RE: Младенци (8.2.2011 21:44:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството.



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]


Ние ќе правиме по се изгледа,таман и прилика да ги почастиме најблиските за новото домче,2 во 1[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].




Maca25 -> RE: Младенци (29.10.2011 9:56:51)

Ние не правевме младенци. Имавме многу мало бебе дома и не правевме. Како што знам свеќите од црква (од венчавка) се носеле на младенци пак во црква и се палеле. Јас појма немав каде ни се свеќите, се додека пред некој ден не ги најдов во една ќеса во плакар збутани. Не знам што да им правам? Да ги однесеме во црква сега и да ги палиме? Појма немам што да им правам.




JovanaJ -> RE: Младенци (2.11.2011 9:51:10)

Nie gi pokanivme najbliskite na vecera vo restoran. Najsoodvetno mi bese taka...Inaku mladenci ni bese 4 meseci posle svadbata [sm=smiley1.gif]




Mila mamicka -> RE: Младенци (15.5.2014 13:02:59)

Нас свадбата ни беше во октомври така што имавме цели 5 месеци до Младенци. Секако дека го прославивме. Ние сме фамилија што многу сака големи прослави, така што и Младенци ни беше повод за една таква прослава со најблиските роднини и пријатели. Се собравме дома, имавме околу 70-80 луѓе, а не ми беше воопшто напорно, затоа што имавме човек кој ни го спремаше јадењето на лице место, имавме келнери за послужување, па ние само се дружевме со гостите и немавме никакви обврски вечерта. Ептен убаво си поминавме.




Defne90 RR -> RE: Младенци (15.5.2014 13:34:05)

Ние на младенци имавме бебе од месец ипол веќе и не правевме ништо посебно.Само најблиските ни дојдоа на ручек и така на по некоја пијачка и толку.Се на се беше убаво и прославено во кругот на најблиските.[sm=smiley1.gif]А и јас исто не сум знаела што се прави со свеќите и еве ги чувам уште.Сега поима немам дали да ги носам во црква да ги запалам или да ги палам дома за некој убав повод.Поима немам.




caciana -> RE: Младенци (2.12.2014 0:21:19)

Kaj nas Vo Prilep Mladenci Ne Se slavat.Se slavi Trimir.Tretiot den posle pokladi procka.Se odi kj nevestata na sedenka.




scared RR -> RE: Младенци (2.12.2014 0:27:14)

Планираме да правиме здравје боже, дома, со најблиските [sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Младенци (22.3.2015 14:58:12)

Нека ни се среќни младенците на сите што славиме денес [sm=bravo.gif] [sm=rozica.gif]




kapina -> RE: Младенци (22.3.2015 15:02:10)

Kaj nas vo strumica ne se slavi mladenci voopsto nemame nekoj adet za mladenci




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>