Описно оценување (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


pacuvce -> Описно оценување (11.1.2010 17:42:01)

Ова е можеби тема за оние РР мамички кои имаат моментално ученици,но интересна е и за сите мамички кои имаат идни ученици...За мене е актуелна,затоа што денес ни го дадоа сведителството за полугодие(порано тоа бе ученички книшки),каде оценувањето е описно...
Според мене тотално погрешно,затоа што на едно место еден куп зборови,со кои демек е оценето вашето дете за тоа што го работело изминатото полугодие...И иако кај нас се е одлично оценето,кога му  го прочитав на син ми,кај него тоа не предизвика никаква реакција,затоа што мислам дека и не се свесни за тежината на напишаното...Мислам дека поранешното оценување(со оценки) беше подобро,затоа што децата можеа меѓусебно да се споредуваат и да се борат за подобри оценки...
Мислам дека на форумов има многу педагошки работници,па би сакала да го чујам нивното мислење на оваа тема...




mis. -> RE: Описно оценување (11.1.2010 19:07:17)

образованието кај нас посебно основното е тотално сменето од онаа што јас го имам искусано додека сум учела а и од оноа додека студирав на Педагошкиот факултет,додека стажирав но и од оноа што сум го учела во методиките.Ако почнам да пишувам на таа тема ќе биде предолго.Описното оценување не потикнува на мотивација за учење и напредување како тоа го можеше некогашната 5(петка)Син ми иако не оди во школо кога ќе му напишам 5 за него како да е нешто возвишено.Колку што сум запознаена тоа не е само на полугодие туку и на крај од годината и во текот на целата година детето се оценува описно.Лично не го одобрувам ваквиот начин на оценување.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




pacuvce -> RE: Описно оценување (11.1.2010 19:10:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Лично не го одобрувам ваквиот начин на оценување.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Potpis!!!




mami -> RE: Описно оценување (11.1.2010 19:23:05)

иако сум уште мноогу далеку од тој момент можам само да кажам дека описното оценување им е тотална утка и огромна глупост...Не даваат никаква мотивација за детето и само дополнително ги збунуваат родителите..Мислам што ке каже детето кое порано би отрчало со книшка полна петки кај баба и дедо, а сега што? ке им однесе реферат да читаат?
Си прават и во образованието експерименти а страдаат само децата




ripce -> RE: Описно оценување (11.1.2010 20:25:06)

мислам дека ваквиот начин на оценување влијае демотивирачки врз децата... Навистина кој сака да учи и да научи не му се потребни бројки кои ќе го мерат неговото знаење, ама се демотивираат и оние дечиња кои сакаат да учат, зашто знаејќи дека нема да бидат оценувани помалку се ангажираат.

Еве од мое лично искуство во средно... часовите физичко, ликовно и музичко ни беа оценувани описно, и воопшто не се ангажиравме да носиме опрема за час, а не па да вежбаме, цртаме!





Bitolcanka -> RE: Описно оценување (11.1.2010 20:49:27)

mis. сега видов дека имаме некои заеднички допирни точки - образовниот профил (и јас сум graduate teacher-unemplyed [sm=smiley13.gif] ) и датата на раѓање, 1 ден пред мене си [sm=smiley1.gif] Се најдовме [sm=smiley36.gif]

Инаку и јас сум против описното оценување. Се изгуби вредноста на оцената као стимул за учење и показател на успехот на учениците. Секако дека не се исти сите 5-ки, како и останатите оцени, но има стандарди за оценување. Сепак оцената се формулира според одредени критериуми, а сега само описно - непрецизно... На децата им се одзема мотивот за учење, којшто и без тоа беше намален (се почеста употреба на мобилни телефони, компјутери,...). Сакаме да измислиме нешто ново, но не сме постигнале нешто ниту со старото ...[sm=zmeden.gif]




pacuvce -> RE: Описно оценување (11.1.2010 22:37:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Денес ни го дадоа сведителството за полугодие...


Јас се извинувам...Не било сведителство,туку евидентен лист за успехот на ученикот...А има некои интересни делови на кои добро се насмеав...НА пример:

„Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство„...Демек ги праќаме во училиште да научат да  распознаваат мајка,татко,тетка,вујко и сл....
„Препознава и именува сообраќајни средства„...Па тој ги знае сите марки на коли подобро од мене...
„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Описно оценување (11.1.2010 22:49:25)

„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...user posted image user posted image user posted image


е ова ме инасмеа до солзи..зарем вака оценуваат? па тоа е ужас...




mis. -> RE: Описно оценување (11.1.2010 22:59:20)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ова ептен описно секоја лекција ја има раскажано[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




jovanka -> RE: Описно оценување (12.1.2010 0:41:24)

Edno ke kazam ima i prednosti i mani kako i kaj sekoj pocetok za nesto novo koga se voveduva.Negativnata strana e toa sto kaj decata se gubi taa borbenost za ucenje a pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.Sepak najvazen faktor vo seto ova e samata nastavnicka kolku taa ke pridonese deteto iako nema ocenka da ja sfati rabotata seriozno-deka treba da se uci t.e. da se sovlada materijalot sto e mozno podobro.




biljanaM -> RE: Описно оценување (12.1.2010 1:06:09)

Башка што е демотивирачки за децата, се утепавме пишувајки...хехехе....мислам дека за описно да го оцениш ученикот требе ептен убаво да го запознаеш....има евидентен лист за првото тримесечје што значи за три месеца ти требе да оцениш еден куп деца...па за полугодие итн итн...Од друга страна пак сметам дека се зависи од детето и домашното воспитување...Иако во евидентните листови за деветгодишното образование не смее да се пишува оценка, наставникот сепак може на тестови да им пишува оценки или усно да им каже што оценка имаат...При оценувањето не смее да се пишува што не умее да прави детето...не смее да се пишува неможе во никој случај..значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....




niki -> RE: Описно оценување (12.1.2010 8:56:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


Јас се извинувам...Не било сведителство,туку евидентен лист за успехот на ученикот...А има некои интересни делови на кои добро се насмеав...НА пример:

„Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство„...Демек ги праќаме во училиште да научат да  распознаваат мајка,татко,тетка,вујко и сл....
„Препознава и именува сообраќајни средства„...Па тој ги знае сите марки на коли подобро од мене...
„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Баш утрово сакав да побарам дел од описните оцени што сте ги добиле,  за да имаме претстава што тоа точно значи. Изгледа телепатски си ме разбрала, благодарам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Интересни оцени сте добиле

Јас малку поопширно за образованието ќе си пишам бидејќи кај нас кај и да е за некоја година ќе биде актуелно, па така уште сега размислуваме за тоа. Впрочем грчково образование не ми се допаѓа бидејки децата во текот на годината воопшто не се оценуваат, ни описно, туку имаат завршни испити на крајот од годината кога добиваат оцени до 20. Исто така не ми се допаѓа ни тоа што толку се инсистира на дополнителни приватни часови да се совлада материјалот кој се предава на редовните што е стигнато до таму да тие дополнителни часови се скоро па со иста важност колку и редовните, само со таа разлика што се на терет на родителите. Со програмата не сум запознаена баш, но гледам од расположението на другите родители кои имаат ученици дека не е на некое завидно ниво.  И така со мм размислуваме кога ќе дојде време за тоа да одиме во Србија, но и таму има еден куп реформи во образованието, слични како во Мк и различни што не става во недоумица што да се прави. Образованието не е како што некогаш беше, а дали е подобро, никој со сигурност незнае.
И сето тоа ме наведува на една друга мисла. Во време кога ние како родители, децата од раѓање ги учиме да учат, вложуваме во играчки, сликовници, книги кои имаат едукативен карактер, вложуваме во време поминато во  стекнување на знаења (зависно од возраста) за подобро да ги подготвиме за светот кој е станат многу суров, образованието како да забушава. Сите тие реформи од типот на намалување на програмата, менување на начинот на оценување, менување на односот кон учењето ми делуваат многу демотивирачки и како да им е целта намерно создавање на необразовани генерации, со помалку знаења, за подобро  и полесно да се раководи со нив. И не ја разбирам таа тенденција на учење на децата дека сите сме биле исти кога тоа не е така и никогаш нема да биде така во реалноста. Едно е да се учат на толеранција, но да се учат дека сме сите исти е голема небулоза.




mami -> RE: Описно оценување (12.1.2010 9:02:42)

Во време кога ние како родители, децата од раѓање ги учиме да учат, вложуваме во играчки, сликовници, книги кои имаат едукативен карактер, вложуваме во време поминато во стекнување на знаења (зависно од возраста) за подобро да ги подготвиме за светот кој е станат многу суров, образованието како да забушава. Сите тие реформи од типот на намалување на програмата, менување на начинот на оценување, менување на односот кон учењето ми делуваат многу демотивирачки и како да им е целта намерно создавање на необразовани генерации, со помалку знаења, за подобро и полесно да се раководи со нив. И не ја разбирам таа тенденција на учење на децата дека сите сме биле исти кога тоа не е така и никогаш нема да биде така во реалноста. Едно е да се учат на толеранција, но да се учат дека сме сите исти е голема небулоза.


поубаво напишано здравје..Браво ма Ники, барем да имаше некој од оние горе да прочита и да му светне сијаличката за тоа што го прават со денешните генерации...




arh_diz -> RE: Описно оценување (12.1.2010 9:21:39)

Denes poveke roditelite ne gledaat kako ke uci deteto i kolku ke nauci. Gledaat da go zapisat vo privatno uciliste kade sto sigurno ke zavrsi kade e mnogu polesno od drzavnite uciliste a i sto e najvazno nikogas nema da izgubi godina a i ocenkite moze da si gi plati.




pacuvce -> RE: Описно оценување (12.1.2010 10:19:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.


Не се сложувам со ова...Нека има поделеност...НЕка се знае кои се добри,а кои лоши ученици...Па дури и ако моето дете влегува во групата на лоши ученици,нека се наградат оние кои се труделе и постигнале резултати...

ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....


И со ова не се сложувам...Јас треба ли инспектор да изигравам...Еве на пример во евидентниот лист кај син ми напишано е дека се совладал и дека во се е супер...Лично јас мислам дека повеќе му оди математика, а има проблем во израувањето при македонски јазик,на пример кога треба да раскаже некое четиво или приказна...И јас нормално го форсирам,ама не значи ли ова различно гледање меѓу мене и учителката губење на време...Затоа што мислам дека нема родител на овој свет кој не сака неговото дете да биде одличен ученик,ама пак мислам дека е многу побитно да научи да се бори во животот...А мислам дека оценките се некаков почеток...Вака се е релативно...




niki -> RE: Описно оценување (12.1.2010 10:21:30)

Па секоја ни чест ако сме паднале на тоа ниво. Само тогаш зошто си го губиме времето на родителски форуми, во читање на најразлична литература за воспитување и развој на децата, во информирање во сите области на родителството, наместо негде да заработуваме и да си ги платиме оценките[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Што знам јас мислам дека не спаѓам во таа класификација, за другите не знам, но мислам дека не сме поради забава тука.




niki -> RE: Описно оценување (12.1.2010 10:28:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.


Не се сложувам со ова...Нека има поделеност...НЕка се знае кои се добри,а кои лоши ученици...Па дури и ако моето дете влегува во групата на лоши ученици,нека се наградат оние кои се труделе и постигнале резултати...

ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....


И со ова не се сложувам...Јас треба ли инспектор да изигравам...Еве на пример во евидентниот лист кај син ми напишано е дека се совладал и дека во се е супер...Лично јас мислам дека повеќе му оди математика, а има проблем во израувањето при македонски јазик,на пример кога треба да раскаже некое четиво или приказна...И јас нормално го форсирам,ама не значи ли ова различно гледање меѓу мене и учителката губење на време...Затоа што мислам дека нема родител на овој свет кој не сака неговото дете да биде одличен ученик,ама пак мислам дека е многу побитно да научи да се бори во животот...А мислам дека оценките се некаков почеток...Вака се е релативно...


Баш така, со зборови сите ќе бидат добри, кај секое дете ќе се најде нешто што совладало и ќе се занемари она што не го совладало. А ние родителите ако бевме способни да ги образуваме нашите деца и да ги проценуваме сите нивни пропусти, реално, а не субјективно, сигурно не ќе ги праќавме на училиште.




Felly RR -> RE: Описно оценување (25.11.2011 8:38:13)

Мамички, дали ги добивте првите описни оценки за оваа учебна година? Како сте задоволни и што мислите за описното оценување?




niki -> RE: Описно оценување (2.11.2013 11:10:24)

Mesec i pol kako odi na skolo, tatratkite polni so bravo, odlicno, stiklirano i slicno, retko nekade nekoja ispravka, a na nekoi mesta duri i nedostiga ispravka od ucitelkata, kako da ne obrnuva vnimanie bas koga pregleduva domasni...
kako e kaj vas?




Felly RR -> RE: Описно оценување (27.6.2014 17:30:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Nego I nie sme vo faza na sobiranje sveditelstva,doplomi,sertifikati I se odtanato I bash me zamisli pishuvanjeto na miana za ocenkite,pa stvarno mene mi znaci 5ka kako ocenka a do sega I od dvete shkoli dobivame samo tekst,koj deteto moe voopshto ne go interesira nitu neshto mu znaci a za mene tekstot e igra na zborovi,pa koj kako razbere taka.Se prashuvam dali od cetrvto oddelenie ke pocnat brojkite da se koristat vo sveditesltvata ili toa ke bide od petto[sm=zmeden.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Да Тања точно!!! Описни се оценките, но нас ни се први и многу драги..Наставничката ни објасни кое што значи така што знаеме каков е успехот на нашите деца... Мислам дека од петто одделение веке ке имаме бројки како оценки...


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

...Vo vrska so ocenkite,sin mi ke zavrsi shesto oddelenie I seuste ne sum videla ocenka.Kaj da e od sredno ke pocnat so ocenuvanje ako ne na fakultet[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Vi posakuvam ubav den a bogami I ubav vikend[sm=zz_wavespin.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

Vo vrska so ocenkite,sin mi ke zavrsi shesto oddelenie I seuste ne sum videla ocenka.Kaj da e od sredno ke pocnat so ocenuvanje ako ne na fakultet[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Vi posakuvam ubav den a bogami I ubav vikend[sm=zz_wavespin.gif]

Auuuu pa vit tamu ste preterale,shto e mnogu mnogu e!!!Jas se zalam za do cetvrto a ti ni vo shesto ocenka ne si videla,kako I da e,da ni se zivi I zdravi I uspeshni,e sega ako treba opisno neka bide opisno[sm=smiley36.gif]
A bucko mal,ima li kaj vas eksterno testiranje na site oddelenija,taa novina ja imame nie od lani I drugata godina sinko moj go ceka istoto?!



Мамички, првите бројчани оценки ќе ги добиете во четврто одделение. И тоа само на полугодие и на крајот на годината. На тромесечие оценките пак ќе бидат описни, и така се до шесто. За екстерното тестирање има тема ТУКА. Буцко мал баш и мене ме интересира, ако можеш пиши во соодветната тема дали кај вас има нешто слично.




Felly RR -> RE: Описно оценување (27.6.2014 17:36:56)

Да се дополнам со мислење за описното - убаво е да се добие некоја генерална општа слика за детето, но убаво е и да има оценка. Во градника на рачињата добиваат петки, а на училиште треба да чекаат до 4 одд, за првите оценки.




Страница: [1]