|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Донации
11.1.2010 17:45:53   
pacuvce
Еве една тема,која мислам дека заслужува да има место на овој форум,а се работи за донирање на средства за болни деца...Јас апелирам до сите за ова детенце,за кое штотуку прочитав...



Итно се потребни крводарители со крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ за спас на Емил!

Единаесет годишниот Емил ги замолува сите хумани луѓе кои имаат крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ, да му помогнат и да даруваат крв
Сите оние кои ја имаат оваа крвна група може да даруваат крв во Центарот за трансфузиологија на Државната болница во Скопје.
Малиот Емил Новески од Кавадарци кој боледува од леукемија бара помош од сите хумани луѓе да му помогнат за да ја надмине болеста. Емил и неговите родители велат дека помошта е бесценета само ако е добиена навреме.
Емил треба да замине на лекување во Германија, но состојбата се влоши и итно му е потребна крв НУЛТА ПОЗИТИВ.
Емил итно мора да замине на трансплантација на коскена срцевина во Германија. За жал, државата не го покрива неговото лекување, а неговите родители, кои и самите се во тешка економска состојба, не се во можност да покријат ниту дел од лекувањето. Затоа се приморани да бараат помош од добрите и хумани луѓе во Македонија.
“Емил е во многу критична состојба. Доби рецидив на болеста Леуцосис Ацутна Мѕелоица (леукемија) и ако во многу брзо време не оди на операција, исходот би можел да биде многу трагичен и лош”, ни раскажа низ солзи Јованка мајката на Емил.
Емил досега примил четири хемотерапии. Од болницата добил отпусна листа дека е здрав. За само три седмици, болеста се повратила кај Емил, а тоа значи дека детето воопшто не било излечено. Болеста кај Емил многу брзо напредува.
Да му дадеме шанса на Емил повторно да заигра фудбал!
Сите оние што сакаат да му помогнат на Емил, можат да донираат 100 денари со јавување на бројот 070 143 115, 075 143-350 и 077 143 500 или, пак, да уплатат парични средства на жиро-сметката на Стопанска банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески и на девизна сметка СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ  ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.2.2015 13:17:30 >


_____________________________

Love is in the air
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Донации
11.1.2010 18:20:42   
Bogdancanka
леле user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ајде мамички кој има крвна група нулта позитив дарувајте да му се помогне на Емил баш стета јас сум нулта негатив. А дали може да се дарува тука кај нас и да му се прати крв?Да речеме од Гевгелија дали ке има шанса ако се најде крв да се прати за Скопје?

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Донации
12.1.2010 13:27:32   
pacuvce
Откако на еден од македонските интернет портали вчера беше објавено дека итно се потребни дарители на крв со крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ за спас на животот на единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци кој боледува од леукемија и побара помош од сите хумани луѓе да му помогнат за да ја надмине болеста,во период од еден час се пријавија четворица дарители со крвна група нулта позитив, кои веднаш се упатија на клиника на Трансфузиологија.Од вчера до денес крв за малиот Емил донираа дваесет луѓе. Неговата мајка изјави дека собрано е доволно количество на крв за помош на Емил.


user posted image user posted image user posted image за сите хумани луѓе...Останатите нека донираат сто денари...Ајде,нека излезе хуманоста на дело...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Донации
24.1.2010 13:06:46   
pacuvce

Апел за 26 годишната Искра Донева
26 години ме буди надежта дека еден ден ќе можам сама да одам, без никаква помош – ова е оружјето со кое Искра Донева му се спротивставува на нејзиното секојдневие. Од раѓање боледува од церебрална парализа. Родена како седум месечно бебе, морала да биде во инкубатор 40тина дена. Се чини дека престојот во инкубатор придонел мозокот да не ги слуша наредбите на телото. Нејзината состојба не се подобрила ниту по операцијата што ја направила на 7 години. Сега третманот на Искра е сведен само на физиотерапија.„Тука освен класична физиотерапија, која ми помага само да се раздвижам, не добивам ништо друго. Дури и тоа е проблем зашто им се дава предност на помладите, вели Искра Донева.
Искра одбива да прифати дека до крајот на животот ќе биде врзана за кревет. Своето време целосно го посветила на истражувања за нејзината болест. Методите за лечење ги црпела од книги, интернет. Дошла до сознание дека во болница во Москва се крие лекот за нејзината болест. Пред 2 години таа исзконтактирала со болница во Русија. Оттаму и гарантираат дека со трансплантација на матични клетки, може и целосно да се опорави, па дури и да оди сама. За третманот кој би траел речиси 2 години на искра потребни и се 62 илјади евра. Државата одбива да и помогне бидејќи лекувањето со матични клетки се уште не е целосно прифатено.
„До сите компании, фирми, фондации, хумани луѓе до кои се обратив за помош, образложението беше дека не можат да ми помогнат затоа што не ми е загрозен животот и дека треба да им се даде предност на другите и дека се во рецесија. Јас тоа го разбирам, но знам и дека имам целосно право да бидат подобро“, вели Искра Донева.
За Искра животот е една голема борба од која никогаш не се откажала. И себе си, но и на околината се обидува да им докаже дека е еднаков граѓанин кој придонесува за општеството. И покажа. Има објавено 3 книги. 2 се полни со хаику поезија. Сега е на пост дипломски студии, а наскоро планира да запише и втор факултет. Иако лекарите во Македонија одбиваат да и дадат конзилијарно мислење за нејзината болест, верува дека ако ги собере потребните средства, за неколку години сама ќе застане на нозе. Искра Донева е болна од церебрална парализа и за подобрување на здравствената ситуација потребна и е трансплантација на матични клетки. За неколку етапниот третман во Москва вкупно се потребни околу 62.000 евра.Искрено се надеваме на вашата хумана поддршка. Доколку сте во можност да излезете во пресрет, Ве молиме средствата да ги уплатите на следната сметка:
Тутунска банка АД Скопје
Visa Electron 4324 8452 5673 1414
Сметка број: 210501218077355
 

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Донации
24.1.2010 13:12:02   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


Државата одбива да и помогне бидејќи лекувањето со матични клетки се уште не е целосно прифатено.


 


„Се распрашав секаде и не сакаат да ми отворат број, оти не ми е загрозен животот и не ми даваат конзилијарно мислење... Благодарам за поддршката, многу ми значи!„

Ова е изјава на Искра по реакциите на многу луѓе на нејзинта ФБ страна ,зошто нема телефонски број за донации...
А кој одлучува дали нечиј живот е загрозен или дали некој е повеќе или помалку болен...Каква е таа дрскост...И државата наша нормално одбила помош...Нема пари,затоа што спомениците се побитни од било кој човечки живот...СРАМОТА...


После се можам да кажам само user posted image user posted image user posted image  за борбената Искра...Само напред...

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 24.1.2010 13:14:16 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Донации
24.1.2010 15:58:07   
Enika
Потпис пасувче....секој има право да живее нормално!!!!

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Донации
26.1.2010 19:52:55   
pacuvce
user posted image
Iskra Doneva 26 јануари
Uspeavme da otvorime broj za donacii od T-Mobile!!! - Vrtete na 070/143-144 ;-)

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Донации
26.1.2010 19:53:44   
pacuvce
Помош за едногодишната Теa Анчовска

Почитувани,
едногодишната Теа Анчовска од Скопје има потреба од втора хируршка интервензија која треба да се изврши во Софија, Република Бугарија.
Да бидеме хумани и да помогнеме со донации на :
Т-Мобиле-  070143111
Со секое јавување донираме по 100 денари.
За да се спаси еден детски живот.



user posted image  



< Поракaта ја уредил pacuvce -- 26.1.2010 19:54:02 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Донации
26.1.2010 20:28:52   
beki RR
Дали некој знае за која болница во русија се работи?
Јас многу истражував и сеуште истражувам за матичните клетки,но не знам што да речам.Баш многу и не им верувам на тие болници,не знам само која е оваа од Русија, дали сум ја сретнала во моето истражување досега.
Последна информација , ми е дека за некое време, неколку месеци можеби година , една докторка од Америка,која веќе работи со крв од сопствена папоцна врвца почнала да бара заинтересирани и за  папочна врвца од брат или сестра, доколку има совпаѓање.Е тоа е веќе нешто, затоа што децата кои до сега примиле крв од сопствена папочна врвца имаат неверојатни подобрувања, до толку добри што кај некои од нив се смета дека до 7 годишна возраст потполно ќе исчезнат знаците од церебрална парализа.




< Поракaта ја уредил beki -- 26.1.2010 20:29:52 >

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Донации
16.2.2010 14:57:15   
mother 29
user posted image Малото бебе Христина Петровска од Прилеп боледува од truncus arteriosus comunis. Toa e вродена срцева мана за која што е потребна хируршка интервенција која што треба да се изведи во рок од една година во Р.Бугарија.
Нејзините родители се со скромни месечни примања и не можат да си ја дозволат сумата за потребна операција и понатамошно лекување.
Надевајќи се на вашата хуманост ве молиме да ни помогнете да го спасиме животот на малата Христина донирајќи средства на следниот телефонски број или жиро сметка:

075 143 171             +38970143163  


< Поракaта ја уредил mother 29 -- 16.2.2010 15:02:22 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Донации
7.3.2010 17:35:50   
pacuvce
На малиот 19 месечен Јане Велковски му е дијагностицирана болеста SMA-SPINALNA MUSKULNA ATROFIJA која се нарекува генетски убиец на деца број 1 во светот и се јавува најчесто во првата година од животот. Децата со SMA имаат недостаток на протеин кој ги храни групата на мускули кои се одговорни за моториката и дишењето. Заради тоа овие деца многу често не можат да проодат и остануваат дел живот во количка со опасност од развивање на пневмонии и други проблеми со дишењето што е главна опасност по нивниот живот. Болеста е дегенеративна, па како Јане расте, така состојбата може да се влоши.
За да го спречиме лошиот развој на болеста Јане треба да замине на третман во клиника во Дизелдорф Германија, за што се потребни средства во износ од 10.000 евра. Третманот е насочен кон подобрување на состојбата и спречување на нејзиниот дегенеративниот развој, со што се очекува Јане да застане на своите ноџиња и долго да чекори низ животот.
Доколку сте во можност да помогнете, можете да донирате средства на сметка во Комерцијална Банка:
Назив на примачот: Јане Велковски Скопје - хуманитарна сметка
С-ка бр: 300001000020663
или пак на Т-Мобиле: 143 183
Oд Космофон и Вип во моментов нема броеви, се надеваме дека ќе биде пуштен другата недела.

user posted image
user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Донации
19.4.2010 21:42:54   
pacuvce
Ова е нова акција,за која дознав денеска кога се возев низ град...Мислам дека овде ќе наиде на голема подршка...Затоа,донирајте!!!

http://www.ntf.com.mk/pages_mk/mozesAkoSakas.html

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Донации
29.4.2010 16:52:37   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


Итно се потребни крводарители со крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ за спас на Емил!

Единаесет годишниот Емил ги замолува сите хумани луѓе кои имаат крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ, да му помогнат и да даруваат крв
Сите оние кои ја имаат оваа крвна група може да даруваат крв во Центарот за трансфузиологија на Државната болница во Скопје.
Малиот Емил Новески од Кавадарци кој боледува од леукемија бара помош од сите хумани луѓе да му помогнат за да ја надмине болеста. Емил и неговите родители велат дека помошта е бесценета само ако е добиена навреме.
Емил треба да замине на лекување во Германија, но состојбата се влоши и итно му е потребна крв НУЛТА ПОЗИТИВ.
Емил итно мора да замине на трансплантација на коскена срцевина во Германија. За жал, државата не го покрива неговото лекување, а неговите родители, кои и самите се во тешка економска состојба, не се во можност да покријат ниту дел од лекувањето. Затоа се приморани да бараат помош од добрите и хумани луѓе во Македонија.
“Емил е во многу критична состојба. Доби рецидив на болеста Леуцосис Ацутна Мѕелоица (леукемија) и ако во многу брзо време не оди на операција, исходот би можел да биде многу трагичен и лош”, ни раскажа низ солзи Јованка мајката на Емил.
Емил досега примил четири хемотерапии. Од болницата добил отпусна листа дека е здрав. За само три седмици, болеста се повратила кај Емил, а тоа значи дека детето воопшто не било излечено. Болеста кај Емил многу брзо напредува.
Да му дадеме шанса на Емил повторно да заигра фудбал!
Сите оние што сакаат да му помогнат на Емил, можат да донираат 100 денари со јавување на бројот 070 143 115, 075 143-350 и 077 143 500 или, пак, да уплатат парични средства на жиро-сметката на Стопанска банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески и на девизна сметка СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ  ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53.


ЗАВРШИ БИТКАТА СО ЛЕУКЕМИЈАТА НА МАЛИОТ ЕМИЛ НОВЕСКИ ОД КАВАДАРЦИ

Почина детето што молеше за живот

Во вторникот вечерта, во неговиот дом во Кавадарци почина Емил Но­ве­ски, чија борба со леукемијата ја следеше целата македонска јав­ност долг период. Само пет дена пред да почине, Емил, заедно со не­го­ви­те родители и со поп-пејачот Игор Узунов, кој го поддржуваше откако се разболе, се врати од клиниката "Гисен", Германија каде што помина не­кол­ку месеци на лекување во очекување на транспантацијата на коскената срцевина. Но на изненадување на сите, состојбата на Емил значително се подобрила по последната хе­мо­те­ра­пи­ја, па тој бил пуштен да се врати назад во Македонија, без да му биде извршена трансплантацијата.
Вес­та за смртта на Емил Новески ја потресе целата македонска ес­тра­да бидејќи за време на болеста тој ги запозна речиси сите му­зи­ча­ри што настапуваа на неколку хуманитарни концерти за да се соберат пари за неговото лекување во Германија. Последниот ху­ма­ни­та­рен концерт за малиот Емил беше организиран во Македонската опе­ра и балет. На концертот настапија сите познати македонски опер­ски солисти, кои беа разочарани оти биле продадени само 65 карти и пееле во полупразна сала.
До­де­ка траеше лекувањето, Емил многу често знаеше сам да се обрати јав­но и да моли добрите луѓе да донираат за да му го спасат животот. "По­мош­та е бесценета само ако пристигне навреме", рече еднаш храброто момче од Кавадарци.



RIP,драго момче...Веројатно Господ ги сака добрите души крај себе...Сочуство до семејството...user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Донации
29.4.2010 16:58:02   
Rossana
oh bozeeee user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image pocivaj vo mir angelu user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Донации
29.4.2010 17:01:59   
elle
ангелите се на неботоuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Донации
3.8.2012 16:11:59   
natus
DA OZDRAVEE MALOVO SRCENCE...DONIRAJTE...:((
http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva

< Поракaта ја уредил natus -- 3.8.2012 16:12:56 >

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Донации
27.8.2012 19:22:15   
Ikana
I sega sto ke kazete na vesta od Kanal 5 deka na Eva i bila izvrsena operacija na 10 avgust, a roditelite uste apeliraa da se donira?? Sto se slucuva???

(Одговор на членот natus)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Донации
27.8.2012 19:52:09   
Barbicki2
kako be taka?nemam slusnato,citav deka gi vratile poradi nedostig na pari,ama ne vidov deka imalo operacija.koga kazaja na vesti?

_____________________________

TOA STO GO IMAS DENES,SILNO PREGRNI GO,ZOSTO UTRE MOZE DA GO NEMAS!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Донации
27.8.2012 20:05:41   
Ikana
Сега пред малку се објави веста....наводно документот со кој родителите барале пари за операција бил фалсификуван. Изјава дала докторката од болницата од Бугарија, како и Директорката на Скопската Детска Клиника. Тврдат дека Ева била оперирана и вратена од Бугарија на 10 август, и дека наводно ако фалеле пари немало да го пуштат девојчето од болница. На ФБ агресивно се водеше кампања под наслов дека операцијата за која требало 25 ооо евра не била извршена а сега од ФЗО велат дека операцијата била платена од Фондот со 20% учество од родителите. Ич не ми е јасно што се случува!!!!!! Дали не изиграа што дониравме како будали, баремм јас знам дека како луда вртев по тоа броевите.....ц..ц..ц....

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Донации
27.8.2012 20:07:13   
AnnaMolly RR
Фалсификувани се документите со кои семејството на малата Ева бара помош од 25.000 евра за нејзино лекување во Бугарија. Директорката на Клиниката по детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова за 24 Вести остро демантира дека болницата ги бара тие пари за лекување на 4 месечната Ева.

Ова е документот со кој семејството на социјалните мрежи бараше пари од граѓаните – отворени беа и телефонски линии за донации на трите мобилни оператори.

Но, адресата и телефоните на овие документи што ги објави семејството, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана поради проблеми со срцето. Не се совпаѓа ниту датумот – 23 август – ден кога четиримесечното бебе веќе 13ти ден било на скопската клиника.


"Тоа е еден документ кој не гласи на нашата болница, тоа не е мој потпис за некакви пари кои се бараат од некаде, не знам за што. Објаснувањето е следно. На детето му направивме се што е неопходно, за жал се појавија некои компликации и заедно со родителите се согласивме дека колегите во Скопје може да се справат со тоа и нема зошто да се малтретираат, зошто во овој момент нема што хируршки повеќе да се направи, затоа детето се врати во Скопје.“ - ни изјави во телефонски разговор Телефонски Маргарита Цонзарова, директорка на Клиника по детска кардиологија.

Таткото на Ева, Дејан Илиевски од Куманово, на официјалната страна на фејсбук за помош на неговата ќерка, секојдневно постираше контрадикторни информации – на 21 август од граѓаните бара да донираат 3.500 евра за операција на неговата ќерка. Наредниот ден пак, бара 2.100 евра. Неизвесно е за што се барале овие пари, кога и од скопската детска клиника и од бугарската, тврдат дека Ева треба да се оперира евентуално после една година.

Ниту стануваше збор за дополнителни пари, ниту за другата операција која треба да се прави дури после една година. Така што не ми е јасно од каде излезе тој документ вели Маргарита Цонзарова.

Од Фондот за здравство велат дека за трите операции на Ева во Бугарија, државата веќе платила 25.000 евра, а семејството партиципирало со 20 отсто. До 10ти август, кога Ева била донесена во Скопје, подмирени биле сите трошоци кон бугарската клиника.

Случајот ќе биде пријавен во МВР и кај Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни сомнежи за намената на финансиските средства. Ева е на скопската клиника веќе 17 дена, а наредната операција евентуално би требало да се прави по првата година од животот.

Таткото на Ева досега се нема појавено во јавноста, ниту пак во скопската клиника. Во телефонски разговор тој конфузно изјави дека станува збор за недоразбирање и дека ќе оди во Бугарија за да види во што е проблемот.

На Интернет и по факс од нашата државна болница стигнаа документи што малку се незгодни, на стара адреса и по факс и не знам уште како... Сакаме да се видиме со одговорните лица, да не испратиле они документ до нашата државна болница, не знам уште што, да разјасниме милион работи изјави телефонски Дејан Илиевски, таткото на Ева.

Останува на МВР и Обвинителството детално да проверат дали зад донациите за Ева, за кои неофицијално се тврди дека се собрани повеќе од 20.000 евра, се крие измама на родители кои сакаат да спечалат пари врз грбот на нивното болно дете.

извор: 24vesti.com.mk

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Донации
27.8.2012 20:35:08   
Тања РР
Како после ова да поверуваш во апелите за помош кои ги има на сите страни??? Заради вакви несовесни „луѓе“ некој на кој навистина му е потребна помош нема да ја добие. user posted image user posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Донации
22.5.2013 0:19:38   
Jane Do
Драги мајки. Би сакала да ве замолам да и помогнеме сите на Маја Керова.
Денес е Маја, утре можам да бидам јас, ти, вашата сестра, вашата пријателка. Затоа денес да и помогнеме сите заедно на Маја. Да помогнеме да се врати насмевката на лицата на нејзините дечиња.
Да бидеме хумани и да и помогнеме на нашата Маја на која во јуни 2010 година и беше дијагностициран рак на дојка. После хируршкиот зафат и стандардната терапија која сеуште ја прима, резултатите не се задоволителни. Во меѓувреме, кон крајот на минатата година дијагностицирани и се метастази на карлицата и коските на десната нога, како и промени во белите дробови и црниот дроб.
Заради ваквата дијагноза потребно е лекување во Клиниката на Др.Бурзински во Хјустон која третира пациенти заболени од рак со специјализирана персонализирана терапија базирана на молекуларно профилирање. Резултатите од третманот кој се практикува во клиниката се фасцинантни, а трошоците за лекувањето изнесуваат од 60-180.000 американски долари.

Да ја покажеме хуманоста донирајќи на трансакциската сметка: 21050-16342884-47 отворена во НЛБ Тутунска Банка (со цел на уплатата “Донација за лекување на Маја Керова”)
или повикувајќи ги следните телефонски броеви:
077 143 702 за корисниците на VIP мобилниот оператор
075 143 133 за корисниците на ONE мобилниот оператор
070 143 132 за корисниците од T-Mobile мобилниот оператор
како би донирале 100 денари со секое јавување.

Или на девизната сметка:
Maja Kerova
Ul.Ilindenska 60/13 Kavadarci Makedonija
IBAN: MK07210501634288447
SWIFT:TUTNMK22

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Донации
24.5.2013 0:31:54   
bombica
Ajde mamicki dokolku ste vo moznost donirajte za Maja koja e prekrasna licnost,sopruga i majka na Eli (12god.) i Nadica(5god).

(Одговор на членот Jane Do)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Донации
29.11.2014 13:54:36   
caciana
Апел за помош за детенце болно од леукемија

Да му помогнеме на едно детенце болно од леукемија.

Детенцето има потреба од средства за испитување во Солун.

Сите кои сакаат да помогнат можат за повеќе информации дасе обратат во Меѓуопштинскиот центар за Социјална Работа на Град Скопје.

Таму може да ги добиете сите информации и начини на помош и до каде е текот на акцијата.

ДА ПОМОГНЕМЕ!

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Донации
29.11.2014 14:27:31   
Melanija RR
caciana за кое детенце се работи,заинтересираните за кого да побарат повеќе информации за помош?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?