|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Себичноста кај децата
11.1.2010 18:53:18   
ripce
Една од многу честите особини кои се јавуваат кај децата е токму себичноста. Оваа особина е најизразена меѓу 3-тата и 5-тата година.

Зошто настанува, како да се преброди и како детенцето да се насочи кон комуникација и делење со другарчињата?

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Себичноста кај децата
11.1.2010 18:53:51   
ripce
Себичноста во основа е поим или однесување каде поединецот своите интереси на некој начин ги става пред интересите на другите; овој поим често се користи за да се означи истакнување на личниот интерес на индивидуата, која се јавува во посебен облик или го преоѓа „нормалното„.

Го носите детето во парк за да си поигра малку со топката.Меѓутоа, таму има многу мали деца, кои ете, посакале да играат токму со вашата топка. И тогаш се соочувате со непријатна ситуација: вашето дете цврсто ја стега топката, а малечко детенце скока и плаче, молејќи го да си поигра со вашата топка. Се обидувате да го убедите да не биде себично и помалку ви е не пријатно од родителот на непознатото детенце....

Вакви и слични ситуации им се познати на сите кои некогаш имале дете до 5 години. Колку и да се трудите да го убедите детето да ги подели играчките со останатите, тоа најчесто не е така.

Доколку мислите дека само вашето дете е себично, сака да биде во центарот на вниманието и не му е гајле за никого, еве утеха: не сте единствени...Всушност, најверојатно сте дел од мнозинството со ваков проблем... До 5-тата година од животот, актуелна е развојната фаза која стручњаците ја нарекуваат „период на поседување„ . Откако тоа ќе стане свесно за неговата личност и индивидуалитет, детето ја осознава сопственоста и поимот „мое„.

Оваа фаза различно се манифестира во текот на првите 5 години. Внимавајте на однесувањето на детето старо до 3 години и споредете го со однесувањето на дете од 3 до 5 години. Доколку детето е помладо од 3 години, нема да си игра со друго дете, барем не ви вистинската смисла на зборот. Дете на оваа возраст може да игра покрај друго дете, но не и со него, така што овој вид комуникација се нарекува „паралелно„. Детето ќе седи покрај него, ќе игра само за себе и/или заинтересирано ќе набљудува што работи другарчето.

Доколку кај другото забележи играчка што му се допаѓа, без било каков обзир ќе му ја оттргне од раце. Тоа не може да сфати дека треба да почека, туку се однесува по принципот „сега и веднаш"...На оваа возраст делењето на предмети со други деца се јавува спорадично, во екстремни ситуации – играчката ќе ја „подели" само ако го види другарчето да плаче...

Од 3-тата до 5-тата година детето созрева и когнитивно и емотивно, па во склад со тоа и себичноста поинаку се манифестира. И кога постои, таа е секако промислена и на одреден начин, ублажена и во зависност од ситуацијата и расположението. Во оваа возраст детето веќе е способно да сфати дека треба да чека на ред за да се полула и ќе се случи да побара од родителот 2 бонбончиња-за себе и за другарчето. Но, ни тоа однесување не е стабилно – таквата великодушност се јавува одвреме навреме и тоа само под услови кои детето само ги одредува. Се чини дека во малото главче настанува прашањето: Каква корист имам јас од тоа?

< Поракaта ја уредил ripce -- 11.1.2010 18:55:17 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Себичноста кај децата
18.2.2010 14:20:54   
ripce
Мали воспитни совети за постепено совладување на себичноста:

Од 1 до 3 години

Во секој момент имајте на ум дека себичноста е една од нормалните фази на развој кај детето, која со време, ќе мине.Внимавајте на децата кои на оваа возраст си играат заедно, за да не дојде до физички судир, удирање, туркање, гризење и слично.Во текот на заедничките (паралелни) игри стрпливо и континуирано дајте му до знаење дека е сосема во ред доколку ја даде играчката на другарчето и објаснете му дека играчката сигурно ќе му биде вратена. .Сфатете дека вашето дете навистина си ги сака некои од играчките и дека не сака со никој да ги дели. Тргнете ги тие играчки настрана, само за него, за да има чувство дека ја контролира работата.Немојте да му се заканувате на детето доколку не сака да ја подели играчката, бидејќи така можете да предизвикате потполно спротивен ефект.

Oд 3 до 5 година


Обидете се да му објасните на детето дека делењето и заедничката игра не е исто што и поседување. „Ти и Никола заедно ќе си играте со топчињата-кога Никола ќе си оди, нема да ти ги земе"Научете го детето дека има ред. „Биди на лулашката 5 минути, па после и Петар нека се лула, па пак ти. Мама ќе ви го мери времето."Охрабрете го да заменува и позајмува. Доколку на другарчето на вашето дете му се допадне некоја играчка, охрабрете го го детето да ја позајми или да си ги разменат играчките. Истотака научете го да ги подарува играчките кои му здодеале.Доколку детето е себично, покажете го вашето негодување околу тоа. Доколку детето дели нешто со друг, пофалете го.И повторно – вие треба да сфатите дека омилените играчки вашето дете не мора да ги дели со никого и дека присилувањето на тоа, навистина може да го повреди. .

< Поракaта ја уредил ripce -- 18.2.2010 14:21:12 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Себичноста кај децата
6.5.2010 0:30:04   
sinolicka
neznam dali sum na vistinskata tema ako ne prenasocete me. mi treba sovet za moeto since. stalno koga e vo kontakt so decinja sto se priblizno negova vozrast, ili gi udira .na primer ako saka drugoto dete da mu ja pipne samo igrackata on odbranben stav mu e udiranjeto. se e vo red ako ne se pipne nesto sto e negovo.znam deka na negova vozrast ne sakaat da delat igracki ama imalo i situacii i bez igacki da udira.(22i pol meseci).go ucam da ne udira da deli so decata, da im ja dade igrackata deka samo ke ja vidat i odma ke mu ja vratat, ama toa ne pomaga

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Себичноста кај децата
1.6.2010 11:52:57   
Maca25
баш овде треба да ја пријавам мојата ќерка. не знам зошто ама многу е себична. ништо не дава. а види дека некое дете на игралиште ги фаќа нејзините играчки, се затрчува и одма е спремна за тепачка. Мала е многу ама многу е себична. Ако и речеш дај нина да видам, доаѓа и од нејзината рака ти дава да видиш.
Некогаш ми е ептен срам и непријатно кога ќе видам колку е себична. Се надевам дека кога ќе тргне убаво во градинка се ќе се смени.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот sinolicka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Себичноста кај децата
1.6.2010 18:27:00   
niki
Синоличка и Маца25, се што пишувате го имам поминато со ќерка ми, а сега гледам и други мајки со помали дечиња како полека навлегуваат во таа фаза. Непријатно е да си го гледаш твоето најмило кое до вчера било мило бебенце да се претвора во вистински агресор, но и тоа е дел од растењето и најважно од се поминува.............. после 3та годинаuser posted image Она што би можела да ве советувам е да зборувате многу многу со дечињата, да објаснувате милион пати, и повторно и повторно и повторно и да не го губите трпението, а најважно од се е да не ги казнувата поради таквото однесување. Бидејки на таа возраст  тоа е толку природно и нормално да тие едноставно ниту знаат, ниту можат поинаку. И во ситуација кога детето е склоно да удира и да одзема и не дава свои играчки треба да бидете секогаш покрај нив и секој пат да им кажувате дека тоа не е убаво да се прави, да барате од нив да се извинат на детенцето кое го нападнале и да има посочите кое е правилното однесување. Небитно е дали знаат или не да зборуваат, да се извинат може и со прегратка, галење, бакнеж и сл. Некогаш помага и одземање на спорната играчка од двете деца со посочување да си играат убаво и заедно со нешто друго, а таа мама ќе ја крене за друг пат.
Трпение, спасение велата така и вие ко мантра тоа во себе повторувајте си го, а на децата зборувајте им до бескрај за делењето за неудирањето, за убавото однесување. Еден ден толку ќе ве изненадат да просто нема да ви се верува.user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Себичноста кај децата
1.8.2010 11:24:56   
Џесика
Остај што не дава, па и туѓото го зема ко да е негово... пред некој ден им давав пластични лажички на него и на внука ми, која има 21 месец, ги поделив 2 на него, 2 на неа, и тој ги зема и нејзините... таа се побуни одма, и дадов други две лажички, овој ја виде дека има други, и тие и ги зема... и многу пати се случило да му понудам некоја играчка, тој да ја фрли, и во истиот момент внука ми да ја земе играчката, тој одма иде да и ја земе од раце.... Туџе хочемо, своје не дамо....user posted image   и не се оптеретувам воопшто со тоа, знам дека е фаза и дека НЕМА дете што не се однесувало себично...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Себичноста кај децата
1.8.2010 23:41:00   
mama26
moevo e najprosto.sve dava duri i zaborava deka dal igracka.kaj nego doma moze da sedat deca anikoj ne go vika.sam si se kani.vika e mamo jas ke odam kaj batkovo.ili neznam sto...go ucam da bide sebicen da vi kazam najiskreno.i mislam ne mu faka glavata i pak tera po negovo,ali zatoa jas sum tuka sekogas do nego pazejki na se...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Себичноста кај децата
10.1.2012 17:03:14   
AnnaMolly RR
Филип изгледа е во некоја фаза „мое е!“ Ништо не дава никому, некогаш дури ни мене не ми дава да фаќам негови работи. Ако му ги раскревам играчките ми вика: Бегај, мое! Ако НЕ ДАЈ БОЖЕ некое гостинче сака да игра со неговите играчки, веднаш ги граба и вика „Мое!“ Ако го гушнам мм, тој трча до нас, ме бутка и вика „Мој Деки“. user posted image
Се надевам ќе му помине.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Себичноста кај децата
22.8.2012 15:17:58   
vezilka RR
Научил „мое е“ и „не давам“, значи со сигурност идеме накај оваа фаза. Сега за сега само вика не давам, а дава играчки, ама се се мислам дека скоро ќе почне и стварно да не дава.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Себичноста кај децата
22.8.2012 15:27:20   
Barbicki2

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

moevo e najprosto.sve dava duri i zaborava deka dal igracka.kaj nego doma moze da sedat deca anikoj ne go vika.sam si se kani.vika e mamo jas ke odam kaj batkovo.ili neznam sto...go ucam da bide sebicen da vi kazam najiskreno.i mislam ne mu faka glavata i pak tera po negovo,ali zatoa jas sum tuka sekogas do nego pazejki na se...

lele ista e i pogolemata kaj nas,samo da ide negde,samo da dava,i samo vika nekoj,ama ako poarno vo dobri licnosti ke se razvijat

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Себичноста кај децата
26.9.2012 1:09:45   
mosa
V koga si igra so decava sto ziveat tuka na nasata ulica sebicen e ama koga so ubavo ke mu kazam da mu ja dade igrackata deka ke ja vidi pa ke mu ja vrati ne pravi problem,no posleden pat koga bea jatrvami i devermi bese so niv i nivnata pomala kerkakoaja ima godina ipol vlegoa kaj nas vnatre i neznam zosto v se custvuvase tolku nervozen pokraj nejze.Niedna igracka neskase da i dade,go ubeduvav i aj okolu kolickite nekako se razubedivme,no neznam kako mu tekana go izvadi trotinteceto od nagovata soba.Maleckava koga go vide sakase i ona da si poigra so trotinetiv ama v ne sakase ni da slusne, ne mamo ne i go davam trotinetot,toj si e moj mene mi go kupija za rodenden mi vikase,go ubeduvav i mu objasnuvav deka nema nisto da mu bide na trotinetot deka detevo nisto nema da mu napravi ,samo ska da go vidi i tolku,toj ne pa ne,probav malku i so sila,no pocna da place.pa prestanavNesakam da go prisiluvam na nisto i so sila da go tream da gi deli igrackite.Ednostavno si rekov mora da pocusvuval nesto stom reagira vaka burno.Pa nesakav mnogu da pritiskam.Srceto me bolese koga placese.A koga otidoa jatrva mi i malata go prasav smireno V : aj sine kazi na mama zosto ne sakse da go dades Kalina da go vidi trotinetot? a on mi vika mamo Kalina sakse da mi go zeme trotinetot,da si go nosi doma.I opak place.Go gusnav i mu objasniv deka nikoj ne moze da gi zeme negovite igracki,kalina sakase samo da go vidti i da si poigra so nego,a ne da go nosi doma.Tie igracki sto ti se doma se samo tvoi,no koga ima nekoe dete treba da mu dades da gi vidi,nikoj nema da gi zeme ,ke si poigra i ke ti gi vrati.Sledniot den koga dojdoa pak jatrva mi i dever mi V pak go izvadi tritinetot nadcor i vika eve go ajde sega kalina neka si igra.Iako kalina ne bese so niv mene mi bese kev sto mu objasniv deka ne treba dtaka.Znam deka treba mnogu da mu zboram,no ne sakm nisto so sila da mu pravam.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Себичноста кај децата
25.11.2012 17:05:39   
Pepelaska *
Не знам дали станува збор за себичност или страв дека некој ке му земе нешто,ама ич не дава играчки.
Значи и да не играл никогаш со таа играчка ако дојде некое дете и ја земе одма плаче, не му ја зема ама мене ми вика ми ја зеде.
А не беше ваков

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Себичноста кај децата
25.11.2012 18:09:57   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип изгледа е во некоја фаза „мое е!“ Ништо не дава никому, некогаш дури ни мене не ми дава да фаќам негови работи. Ако му ги раскревам играчките ми вика: Бегај, мое! Ако НЕ ДАЈ БОЖЕ некое гостинче сака да игра со неговите играчки, веднаш ги граба и вика „Мое!“ Ако го гушнам мм, тој трча до нас, ме бутка и вика „Мој Деки“. user posted image
Се надевам ќе му помине.


Поминало мноооогу време откако сум го напишала ова, ама ич не е сменет, уште е таков. Вчера збесна со Никола на Везилка, детево се му даваше, а мојов ѕвер ништо не му дава. Не може да сфати дека треба да се дели, а најмногу ме нервира што не дава ништо и додека сме на гости. Сака да игра со СИТЕ играчки на домаќинчето, ништо не дава. Некогаш се случува убаво да се заигра и да дели со други деца, ама почесто е спротивното.
А човек ќе рече оди во градинка, со еден куп деца, веројатно би бил научен да дели, ама тикви. Навистина се надевам дека наскоро ќе му помине.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Себичноста кај децата
25.11.2012 18:58:14   
Sandric
Mojov od koga trgna vo gradinka stana mnogu posebicen. Vo princip dava igracki ama vo odnos na porano pocnal da se dzapa povekeuser posted image
Ne znam dali ja dostigna vozrasta za takvo odnesuvanje ili gradinkata si go napravi toa....kako i da e mislam deka se javuva kaj sekoe dete , mozebi izrazeno so razlicen intenzitet

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Себичноста кај децата
26.11.2012 13:09:17   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип изгледа е во некоја фаза „мое е!“ Ништо не дава никому, некогаш дури ни мене не ми дава да фаќам негови работи. Ако му ги раскревам играчките ми вика: Бегај, мое! Ако НЕ ДАЈ БОЖЕ некое гостинче сака да игра со неговите играчки, веднаш ги граба и вика „Мое!“ Ако го гушнам мм, тој трча до нас, ме бутка и вика „Мој Деки“. user posted image
Се надевам ќе му помине.


Поминало мноооогу време откако сум го напишала ова, ама ич не е сменет, уште е таков. Вчера збесна со Никола на Везилка, детево се му даваше, а мојов ѕвер ништо не му дава. Не може да сфати дека треба да се дели, а најмногу ме нервира што не дава ништо и додека сме на гости. Сака да игра со СИТЕ играчки на домаќинчето, ништо не дава. Некогаш се случува убаво да се заигра и да дели со други деца, ама почесто е спротивното.
А човек ќе рече оди во градинка, со еден куп деца, веројатно би бил научен да дели, ама тикви. Навистина се надевам дека наскоро ќе му помине.


user posted image Гушки за Филипче, ние најмногу си го сакаме. Чудна работа ми е ова со „мое е тоа“ кај децава. Никола обично не е таков, се додека не види некој друг да каже мое е и да не дава. Тогаш и тој почнува така. Дали мисли дека така треба кога ги глееда другите, не знам.. И друга ситуација кога така се однесува е кога ќе се налути за нешто, ако нешто не му е по ќеф, тој така се однесува, го користи како метод за да покаже дека е лут, што пак ме наведува да помислам дека знае оти нечиниuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Себичноста кај децата
11.3.2013 23:03:27   
Bububebe
Јас не можам да си го препознаам детето.Никогаш толку не било себично.Се даваше,од играчки ,јадење ама буквално се делеше со другарчињата.
И наеднаш стана себично,не дава ни една играчка,не дава се што е нејзино а и се што е мое.
Татко му ако ми го земи лап топот или мобилниот, дома плачење,викање.
Цел ден зборувам дека треба да делиме,да даваме на другите дечиња играчки,сликовници.
Ама за џабе,пак по старо.Веќе срам ми е да одиме некаде на гости,и туѓите играчки си ги присвојува и тие не ги дава.
Се надевам дека е фаза,дека ќе му помине user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Себичноста кај децата
12.3.2013 0:14:19   
Snowhite RR
Ние мислам ја поминавме оваа фаза, пак се случува да не дава, ама поретко за разлика од пред некое време кога се мислев дали да носам играчки кога ќе дојдеше некое дете или да не носам, зашто знаев дека одма ќе се „скачкаат“ за некојаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Себичноста кај децата
12.3.2013 0:36:11   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Јас не можам да си го препознаам детето.Никогаш толку не било себично.Се даваше,од играчки ,јадење ама буквално се делеше со другарчињата.
И наеднаш стана себично,не дава ни една играчка,не дава се што е нејзино а и се што е мое.
Татко му ако ми го земи лап топот или мобилниот, дома плачење,викање.
Цел ден зборувам дека треба да делиме,да даваме на другите дечиња играчки,сликовници.
Ама за џабе,пак по старо.Веќе срам ми е да одиме некаде на гости,и туѓите играчки си ги присвојува и тие не ги дава.
Се надевам дека е фаза,дека ќе му помине user posted image

Фаза е ,и ние сме во истава моментално, ме полудува понекогаш.БАш сега имавме гости и не даваше ништо на детето со врескање беше се.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Себичноста кај децата
12.3.2013 7:34:16   
Felly RR
М кога е расположена дава се, ама ако не е тогаш, има лутенки и плачки.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Себичноста кај децата
12.3.2013 8:38:06   
niki
uspesno ja pominavme ovaa faza
edinstvena rabota sto ni ostana na mama cicite ne gi davame nikomuuser posted image ako imame bebe toa nema da user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Себичноста кај децата
12.3.2013 8:41:13   
Tanjicka
Luka ne e tolku sebicen ama Filip, koga ke zeme nesto silno go guska so dvete race i nikako ne go dava

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Себичноста кај децата
15.4.2013 14:51:01   
masa
Секое дете е себично до некој степен,но мислам дека и воспитувањето игра улога од друга страна.Јас се вадам од кожа кога сите од на мм страната ја поддржуваат себичноста со фразите "знае да си го чува своето" и тоа со пофална конотација user posted image божем територијата ја империјата ја зачувавме.Внукот така е воспитуван,и не дека е некое којзнае колку себично дете,ама голем е а плаче за нешто "негово".Јас пак ја учам да дели и да нуди и многу ме нервира кога мм ќе ми замери ако и побарам од чоколадото или нешто друго што јаде.Незнам зошто имаат таков став дека тоа што ќе се купи за детето или што ќе му се даде е исклучиво негово.Јас не гледам дека му скратувам на детето ако побарам коцка чоколадо или ако понудиме и поделиме од бонбоните со другарче.Тоа го правам и зошто второ дете е на пат и утре ќе треба да делат играчки и многу други работи во животот,а железото нели се кова додека е жешко user posted image Иако имам мали кочници мислам дека успешно се справуваме со оваа појава со тоа што сега учиме да делиме предмети,а понтаму и љубов и помош и време и се што е потребно.

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Себичноста кај децата
15.4.2013 14:58:24   
AnnaMolly RR
Филип беше мноооогу себичен, не даваше ниедна играчка. Имаше многу малку исклучоци кога со некое дете ќе сподели играчка.
Ама завчера - пресврт.
Ни дојде една комшика со двете деца и претходно викаше дека ништо нема да им давал, дека негови биле играчките. И јас му викав дека се негови, дека никој не смее да му ги земе и дека треба да им дава на другарчињата да си играат.
И цело време со резерва им даваше играчки на децава, ама и шпиунски од страна цело време ѕиркаше која играчка каде му е.
Кога си отидоа ми доаѓа и ми вика „Мамо, тука ми се сите играчки, ништо не ми зеле“.
Ова одамна сум му го кажувала, дека тие се негови и дека никој ништо не смее да му земе, ама не сфаќаше. Дали сега порасна и почна повеќе да разбира, којзнае. Важно успешно ми беше објаснувањето :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Себичноста кај децата
15.4.2013 17:36:16   
Bethany
Јас не мислам дека е лошо детето да има некои работи, играчки, кои ќе бидат само негови и кои нема да дава на другите да се игра. Така имам и прочитано дека е во ред да има своите омилени играчки и кога ќе дојдат децата да ги склони и да не ги дели со другите, а да има другите играчки кои ќе ги дели и ќе се игра со другите деца. На тој начин да му се испочитува личноста како и на нас возрасните нели, нешто што е наше другите не фаќаат, па така и нешто што е на нив драгоцено.
И така и ќе го воспитувам, дека ако некоја посебна играчка не сака да дели, да е во ред да ја склони од другите деца, а да се игра со останатите играчки.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?