Погрешни постапки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Матеа -> Погрешни постапки (11.1.2010 22:08:54)

Сакам да ги прашам сите мамички па и татковците каде мислат дека погрешиле во воспитувањето на своите деца а каде чувствуваат сигурност дека постапиле како што треба. Затоа што сите сме луѓе и правиме грешки.
Односно што направивте а што не требаше да го направите низ годините поминати со вашите најмили дечиња и бебиња.




Anushka -> RE: Погрешни постапки (11.1.2010 22:34:15)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]Матеа, прекрасна тема. Неисцрпна!
Погрешни постапки имало и ќе има. Во еден момент мислиме дека е тоа најдобро за детето, а после, кога ќе се сетиме што сме направиле, ни е жал или се чудиме како можело нешто такво да ни падне на памет.
Еве на пример:
јас моите два сина кога беа помали, неможев никако да ги убедам да не се тепаат. Ништо, ама ништо не ми успеваше. Ќе земев едно лопатче за вртење палачинки и ќе ги изнатепав. Во меѓувреме, лопатчето се скрши, а тие пораснаа.
Пред некое време им велам дека никогаш нема да си опростам што ги тепав. А тие знаете што ми рекоа?
„леле, мама, добро што не тепаше! Какви бевме, којзнае што ќе се случеше ако не не подбираше од време на време“
Имам уште многу да ви раскажувам.... ако сакате...




pacuvce -> RE: Погрешни постапки (11.1.2010 22:45:45)

Toa sto znam da bidam mnogu golem inaet,a sin mi go gledam kako raste me kopira totalka...I nema mrdanje...A bre koga ke go fati inaetot moze vreka sol da izede...Isto kako mene...Eve na primer pred da gi raspustat,ucitelkata rece da se procita lektirata Zoki Poki i da se raskazat tri raskazi,koi najmnogu ke im se dopadnat...Ama jas resiv deka ke gi raskaze site raskazi,nekade okolu 25...A toj inatot sekoj den mi vika:Ti ne si ucitelka da mi kazuvas...Taa rece tri i kraj...I sto da vi kazuvam...Sekoj den prava borba...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Викторија -> RE: Погрешни постапки (12.1.2010 0:08:21)

А мене  ми  е криво со дозволив другите дасе месаат во воспитувањето на Симона јас кога ќеја скарав за несто другите одма скокаја немој даја карас мислис јас ја карав за лошо е сега господицната размазана се е нејзино нисто на сестраи неи дава и кога имсе криви на другите мене мисе обраќаат даи казам дека тоа не е убаво епа сега тоа е тоа. кај мене тоа е греската а има и други ќе ви пишам повторно




Матеа -> RE: Погрешни постапки (12.1.2010 9:49:06)

Фала Анушка[sm=smiley1.gif] Јас вчера бев така интроспективно настроена и со мм разговаравме каде погрешивме со исхранава на детево. Едноставно заклучивме дека можеби не почнавме на време а и не бевме доволно упорни. Почнав да и давам со лажичка на 6 месеци можеби требаше да се почни порано што вели Мис да се навикни детето на лажицата, ама кој ти знаел дека ќе биди вака. За второто ќе си знам![sm=smiley1.gif]




mami -> RE: Погрешни постапки (12.1.2010 9:59:02)

најпогрешна постапка која си ја сметам е што не го научив да спие во темница, па сега сеуште спиеме со некое слабо светло и плус се плаши кога е во темница. Здравје за другото ке си знам




niki -> RE: Погрешни постапки (12.1.2010 10:13:03)

 Додека доев спиеше со мене, што иако на некои три месеци почна да ја преспива  ноќта од страв дека слабо ми напредува и малку ако заплачеше и нудев града па му се вративме на ноќниот подој. Гледа малку повеќе цртани од што би требало. Татко и во нејзиниот раст, развој и воспитување слабо го вклучив па сега ни кога има воља тој да помогне таа не сака ништо од него да прифати. И сигурна сум дека има уште еден куп грешки, ама ако продолжам ќе се депримирам и ќе си ја срушам идејата дека сум добар родител.




mother 29 -> RE: Погрешни постапки (12.1.2010 10:19:29)

Овде имаме  дискутирано на иста тема....КЛИКНИ ОВДЕ




Страница: [1]