|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тато на службено патување
12.1.2010 10:47:34   
niki
Наш татичко утрово замина на службено патување. Ќе се врати вечер, па ништо посебно не не загрижува, но да беше на подолго друга приказна ќе беше. Вчера тој и зборуваше дека ќе оди на пат и ја прашуваше што да и донесе, а таа скромна: Сакам кекс! Утрово јас станав да го испратам, да му помогнам да се спреми, да му посакам среќен пат и таа веднаш почувствува дека ова утро е поинаку од обично и се разбуди малку кенкава. Сега сме добро и двете иако мене разни мисли ме јадат, бидејќи ова кај нас не е вообичаена пракса и до вечер додека да дојде и се не ми раскаже жива ќе се изедам.
Како е кај вас кога сопрузите по службена должност ве напуштаат и како реагираат вашите дечиња?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:51:55   
bojanas
ММ денес е во Гевгелија на службен пат и којзнае кога ќе се врати. Доста често е на пат низ Македонија а понекогаш и во странство на неколку дена или недели. Порано го прашуваше син ми што сакаш да ти донесе тато а сега само кога оди во странство зошто станува неумерен во своите желби. Првите неколку пати кога не беше мм дома беше малку тажен и сакаше да си ги игра игрите што ги игра со тато ама потоа се навикна и тоа го прифати како нормално.

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:53:39   
mami
што убава тема си одбрала Ники, нас ни е пракса веќе цела година тоа. Додека беше во Пошта се знаеше- до 4 и крај на работното време, а сега на новото место има и патувања низ Македонија скоро секоја недела, а има и надвор од неа и тоа останува по неколку дена.
нервозни сме тогаш сите тројца. Кога оди на пат спиеме кај моите- за да не го будиме Лука рано, и значи имаме преселба на народите со цела борбена подготовка за спиењеuser posted image user posted image user posted image . Кога е на еден ден е по ок, ама кога отиде на неколку дена беше ужас, ни фали и мене и на Лука, тој се будеше ноќе и го бара со поглед, легнува кај него на перница го вика- а мене ми се плаче од мака. Ама затоа кога ке се врати живи радости, неможе да ги одвоиш

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:54:14   
profesorica
мм никогаш не оди на службени патувања и подобро!!!

ми се допаѓа кај нив на работа што во 4 затвараат и толку веќе нема обврски.никогап не донел работа дома, ниту го пратиле некаде на пат.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:55:28   
bojanas
А тема мама кога оди на службено патување???? Ќе поставиме ли?

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:57:47   
niki
Е и мојот досега не одеше, а од сега ќе видиме, вечер ќе знаеме дали ова е инцидентно или ќе ни се претвори во навика.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:58:12   
mother 29
хаах ајде..и јас има таму што да напишам...кога оди тато ,нема некој поголем проблем,ама кога оди мама.............user posted image

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 10:58:49   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

А тема мама кога оди на службено патување???? Ќе поставиме ли?


Па ако имаш такво искуство слободно пишувај.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 11:21:13   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

мм никогаш не оди на службени патувања и подобро!!!

ми се допаѓа кај нив на работа што во 4 затвараат и толку веќе нема обврски.никогап не донел работа дома, ниту го пратиле некаде на пат.



истата ситуација и кај нас... мм не оди не службени патувања, се знае секојден од колку до колку е на часови, евентуално ако имаат некој состанок па до остане прекувремено.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тато на службено патување
12.1.2010 11:43:44   
arh_diz
MM odi na sluzbeno patuvanje i jas toa go svakam kako normalna rabota zatoa sto odev i jas.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тато на службено патување
4.3.2010 18:17:41   
baby mama
И нашиот тато денес замина на службен пат, надвор од МК.Дури во Понеделник сабајле ќе се врати. user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тато на службено патување
17.3.2010 20:09:10   
mami
Наш тато утре оди на пат..Во Македонија ке е и ке се врати доцна ноќта но знам дека денот ке биде тежок, Лука цел ден вика само по него, и уште ако не го види цел ден- ке ни биде веселоuser posted image

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тато на службено патување
23.3.2010 16:01:22   
matushka
Nasiot tato otide vo germanija na gi dovrsi postdiplomskite studii koga Mateja imase samo 40 dena, i bevme razdeleni 3 meseci.. edno od najteskite uskustva, so tolku malecko bebe, a 3 mes bez tato, samo na Skype se gledavme... Ama izdrzavme nekako , si nadoknadija posle. Ponekogas za dobroto na site mora da se napravi nekoja zrtva.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тато на службено патување
23.3.2010 16:15:12   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: matushka

Nasiot tato otide vo germanija na gi dovrsi postdiplomskite studii koga Mateja imase samo 40 dena, i bevme razdeleni 3 meseci.. edno od najteskite uskustva, so tolku malecko bebe, a 3 mes bez tato, samo na Skype se gledavme... Ama izdrzavme nekako , si nadoknadija posle. Ponekogas za dobroto na site mora da se napravi nekoja zrtva.


И ние имавме вакво искуство првите шест месеци од животот на ќерка ми бевме разделени. Ќерка ми на тоа не се сеќава, ама јас многу тешко го издржав тоа и сега викам било-поминало и никогаш да не се врати.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тато на службено патување
23.3.2010 16:46:50   
matushka
A najteskiot moment ni e koga tato gleda sliki od Mateja od toj period i prasuva: koga bil volku bucko, koga go nosel ova bodi i sl. Na mene mi bese mnogu teshko, da, ama na nego uste poteshko zasto on se razdeli i od mene i od bebusot. Mora Da bideme silni vo takvi momenti, so mnogu ljubov se se izdrzuva.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тато на службено патување
23.3.2010 17:03:27   
niki
Многу нешта има пропуштено и мм и дури и сега кога ќе видиме мало бебе кога ќе почне да ме потпрашува разговорите ни завршуваат со солзи во очите. Мојот прв пат керка си си ја виде на слика па дури потоа во живо и тогаш колку плачеше, маж од 35 години и 100 кг., ама болката и најјаките ги совладува. Многу често си размислувам дека ние тек со второ дете ќе дознаеме како е да бидеме двајца родители покрај новороденче и дури тогаш онака вистински ќе им се изнарадуваме на двете деца. Тие први месеци нас ни беа мешаница на тага и среќа.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тато на службено патување
27.3.2010 23:55:24   
Боцко
ние сме толку меѓусебно поврзани, особено јас и стефан (можеби присуството на породување си го направило своето) што и ден денес по скоро 3 и пол години срце ми се кине кога треба некаде да заминам и да ги оставам сами. тешко им е ним, тешко ми е и мене. обично ме нема по 3-4 дена, но доволно е. чувството кога знаеш дека дома има некој кој желно те очекува е убаво и тажно во исто време.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тато на службено патување
22.4.2010 10:58:12   
mami
татичко наш вчера отиде за Белград, а после ќе одат во Хрватска. Се враќа недела вечер дури...Ми се плачеше вчера кога се разделувавме... а Лука како да чувствува дека ке го нема па се гушка со него, се мази...цела ноќ се будеше и го бара во кревет...А мене ужасно ми фали...како ли ќе биде до недела...мразам кога оди далеку од нас

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тато на службено патување
9.5.2010 21:44:17   
marinka80
mojot soprug samo sto se vrati od sluzbeno patuvanje vo turcija kade bese 4 dena od koi samo eden den bese sluzben drugitr gi iskoristi da se odmori od nas i da si prosetka malku a jas sum malku luta pporadi toa sto cetiri dena ne spiena i ne odmorena trcam po deteto i tato i na dvajcata mnogu ni nedostigase a on ni toska vnimanie da ni posveti ili ne znam mozebi jas samo preuvelicuvam eve vie kazete kako da se odnesuvam pa kako da ne sum luta on si setal i si uzival do sabajle u iskacanja i uste bez griza na sovest koga pristign si legna da se odmori a ja cetiri dena na rab dete koj me prasuva i uste nesto sto mnogu me naluti i iznakupuval za nego dobro i za maliot eno stvarce a mene ne mozel da mi pogodi pa barem da se potrudel lele mnogu sum nervozna neznam vaka nikogas ne sum reagirala pa neli imam pravo kako da se odnesuvam neznzm

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тато на службено патување
9.5.2010 22:12:46   
Палешка РР
Охх..и јас би била лута на ваков однос. Можеби и не би разговарала со него неколку дена, можеби би се испокарала, се зависи од моментот user posted image
А можеби ако ме бакне и ако се извини, би му простила user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот marinka80)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тато на службено патување
9.5.2010 22:25:33   
Rossana
Auuuuu jas ima da se iznalutam edno dobro pa i da prefrlam. Pravo ke pocnam da se zalam dka ne mislel na mene, deka ne e samo garderobata za podaruvanje aaaa deka mozel suvenir, parfem, marama,  canta bilo sto da mi kupi. Pa ako veke kupuval za nego, mene i Sara ne smee da ne zaboravi. user posted image user posted image user posted image
Nemoj samo da me zemes vo predvid mene, jas sum bog da cuva temperament ipol user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Тато на службено патување
9.5.2010 22:37:21   
Viktori
росана тука негде сме user posted image
јас ако претходно знам дека е таков планот 1 ден работа 3 зафрканции, има од одма кроз user posted image да му го извадам патувањето...и тоа така квалитетно да не му се враќа дома user posted image
Ама кога читам дека човекот пат ќе утепа до Турција и да се врати за 24 часа user posted image
Не знам како би реагирала уствари user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Тато на службено патување
9.5.2010 22:48:39   
melody
Ajde be kaj setal vo Turcija ziti se kaj bil, koe mesto.Ne e kako kaj nas veruvaj po kafici ili diskoteki pa da si nesto luta segauser posted image Ne deka nemaat toa ama sepak e podrugo.A za toa deka ne ti pogodil pa dobro sega bitno se potrudil ajde takvi se mazite ne im fakaj za zlo.Izlezi si i ti utre so drugarki i ostavi mu go deteto malku ili ostavi go kaj majka ti.Nisto strasno ne e zatoa sme majki morame so decata nie ,a tatkovcite nekolku saati so niv i posle mislis ridovi i dolini pominaleuser posted image  Kutri napateni dusickiuser posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Тато на службено патување
10.5.2010 0:00:03   
Палешка РР
И друго. Ако ти би отишла во Турција, ни ти не би поминала без 4-5 дена. Ух, да појдам во Турција, а да не го видам Босфорот, не, не, мм ако сака нека скока user posted image
Ајде сега смир-смир со сопругот, а по казна да ти купи поклон од тука user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Тато на службено патување
10.5.2010 0:14:58   
brineta88
И нашиот тато е на службено патување веќе 4 месеци. Треба да се врати во јули. Многу е тешко без него. Се слушаме редовно на скајп. Филип е уште мал и ич не се загледува во тато кога збориме. И на него многу му е тешко само гледа слики и само прашува за него. Не беше тука кога му излегуваа забчињата, кога ги кажа првите зборови, кога почна да лази и за многу работи. Мене ми беше претешко, а можам да замислам како му било нему кога сум му ги кажувала овие работи, кога го гледа на сликитеuser posted image user posted image user posted image . Кој знае како ќе реагира филип кога ќе се видат со тато во јули, едвај ја чекам таа средба.

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?