Мама на службено патување (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Татин форум



Порака


mami -> Мама на службено патување (12.1.2010 10:59:47)

Еве ја отворам овде темата од причина да видиме како тато се грижи за децата кога мама е на службено патување. А и воедно мамичките кои одат на службено патување да си се искажат како се чувствуваат, дали им е лесно, тешко, што чувствуваат?




mother 29 -> RE: Мама на службено патување (12.1.2010 11:06:36)

кога јас бев прв пат на два дена во бг.Марко остана кај моите нормално....мислам дека повеке ми беше тешко мене отколку на него...првиот ден поминало во исчекуванје на гемио багер што мама ке го донесе ,ама од наредното утро почнале проблемите..сакам мама,каде е мама...цел ден си викал и бил кенекв...дури ни прошетки со тато, ниту носење на лулашки......ниш не помогнало[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

ама пак вечерта кога си дојдов мислам дека толку се нема никад израдувано...рипаше од срека..ма каков багер,какви бакрачи..не го ни погледна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
од возбуда до 11 не заспа,цело време ме гушкаше...а јас пак бев бетер и од него[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]големи радостииии!




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (14.3.2012 8:55:48)

Го одложував, го одложував, некако се вадев до сега, ама ете дојде и тоа. Од 4-6 април треба да одам на семианар и треба да го оставам Никола. Не се многу и нема да одам преку свет, ама јас од сега не можам да заспијам. Само на тоа мислам. Не се грижам околу тоа дека нема да се грижат за него добро, или сл. туку едноставно мене ќе ми недостига. И плус уште цица па ми рекоа подобро ќе биде да го откажам некое време пред да одам да не се почувствува детето отфрлено. А тоа значи дека деновиве треба да се откажеме [sm=smiley6.gif] Не знам како ќе го преживеам ова мое прво оставање на Никола...




arh_diz -> RE: Мама на службено патување (14.3.2012 9:54:14)

Vezilka vo slicna situacija sum i jas , samo sto treba da odam nadvor od drzavava .Se nadevam deka ke me svatat i ke me postedat , inaku ke moram M da go nosam so mene




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (15.3.2012 12:59:49)

Уф, таму некаде во светот кога мајките кои имаат деца до 3 години треба да одат на пат им овозможуваат услови, т.е да го понесат и детето со нив и плус уште еден нели за да има кој да го чува додека траат работните сесии. И ние го почитуваме тоа кога организираме настани, арно ама сега треба да одам на семинар кој други го организираат и така ќе треба да си го оставам бебуле дома.




JovanaJ -> RE: Мама на службено патување (15.3.2012 13:16:28)

Koga me izvestija deka me primile na rabota mi rekoa pocnuvas od utre ama za dva dena treba da letas za Ungarija na obuka 2 nedeli. Jas im kazav deka imam 2 godisno dete koe nikogas ne e ostaveno bez mene i deka 2 nedeli da bide bez mene se mnogu. Mi rekoa ajde cekaj ka ti se prejavime. Jas pomisliv deka rabotata sto ja posakuvav i koja konecno ja najdov ja izgubiv uste pred da pocnam. Mislev deka nema da mi se prejavat i da me izvestat. Bev mnogu tazna tie pola saat kolku sto cekav. I na kraj se javija i mi rekoa za da ne moras da go nosis detenceto so tebe koleskata od Ungarija ke dojde kaj vas. Jas totalna zbunka od muabetot deteto da go nosam so mene?!?! [sm=smiley36.gif] Kaj nas toa mislovna imenka ama eve po nivni standardi toa bilo taka. A kako nema da bide koga i porodilnoto im trae dve godini. Pa zenite uste sedat doma a ne na sluzben pat da odat....
Od togas ne sum imala potreba da odam na sluzben pat a i da imam veke sme golemi pa ne e strasno...[sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Мама на службено патување (19.3.2012 9:20:41)

Јас немам никаков проблем со одење на службен пат. Не патувам пречесто, ама патувам и никогаш не ми било тешко или страшно ако одам. Децата си имаат татко кој е способен да се грижи за нив, па не гледам проблем. Тој кога оди на пат јас ги чувам - се најнормално, па истото важи и за мене. Прв пат одев на пат (ако може така да се нарече) кога имаа неполни две години. Месец ипол имав семинари во Велес и секој понеделник и четврток спиев таму. Ништо спектакуларно...си седеа дома со бабите, а после работа татко им ги чуваше и дома си спиеа со него. На подолго ги оставив кога имаа две ипол години - бев една недела во Чешка..Исто дома си беа со татко им. Ништо не им стана, а мене ми беше супер малку да шетам и да се одморам од секојдневнието...Оваа година бев 4 пати во Загреб во рок од четири месеци, по три-четири дена и пак исто...Навистина не мислам дека ако имаме деца мораме да бидеме со нив 24 саати. Баш мислам дека е позитивно да не однема на неколку дена, убаво е да си малку само со себе без никакви дневни обврски околу семејството.




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (19.3.2012 11:14:27)

Абе сето тоа убаво го знам. И воопшто не се секирам околу тоа дека детето нема да ми биде згрижено како што треба, туку работата е дека до сега не сум го оставила подолго од 15-16 саати, јас ќе го мислам, ќе ми недостига и ќе сакам да си легнм до него. Секогаш кога нешто прв пат правам тешко ми паѓа, па знам дека и ова тешко ќе ми падне. Уф, веќе аман, знам плачка сум, ама ете ти тоа е [sm=smiley1.gif]




arh_diz -> RE: Мама на службено патување (19.3.2012 11:28:46)

Sto da kazam jas M e so mene non stop , a nitu pak imam kade da go ostavam dodeka e mm na rabota.Taka da kade odam jas i toj odi so mene




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (9.4.2012 10:37:39)

Ете помина..Добро пројдовме, Никола бил умен, не плачел многу, хи,хи и јас бев умна не се трескав од земја многу, многу. Ама никогаш не сум сакала толку многу да си дојдам дома [sm=smiley1.gif]. Цел викенд си се гушкавме не се одвоивме ниту пет минути [sm=smiley27.gif]




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (24.9.2012 14:01:19)

Ете ме мене пак на оваа тема. Многу ми е мака кога треба да одам и да го оставам Никола. Ете месецов втор пат ќе ми се фати и тешко ми е. А уште сме во период на привикнување во градинка и се си мислам дека во овој период му треба повеќе внимание од мама и тато..ама ете [sm=zmeden.gif] Ех, порано како со ќеф си одев на сите семинари..сега сите ми се криви што сум таму.




Beatris -> RE: Мама на службено патување (14.3.2013 13:11:11)

Еве и јас да се пријавам во темава - мама е на службен пат по прв пат откако е А родена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Не дека ќе и биде лошо со баба и дедо, напротив, ама мене баш не ми е како што треба - измешани чувства... Едвај чекам да се вратам од работа и да ја видам на скајп




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (14.3.2013 14:04:17)

Лелеее јас првиот пат два дена не спиев..некако не можев да заспијам. Секој момент чекав да ми се јават дека нешто ме бара детево или слично. А никој не ме побара. На крај се исфрустрирав дека токлу добро функционираат без мене. Вториот пат бев боља. А од третиот веќе научив да го искористам времето без мажите [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Палешка РР -> RE: Мама на службено патување (26.6.2013 14:16:18)

Татичко наш е малку, ептен малку љубоморен кога мама оди на службено патување.
Тоа значи дека сеуште има пеперутки во стомакот, така си велам [sm=smiley1.gif]

А најсигурно ми е кога е Миа со него..макар и само во близина да биди..




vezilka RR -> RE: Мама на службено патување (11.7.2013 23:13:17)

Од утре, па наредните два дена пак ги остава мажињата сами. Додуше пошто тато е на работа, сабајлечки ќе си седи со баба и дедо, а ноќите се нивни, ќе биде журка. За прв пат, ги оставам без предходно да оставам листи со инструкции. Ништо не кажав, ни збор, ова треба, она треба, оти прошлиот.пат мажле ми рече, аман доста не ми е прв пат. Хи, хи, ај баш сега да видиме дали ќе ѕвони да прашува. Само едно ме секира, оти сега сме во процес на откажување од пелени, да не му влијае моево отсуство некако, [sm=zmeden.gif].




Mihaela 2010 -> RE: Мама на службено патување (6.12.2013 18:52:58)

Denes konecno definiravme, naredna sreda cetvrtok i petok idam na seminar vo Mavrovo. mm i M ke bidat kaj moite, baba dva dena slobodna petok vtora smena. prv pat se odvojuvame a koga ke se vratam ke pisam kako SME prosle




Страница: [1]