mami -> Суво овошје (12.1.2010 11:07:30)
|
Кога ќе се спомене суво овошје, може да се помисли на ореви, лешници, бадеми, но нема да збориме за тоа, тука за сувото грозје, сувите смокви, кајсии, сливи, урми... За да се добие еден килограм, на пример суви сливи, потребни се шест килограми свежи. Познато е дека кај сувото овошје количината на хранливите состојки како што се белковините, јагленхидратите, витамините и минералните е мултиплицирана. Поради тоа се сметаат за хиперкалорична храна, која сепак не треба да се избегнуваат, посебно во зима, освен во одредени ситуации. Иако не се препорачува на оние кои сакаат да ослабат, сепак најпотребно е во зима за да се обезбедите дополнителна енергија за борба против студот. Енергија која ја дава, особено бргу стигнува во крвотокот, односно брзо делува, поради што сувото овошје посебно им се препорачува на спортистите. Како и секогаш и при негова консумација треба да се биде умерен. Изгледа дека нашите стари знаеле за позитивните особини на ова овошје, бидејќи обичајот за негово јадење, особено околу Нова Година и Божик потекнува од дамнина. Денешните нутриционисти препорачуваат сувото овошје да се јаде во текот на целата година, бидејќи веќе не треба да се смета за луксуз. За луѓето со зголемен холестерол се препорачува сувото овошје да го јадат како замена на грицките богата со масти. Благодарение на тоа што е сиромашно со вода, сувото овошје може долго да се чува, поради што нема причина да се јаде само в зима. Овошјето може да се суши на природен начин, и тоа на сонце, „печки“ посебно направени за тие цели, или во домашни услови во рерна. Со оглед на тоа што не содржи масти, а е богато со растителни јагленхидрати и шеќери, најдобро е да се јаде за појадок, за да го помогне варењето на храната или за ужина. Вообичаеното јадење – по главниот оброк – ќе придонесе за зголемување на калориите и забавување на варењето.
|
|
|
|