vezilka RR -> RE: прв и последен (15.12.2009 9:04:29)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva Многу пати сум размислувала на таа тема и често разговарам со другарките за тоа. Мене мм ми е прв, значи во тој поглед сум тотално не запознаена со останатиот "ПАЗАР". Се размилувам, дали е можно понатаму во животот таа неизживеаност да ми удри во глава, дали тоа би било нормално и што да се прави во таква ситуација? Значи со тоа се наметнува и прашањето за кое сега разговараме. Дали е подобро да се пробаат повеќе опции или и не мора. Јас сметам дека ДА, подобро изживеј си го животот додека можеш, пробај повеќе работи, екпериментирај, за да можеш да направиш разлика, за да можеш подобро да одлучиш, за да не дојдеш понатака во искушение. Се сложувам со ова, но ќе речам и нешто друго, пробала нешто друго или не, искушенија во животот секогаш ќе има, ќе им подлегнеме или не, не зависи од минатото туку од сегашноста во која живееме. За ништо нема гаранција па и за ова. Затоа живејте со сегашноста, со одлуките кои сте ги донеле и без размислување што би било кога би било, на претпоставки не се гради животот. Потпис..иначе што се однесува до прв и последен..мене мажле не ми е прв, ама не дека сум имала некоја посебна стратегија да го проучам „пазарот“, туку едноставно така се случиле работите..а за последен, здравје боже ќе се пишеме пак за некое време да видиме до кај се работите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|