|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Породилно отсуство
30.9.2010 15:18:54   
blue_blue
Секое боледување за нега на дете до 3 години е на товар на фондот. Значи работодавецот ти одбива тебе 100% дневница за тие денови за кои не си на работа, ги носи документите во социјално или фонд (не знам више кај) и тебе после они ти исплаќаат. Ако уште не си ни тргнала на работа после породилно значи ни плата не ти исплатиле. значи си продолжува да ти исплаќа социјално.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Боледување кои е до 15 дена е на товар на фирмата (се исплаќа 90% од плата), по 15 дена е комисиско и тоа е на товар на фондот. Ако сакаш да искористиш повеќе денови земи си 15 дена, па направи прекин еден ден (оди на работа или земи еден ден Г.О.) па пак боловање. Јас така ќе правам додека не ми се заканат со отказно решение user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Породилно отсуство
30.9.2010 15:21:02   
blue_blue
Боледување за тебе лично и за дете над 3 години до 21 ден е на сметка на фирма (односно ни тоа не е на сметка на фирма зошто по закон за секој ден што си на боледување ти одбиваат од плата и тоа има процентуално колку ако си до 5 дена на боледување, ако си до 15 и ако си до 21 ден). Така што ич не се секирај фирмата не е оштетена во никој случај ти кога си на боледување

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Породилно отсуство
30.9.2010 15:21:52   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Јас за жал не можам да земам боледување на товар на фирмата (од морални причини)


Браво Snowhite, ретки се таквите како тебе user posted image изгледа газдите на фирмата го заслужиле тоа.
Моите ме отпуштија на принуден одмор, на 30 Април 2009 година, па кога им соопштив дека сум бремена, ме вратија. Ама тоа беше невиден стрес за мене...и мноооогу други работи, но тоа е веќе друга тема.
Воопшто немам грижа на совест, не не user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Породилно отсуство
30.9.2010 15:23:28   
vezilka RR
Ако нема прекин меѓу породилното и боледувањето, односно породилното ти заљвршува на пр. на 29.09, тогаш боледувањето треба да започне од 30.09. за да биде на товар на фондот. Ти даваат боледување во траење од 15 дена со препорака за комисија.

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Породилно отсуство
30.9.2010 15:26:42   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Секое боледување за нега на дете до 3 години е на товар на фондот. Значи работодавецот ти одбива тебе 100% дневница за тие денови за кои не си на работа, ги носи документите во социјално или фонд (не знам више кај) и тебе после они ти исплаќаат. Ако уште не си ни тргнала на работа после породилно значи ни плата не ти исплатиле. значи си продолжува да ти исплаќа социјално.




Не blue_blue. Породилното е прекинато, јас зедов плата за два дена Г.О. во Август (за Септември не сум зела плата) Кога сум на боледување до 15 дена, фирмата ми исплаќа 90% плата, а ако сум повеќе од 15 дена треба да одам на комисија, што е многу комплицирано да се успее (ако си здравuser posted image )
Така е барем во мојата фирма со години.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Породилно отсуство
1.10.2010 2:04:38   
Snowhite RR
Ја прашав докторкта и да, за деца до 3 години секое боледување што се отвора за нега на дете е на товар на фондот, ако е за мене, тогаш е на товар на фирмата

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Породилно отсуство
11.10.2010 21:33:14   
Natuska85
Здраво мамички.Јас сум ептен нова на форумот и ептен тазе трудницаuser posted image .Е сеа вака сакам да ве прашам нешто баш за породилното отсуство.Ако знае некој да ми каже за време на породилното отсуство кој ги плаќа придонесите,фирмата или фондот???малку во комплицирана ситуација сум на работа па да си прашам со време,уште пред да кажам на работа дека сум малку трудничкаuser posted image .
Поздравчее

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Породилно отсуство
11.10.2010 22:50:33   
AnnaMolly RR
Натушка85, парите за породилно отсуство ги плаќа Министерството за здравство. Твоите газди немаат ама баш никакви трошоци. Ќе земаш онолку пари на колку што си пријавена. Јас не бев пријавена на работа, но откако им кажав дека сум трудна самите се понудија да ме пријават, само за да ми направат услуга додека сум на породилно да земам пари, да не седам дома без никакви приходи. Сепак ова зависи и од самите газди. Јас има огромна среќа моите да ми се погодат ептен фер и добри. Со среќа со бременоста, да ни се роди уште едно рингерајче! user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Породилно отсуство
11.10.2010 23:59:34   
Natuska85
Фала ти АннаМолли на брзиот одговор.Поздрав

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Породилно отсуство
12.10.2010 0:36:57   
Snowhite RR
Да Натушка, додека си на породилно се ти покрива фондот, но под услов да имаш континуиран работен стаж од најмалку 6 месеци пред терминот, затоа ако не си пријавена, би ти препорачала, побрзо да ги известиш за да има време да те пријават, се разбира како што рече Анамоли, ако имаш среќа да ти се погодат фер

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Породилно отсуство
12.10.2010 10:07:35   
Natuska85
Пријавена сум и повеќе до 6 месеци за среќа.Знам дека пари ќе зимам од фондот ама не ми беше јасно за придонесите.Супер ако е така.А пари ќе зимам толку на колку сум пријавена сега или....?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Породилно отсуство
12.10.2010 11:20:09   
AnnaMolly RR
Пари ќе земаш на колку што си пријавена кога ќе го поднесеш боледувањето.
Јас дел од платата ја земав преку банка, а дел на рака. Е сега на породилно го земам само тој преку банка. Колку-толку, подобро од николку user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Породилно отсуство
13.10.2010 21:10:09   
pavcule
Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Породилно отсуство
14.10.2010 9:30:22   
anedespo
ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Сега има пак промени , не е 100 % како пред 2 години. Сега пак земаат просек на фирма. Можеш да го земеш кога сакаш породилното, па и до последен ден можеш да одиш на работа ако сакаш.

(Одговор на членот pavcule)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Породилно отсуство
14.10.2010 21:49:30   
baby_bump
“Надоместот за породилното сега е 100 отсто од просекот од платата на родилката во последните 12 месеци, освен за оние со многу големи плати. Ним им се исплаќаат две просечни нето-плати на Република Македонија, а тоа е некаде околу 30,000 илјади денари.
ИНТЕРВЈУ: МАЈА ПАРНАРЏИЕВА - ЗМЕЈКОВА, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ“ ова е од 14,10,2010.

Значи просек од плата на родилката, а не просек на плата од цела фирма, така да ако имаш фиксна плата, тогаш и породилното ќе биде фиксни 100% од сумата која ја земате преку банка, ако пак платата ви зависи од некакво остварување, норма или процент кој варира секој месец, тогаш ќе има разлика меѓу платата што сте ја земале и висината на породилниот надомест.

< Поракaта ја уредил baby_bump -- 14.10.2010 21:50:38 >

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Породилно отсуство
18.10.2010 0:17:35   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот pavcule)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Породилно отсуство
20.10.2010 15:18:01   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци

Мене боледувањето ми е отворено на 10 Јуни, а јас се породив на 13 Јуни. Ама одобрено ми е породилно отсуство. На извештајот што ми стигна од министерство за здравство ми пишува дека ми следува исплата за породилно отсуство од 10 јуни 2010 до 6 март 2011, значи цели девет месеци.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Породилно отсуство
20.10.2010 15:41:57   
anedespo
Ја се породов во 2008 и тогаш беше 100%, а сега се врати колешка од породилни и вели и исплаќале 80% од платата. За првото во 2004 знам дека земаа просек од фирма и просек од гранка, мојата плата е фиксна.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Породилно отсуство
20.10.2010 20:16:38   
pavcule
i jas razbrav ako go zemes pokasno(znaci cel 9 odis na rabota) fondot toj mesec ne ti go isplaca,ja prasav sestrata kaj ginekologot i ona kaza nema vrska, deka mozes koga sakas.
moze koga sakas ama dali fondot togas ce ti dade 8 ili 9 meseci, i sega nisto ne mi e jasno.
a mene najsigurno mi e da si go zemam 9 pa so bide neka bide.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Породилно отсуство
21.10.2010 14:49:34   
baby_bump
Мислам дека тој месец фондот не ти го исплаќа, бидејќи си на работа, за тој месец ке земеш плата од фирмата. Ако некој знае поинаку, нека каже.

Еве на мене сега не ми е јасно дали овој месец (28 дена пред датумот) ќе ми влезат во породилно?
Јас сум останата на тоа предпородилно боледување, сеуште не сум породена, краен термин ми е 2 ноември, а книговодителот чека да му однесеме извод и отворено породилно откако ќе се роди бебето, значи тоа може да биде секој момент, но може да биде и после датумот, значи кога веќе ќе поминат пресметките за плата за месец Октомври (тој ги работи платите за претходниот месец, некаде од 5-10 во месецот).
Значи ли ова дека ако го преносам бебето некој ден и ако му ги однесат сите документи после правењето плата за фирмата за месец Октомври, дека тој ќе ме пријави во фондот дури во месец декември, кога ќе ја прави платата за Ноември??
Бидејќи така ќе имам скоро 2 месеци каснење во старт и уште неколку потоа..... па тоа значи пари ќе видам дури на лето!!!!!
А во меѓувреме? Што ќе јадеме, од што ќе платиме кирија, пелени, облека???
Значи и покрај тоа што работам и добро заработувам јас всушност ќе бидам социјален случај, ќе чекаме од платата на сопругот и од помошта на моите?
Ужас........

< Поракaта ја уредил baby_bump -- 21.10.2010 14:53:59 >

(Одговор на членот pavcule)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE: Породилно отсуство
21.10.2010 16:10:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.



Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци

Мене боледувањето ми е отворено на 10 Јуни, а јас се породив на 13 Јуни. Ама одобрено ми е породилно отсуство. На извештајот што ми стигна од министерство за здравство ми пишува дека ми следува исплата за породилно отсуство од 10 јуни 2010 до 6 март 2011, значи цели девет месеци.




а терминот кога ти беше?

Во законот пишува дека ако одиш цел 9ти на работа за тој месец ќе земеш плата и не ти следува боледување. Е сега мене терминот ми беше 18ти јануар, боледувањето ми го отворија на 1ви , а се породив на 28, бебушов мој истемпира точно, така да не ми е и мене многу јасно тоа. Јас последна контрола кај матичната направив на 31 дек и таа ми го пиша на 1 јан и јас ја прашав дали не треба порано, рече нема врска, кој ги знае веќе



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: Породилно отсуство
21.10.2010 16:13:36   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

Мислам дека тој месец фондот не ти го исплаќа, бидејќи си на работа, за тој месец ке земеш плата од фирмата. Ако некој знае поинаку, нека каже.

Еве на мене сега не ми е јасно дали овој месец (28 дена пред датумот) ќе ми влезат во породилно?
Јас сум останата на тоа предпородилно боледување, сеуште не сум породена, краен термин ми е 2 ноември, а книговодителот чека да му однесеме извод и отворено породилно откако ќе се роди бебето, значи тоа може да биде секој момент, но може да биде и после датумот, значи кога веќе ќе поминат пресметките за плата за месец Октомври (тој ги работи платите за претходниот месец, некаде од 5-10 во месецот).
Значи ли ова дека ако го преносам бебето некој ден и ако му ги однесат сите документи после правењето плата за фирмата за месец Октомври, дека тој ќе ме пријави во фондот дури во месец декември, кога ќе ја прави платата за Ноември??
Бидејќи така ќе имам скоро 2 месеци каснење во старт и уште неколку потоа..... па тоа значи пари ќе видам дури на лето!!!!!
А во меѓувреме? Што ќе јадеме, од што ќе платиме кирија, пелени, облека???
Значи и покрај тоа што работам и добро заработувам јас всушност ќе бидам социјален случај, ќе чекаме од платата на сопругот и од помошта на моите?
Ужас........


Кога ќе му ги однесеш документите што ти ги бара, значи извод и боледувње, тогаш книговодителот ќе ги однесе во фондот, не значи дека ќе треба да ја чека платата за ноември да ја прави, ако е помината за октомври тогаш нема проблем

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: Породилно отсуство
21.10.2010 16:16:22   
AnnaMolly RR
Baby_bump, породилното исплаќање посекако касни со месеци. Инаку, како што кажав погоре, мене матичниот гинеколог по договор ми отвори боледување од 10 јуни, а јас се породив на 13 јуни. И од 10 до 30 јуни фондот ми исплати пари, иако боледувањето ми е отворено само три дена пред да се породам. Во септември зедов за јуни пари, а сега треба за јули, а веќе дојде и ноември. И само јас и мм знаеме како ни беше кога имавме само 1000 денари и една недела до плата, а треба да се купат пелени, млеко и слично, а не па нешто дома за да има за јадење. Да не спомнувам сметки! Ама тоа ти е тоа кај нас, чудно ќе биде ако нешто се направи на време. Еве сега и него со плата му каснат. Се снаоѓа човек како што знае и умее. Наместо да се исплатат парите кога најмногу ни се потребни, се чека со месеци. Ќе се издржат 2-3 месеци. Не дека имаме некој избор user posted image Само бебенцето нека се роди здраво и живо.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: Породилно отсуство
21.10.2010 16:17:40   
AnnaMolly RR
Терминот ми беше на 29 јуни, Snowhite, пак само 19 дена ќе беа поминати.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: Породилно отсуство
12.11.2010 22:16:22   
Blue Glow
Палешка и јас планирам исто боледување од 15 или евентуално 21 ден па до крај одмор. Мада морам да оставам и некој ден за после краен термин  Ива се роди 5 дена после терминот, па да не биде и со второво така, да се мисли за излагање...
Него знае ли некој кога боледувањето е 21 ден од првостепена е на товар на фондот или фирмата?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?