Мавиле-свадбарски обичај (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


m@gic -> Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 14:51:33)

мислам дека само во велес се прави Мавиле барем на други свадби немам приметено
тоа ми е најјак момент на свадбата
момакот и невестата седнуваат на столчиња на среде сала гостите околу нив клечат и музикантот почнува да кажува
Кумот годинава венчаваше па догодина да крштеа а ние ќе речеме ( и сите викаат )
Мааааавиииииииииилееееееееее и сите стануваат а момакот и невестата ги креваат на столевите и треба да се пољубат
па ги спуштаат и сите пак клекнуваат и одново музикантот кажува нешто во стилот добар живот убав брак многу дечиња .... и пак ние ќе речеме мааавииииле мавилееееееееееее
и така 3 пати

ич не знам од кај е обичајов едино на сексот и градот видов дека шарлот кога се венчаваше нешто слично правеа па би требало да има некои еврејски корени Само интересно би ми било некој од 120 кг како ќе го креваат на стол [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Матеа -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:06:53)

Е ова ни на DISCOVERY го немам видено[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] нитѕ пак имам слушнато за вакво нешто а мм има роднини во Велес ама и тој нема слушнато за ова, инаку забавно ми звучи, можи ќе си го примениме на свадбата со мм [sm=smiley36.gif]




m@gic -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:42:21)

збучи доста интересно нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

дали некој од вас видел нешто слично на свадба и што мислите за овој обичај??




arh_diz -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:45:42)

Interesen obicaj . Dobro e dokolku dvajcata mladenci se soglasuvaat da se podrzuva obicajot




m@gic -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:47:46)

јас кај што бев дечкото имаше добри 100 кила може и више 7 души го креваа
невестата 3ца[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:48:54)

prv pat slusam ali zvuci interesno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




m@gic -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 15:50:31)

имаме ли некој член од велес па да ни каже нешто повеќе ако знае?

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (13.1.2010 17:11:53)

Дефинитивно многу интересно..а немам видено до сега. Може да води потекло од некои стари еврејски корени..зборот мавиле звучи така:)))))




pretty -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (19.2.2010 1:01:35)

Pa i nie vo Veles ne znaeme tocno od kade poteknuva samo znaeme deka se primenuva mnogu odamna
Drugo nesto e sto vo poodminatite godini se peese na turski jazik mislam a potoa se pocna nekoja verzija na makedonski [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Inace jas na moeto mavili na svadbata padnav od stolot no nisto strasno pravo nanoze




BILE.F -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (19.2.2010 7:56:24)

Јас имам многу роднини во Велес, и ова ми е еден од најинтересните обичаи! На друго место не сум видела вакво нешто!
П.С А морам да кажам дека таму сум ја поминала најинтересната свадба. Братучетка ми кога се мажеше , зашто таа одеше на играорна,  имаше еден куп играорци на свадбата! Поубаво оро не сум видела ни на ТВ.




Annet -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (15.5.2010 22:34:35)

хаха еве јас сум од Велес,ќе ви кажам....многумина се чудат што е тоа Мавиле и јас не го знам точното значење.
стара традиција во Велес на велешките свадби.песна со благослов за мн деца итн....
јас за мојата свадба се мислев дали да се прави или не и во последен момент се одлучи да се прави.мн се плашев да не не испуштат,ама ние дека слабички и супер беше.мм се качи на стол исправен на 2 нозе и така излезе мн убаво.за гостите од др градови беше доживување ,навистина е убав обичај.малку е непријатно ,седиш на стол и неколку мажи ги држат на ногарките од столот и наеднаш те креваат нагоре(опасни морници лазат) а другите сите клечат и сите наеднаш стануваат аххахахаха

неможам сега да го исецкам тоа парче од мојата свадба .ама еве еден линк па видете ,макар што нашето мавиле беше мн мн убаво[sm=jezicek.gif] ,ама ова е од you tube.... и од тел [sm=smiley1.gif]



http://www.youtube.com/watch?v=dxSbITbHRrM




Maca25 -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (16.5.2010 1:33:05)

Јас сум била на велешка свадба, но овој обичај го немаше. Може зата што невестата беше малце трудничка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Инаку изгледа интересно!




Bitolcanka -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (16.5.2010 11:54:39)

Интересен обичај, навистина [sm=smiley1.gif] Првпат слушам. Го видов клипчето [sm=smiley1.gif] Ај можеби ќе го применам на мојата свадба [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]




Annet -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (16.5.2010 15:24:19)

интересно е, ама во последно време секој не го профаќа и во Велес.индивидуално е се....ама сепак е интересно.се прави убава атмосфера на свадбата[sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (16.5.2010 16:28:33)


Сега го гледав клипчето, вистинска акробација, не за џабе невестата цело време се држи за столица.
Многу се интересни автентичните свадбарски обичаи, но се помалку ги има на нашите свадби, а се повеќе се превземаат некои обичаи од западниот свет и тоа не ми се допаѓа воопшто.




Martins mom -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (20.6.2010 19:24:31)

Мене лично мавилето ми е бљак...кога ја слушам музиката ме лазат морници, не ми воопшто убаво ни за очи, ни за уши...
Немам ништо против ама лично мене не ми се допаѓа овој адет, кој многу ме потсеќа на турски




Snow Queen -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (1.11.2011 20:45:20)

Тато и цела фамилија на татко ми е од Велес, така да многу пати сум била и видела Мавиле. Многу е убаво и интересно.Поготово кога некој од младенците ќе се качи на столчето исправен на двете нозе.[sm=bravo.gif]




elenak -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (23.2.2013 23:51:02)

Сум била на една велешка свадба и стварно ми беше интересно ова, невидено.
Исто и кога влегоа младенците им се поклонија на кумовите и родителите на главната маса три пати па и тоа ми беше ново и некако убаво ми дојде па си украдов идеја за мојата свадба и стварно ги изненадивме нашите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Келнерот таман притрча со шампањот јас го бутнав како ,,чекај малку ќе се клањаме,, [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Ама ова денес што го слушнав е врв. Младоженецот со голем стап присуствувал на венчавката во црква а и во матично (значи од стапот не се одвоил ни за миг) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Не ми е јасно што е финтава со стапот? Сте чуле, виделе негде нешто вакво? Оти го прашале зошто му е ама не сакал да каже... А стварно ме копка... За адет не е, таков адет немаме, ама што ли е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]





caciana -> RE: Мавиле-свадбарски обичај (2.12.2014 0:29:13)

Koga go vidov ova cudo na svadba Vo Veles,mislam deka srceto ke mi zaprese Od strav koga vidov Kako GI krevaat Vo vozduh mladencite na stolici,a tie ladni tush[sm=jezicek.gif]




Страница: [1]