|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Уредување на дворот
13.1.2010 15:49:52   
m@gic


Ако имате дали обрнувате многу внимание,би го средиле за добра седенка со друштво или само за одмарање очи,а ако немате,истото прашање само доколку некогаш би живееле во куќа или евентуално стан со двор.

Може и слики Јас имам и во фаза е на растење бидејќи се садеше и пресадуваше многу цвеќе и расад, едвај чекам се да израсне и да има милион цвеќиња во двоооррр, и секако да бидне пролет...
како/колку ви е уреден дворот?


_____________________________

живеј од денес за утре
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Уредување на дворот
13.1.2010 15:53:53   
Bogdancanka
nasiot lani pocnavme da go sreduvame ali ima uste mnogu da se sreduva da se zavrsi do kraj kako sto planirame ke bide prekrasen



_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот m@gic)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Уредување на дворот
13.1.2010 17:06:08   
vezilka RR
ееееј, супер тема..Ние од лани лето решивме да го средиме дворот позади куќа, оти стварно беше запуштен. И почнавме лани со средување, копање, чистење од диви растенија и сл. и планот ни беше во септември да насадиме трева..арно ама септември дојде, и пројде ..) а трева уште нема. испадна дека има мноооогу за средување пред да дојде тревата на ред..а јас цела стратегија направив за тревникот. Сега во март мора тоа да се среди..

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Уредување на дворот
13.1.2010 20:26:51   
mis.
Ние во дворот имавме борови и од нив ништо ни растеше ни светаше.Пред некое време ги сечивме и сега во акција со садење и уредување.Дел од дворот ни е поплочен со плочи од оние шестоаголници не знам како се викаат и меѓу нив постојано растеше трева и пред 4 години некој му кажал на мм за некое средство со кое се попрскува местото каде не сакаш да расте трева и навистина за некој подолг период таму нема трева.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Уредување на дворот
13.1.2010 20:53:48   
niki
Во новава куќа имаме двор и еден дедо кој си доаѓа постојано и развлекува мрежи рибарски. Инаку многу би сакала да имам мало дворче со тревниче, со леички најразлични цвеќиња, рози и јоргован секако и шадрван и некоја фонтанка да жуборка водиче, еееееее што убави соништа.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Уредување на дворот
13.1.2010 21:02:39   
Maria
Nie ova leto pocnavme da go sreduvame, zasadivme treva,no nikako da go ubedam mm da gi sece,imame tri-cetiri drva,napred od koi se zatvara liceto na kukata.user posted image No ke go ubedam nekako.user posted image Sakam da nema drva,samo cvekinja i trevicka.user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Уредување на дворот
14.1.2010 16:43:10   
vezilka RR
Како до убав тревник

Од рана пролет до касна есен убавиот тревник е украс на секој двор. Тој за дрворот претставува тоа што за сликата претставува подлогата. Добриот тревник на секое растение ќе му даде основа за да се истакне во својата потполна убавина, и обратно лошиот тревник ќе му одземе од убавината на целиот аранжман на дворот.

Најдобро време за оваа работа е рана пролет (март, април) или на крајот од летото. Прва работа која ве очекува е да го припремите теренот. Тоа подразбира да се ископа земјиштето на кое мислите да засадите трева, да го исчистите од отпадоци и коренчиња, и да го наѓубрите. Најдобро е да се копа на длабочина од околу 20 цм. Потоа пземјата треба добро да се иситни и да се израмни со гребло и спремна е за сеидба. Сеењето најдобро е да се изведува по мирно време за да не одлета семето. За што подобро да се распредели семето, најдобро е семето да се подели на две, и првата половина да се засее во еден правец на дворот, а втората во обратен. Потоа површината треба да се помине со ваљак, за семето што подобро да навлезе во земјата. Се користи ваљак од 20-50кг, а може да послужат и даски прицврстени за нозете, па убаво да си прошетате по површината. Новозасадената површина се вади два пати дневно се додека не стаса за првото косење, а тоа е околу 15 цм. Потоа се вади по потреба, а за почетокот се препорачува почесто косење, за да се згусни тревата..

Пријатна работа..



(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Уредување на дворот
14.1.2010 16:47:09   
Anushka
user posted image user posted image user posted image  Везлике!
А колку е сето ова добро за линијата!
Една од најдобрите рекреации е работата во двор.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Уредување на дворот
14.1.2010 16:55:51   
ripce
Ние живееме во зграда која има 6 станови, и сме на приземје... убава е локацијата зашто сме во центарот на градот, а сепак имаме дворно место, заедничко за сите станари. Е сега пошто скоро се вселивме уште не сме почнале со уредување, здравје мм планира да го средиме пролетва, да ги извадиме старите дрвца и да засадиме нови зимзелени и задолжително трева и цвеќиња.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Уредување на дворот
22.2.2010 18:19:36   
mis.
Ние во дворот имавме борови и од нив ништо не успеваше дури и тревата.Есента ги сечивме сите и сега планираме малку да го средиме со трева а од страните сакам многу цвеќиња кои цветат цело лето па и до касна есен.Имаме само јаглики и еве во дворот веќе почнале да цветаат и изгледа многу убаво во овој пеиод во годината кога се е уште е се мртво.Баш и не се разбирам во цвеќиња но еве некој кој се разбира да ми каже кои цвеќиња да ги одберам а градината да ми  еполна со цветови,да даваат цветови цело лето.на кој начин да го направам тоа со готов расат или со семе?Кое цвеќе би ми одговарало вопредел кое е целосно на сонце?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Уредување на дворот
23.2.2010 10:31:58   
vezilka RR
Градинарството е одлична фитнес-вежба

user posted image

Понекогаш и секојдневните активности помагаат телото да се зацврсти. Верувам дека тоа ќе го потврдат сите тазе мајки. По породувањето немавте потреба од режим и фитнес. Грижата околу малечкото си го направи своето.

Бидејќи сите не се мајки, решивме да ви ги презентираме спортските придобивки што можете да ги имате од градинарството. Но, тука не е само спортот, комуникацијата со природата е одлична за отпуштање на нервите. Не се сомневам дека по статијава вие ќе ја имате најубавата градина во населбата.
Освен средена бавча, еве што сé добивате од градинарството: Ова е одличен начин за согорување на калориите. Во исто време правите корисна работа за себе и за околината. Научно е докажано дека садењето, наводнувањето и кастрењето го намалуваат стресот. Пријатната миризба и боите на цвеќињата го подобруваат расположението. Наша препорака е да не се ограничите само на садење цвеќиња. Посадете и некое овошно дрвце или зеленчук. Ова ви е одлична шанса за органска диета. Ова е спорт речиси за без пари. Нема потреба да плаќате часови и некој да ви го ограничува времето за тренинг. Сé што ви треба е мала парцела во дворот, алат и семе.

А сега да ја видиме листата со основните карактеристики на градинарството, па според неа одлучете дали ќе го применувате.

Активирање на мускулите - се активираат речиси сите мускули, сé зависи од работата. Ако копате повеќе, ќе се зацврстат рацете.
Губење калории - еден час работа во градината значи губење 400 калории. Потребна опрема - удобна облека, млеко со фактор ако работите на сонце, вода, алат за работа.
Потребно време
- времето зависи лично од вас. Некогаш ќе се заборавите во градината, а кога е постудено, ќе немате што многу да работите.

И за крај, неколку совети за работата да ви оди полесно: Внимавајте на положбата на телото бидејќи многу лесно можете да се здрвите. Ако работите клекнати станувајте на секои 10 минути за да се истегнете. Можете и да клекнете на колена, но ставете некоја вреќа под нив. Држете го грбот исправен. За да ви биде поудобно, пред и по работата, направете неколку вежби за истегнување. Многу е важно да не се закотвите во едно место. Станувајте почесто од земја и по можност некои работи правете ги стоечки.

< Поракaта ја уредил vezilka -- 23.2.2010 10:34:04 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Уредување на дворот
23.2.2010 10:38:40   
vezilka RR
Градба на растенија

Сите живи суштества, па и растенијата изградени се од многу ситни клетки. За разлика од нижите растенија, телото на вишите растенија (во кои спаѓаат и цвеќињата и украсните растенија во домот) изградено е од огромен број на различни видови на клетки. Клетките меѓусебно се разликуваат како по обликот и надворешната градба, така и по функциите кои ги имаат во организмот на растението. Ќелиите од ист вид често се поврзани меѓусебно и градат одредени ткива, како што се: градивното ткиво, кожното ткиво, спроводното ткиво, ткивото за исхрана и механичкото ткиво. Деловите на растенијата кои имаат самостојна функција се нарекуваат органи. Такви органи се коренот, стеблото, листовите и органите за размножување.

Коренот има двојна улога во животот на растенијата: служи за зацврстување на растенијата за подлогата, земјата, а истовремено и со помош на своите фини жили (коренови влакненца) да ја впива водата и минералните материи растворени во неа и на тој начин да го снабдува растението со неопходните хранливи материи. Покрај овие основни задачи кај некои растенија коренот служи и за натрупување и складирање на резервна храна. Зачетокот на коренот се наоѓа уште во ‘ркулецот на семето. При ‘ртење на семето избива и коренче, кое понатаму расте, се развива и на тој начин се оспособува за вршење на своите функции. Покрај коренот кој се развива од коренот на ‘ркулецот, кај некои растенија коренот се создава и од другите оргaни: гранките, лисјата, подземното стебло итн. Таквите корени се нарекуваат адвентивни корени.

Стеблото има задача да ги создава и да ги носи надземните органи на растението (гранките, листовите, цветовите и плодовите) и да ја спроведува водата со растворените минерални материи до листовите, а од листовите да ги спроведува органските материи во коренот и другите органи. Освен тоа, стеблото кај некои растенија служи и како остава на резервна храна на растенијата, а кај другите и за размножување.

Подземно стебло имаат повеќегодишните растенија. Подземното стебло може да биде во форма на кртоли (георгина, кана), ризом (перуника) или луковица (зумбул, лале, амарилис). Кај овие растенија водата со растворените минерални материи, која се вшмукува со кореновите влакненца, оди преку подземното стебло директно во листовите.

Листовите служат за создавање на хранливите материи, за дишење на растенијата, за испарување на вишокот на вода и за овозможување на циркулација на гасовите. Покрај тоа, кај некои растенија (кај бегонијата) листовите служат и како орган за бесполно, вегетативно размножување. Од сите овие функции најзначајна е онаа која ја имаат листовите директно во исхраната на растението. Од јаглерод диоксид кој листовите го земаат директно од воздухот и од растворените минерални материи кои ги испраќа коренот во листовите, со помош на хлорофилот (зеленилото на растението), сончева светлина и топлина, се создаваат сложени органски материи, како што се шеќер, скроб, белковини и растителни масти. Така настанатите органски материи претставуваат готова храна за растението која од листовите се разнесува во сите клетки на растението и служи за градба на ткивата и органите. Процесот за создавање на органските материи во лисјата се вика фотосинтеза, поради тоа што се одвива со помош на сончевата светлина. Затоа без доволно сончева светлина растението не може да успее и правилно да напредува.

Цветот е орган за полово размножување на растенијата. Како резултат на оплодувањето се развива плод и семе како носител на новиот живот со задача да се одржи видот.

Семето на растението се состои од семени мембрани, хранливи материи и ‘ркулци. Веќе на ‘ркулецот на семето може да се распознаат сите основни органи на идното растение: коренче, стебленце и листенца. Под поволни услови на влага и топлина семето бабри и из’ртува. Благодарејќи на резервната храна во семката, ‘ркулецот почнува да се развива и расте. Притоа коренчето на ‘ркулецот расте во правец на земјината тежа, надолу, а стебленцето нагоре, додека не избие на површината на земјата. Малото растение започнува самостоен живот кога ќе ги развие своите органи – коренот и надземните органи, и кога тие во доволна мерка ќе можат да ги извршуваат функциите за кои се наменети.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Уредување на дворот
23.2.2010 11:00:19   
vezilka RR
Уредување на дворот

Од внатрешноста на домот, вашиот поглед на светот ќе биде всушност поглед на вашиот двор. Затоа треба да биде соодветно уреден. На изгледот на вашиот двор допринесуваат неколку фактори: правилно омеѓување, добро поплочување, клупи, садови за растенија, скулптури итн. Но без цвеќе, украсни растенија, тревник и зеленило, дворот не би бил тоа што треба да биде.
user posted image
Можеби не сте во состојба за да си овозможите уредување на раскошен двор или можеби сте задоволни со тераса или парче поплочен простор. Сепак сите посакуваме поубав, малку поголем или помирен двор, катче и релаксација во природата, па зошто тогаш да немате природа во сопствениот дом или двор. При планирањето на дворот треба да се одберат соодветни растенија, на кои ќе им одговара климата, опкружувањето и положбата на дворот. Украсно цвеќе и грмушки, ружи, ползавци, едногодишни и двогодишни растенија, луковици, кактуси, водни растенија - сите може да се комбинираат и користат во уредувањето на дворот, само треба да се земат во предвид боите и облиците, времето на цветање и сето тоа да се усклади.
Каменитите и песочни површини на дворот ќе му дадат природен амбиент, а користејќи растенија камените површини ќе блеснат во полн сјај. Водените градини и обликувањето на водените површини бара малку повеќе креативност и воља, но благодарејќи на гумените и PVC материјалите, поставувањето на рибници и езерца може да се изведе за еден ден.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Уредување на дворот
23.9.2010 15:04:05   
vezilka RR
КОНЕЧНО!!!!!! Тревата е насадена..на пролет ќе ги видиме резултатите од напорната работа за средување на дворот. Остана уште едно мало делче не обработено, ама здраје боже планирам на пролет тоа да го оградам со трупчиња и да го наполнам со ситни камчинња и да го направам игротека за игри со кофички, камиончиња и сл. Ајде, аирлија, ваљда успешно сме ја завршиле работата user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Уредување на дворот
23.9.2010 15:10:07   
Anushka
.... и после ти одиме на кафе во двор! Не се секирај, ќе донесеме ракавици за работа да ти потпомогнеме!
Браво! Искрено ти посакувам во пролет дворот да те изненади со убав изглед како резултат на твојата упорност и работа.
П.С. Сега е право време да ставиш и куќичка за врапчиња на некое дрвце.user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Уредување на дворот
23.9.2010 15:15:53   
vezilka RR
...и ќе ве чекам на кафица у дворче обавезно!! Идејава за куќичка за врапчиња е одлична..некаде имам гледано ама сега не ми текнува каде..Ќе пронајдам..За напролет во агенда ми се и садење на зимзелени дрвца и цвеќиња нормално..и да видиме дали бршленот се фатил и колку ќе се проширил..

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Уредување на дворот
23.9.2010 20:33:03   
кирова
najomilenata tema obozavamuser posted image user posted image user posted image user posted image  uzivam da go ureduvam svojot dvor ,gi imam site boi na ruzi  i negde okolu 4o mislam deka se user posted image zimzeleni drvca,saksiski cvekinja,  a i se rekreiram so trevnikot negde okolu tri casa go sreduvam  i relah nekoj ke kaze zasto ne platite da vi go sreduvaat dvorot,a mojot odgovor e toa sto go imas treba prvenstveno da go sakas i neguvas za da traeuser posted image
ne e se vo parite ...

_____________________________

najvazen e duhot na vasiot odgovor***

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Уредување на дворот
25.10.2010 20:18:00   
vezilka RR
Подгответе го тревникот за зимскиот сон


Во есен на тревникот треба да му се посвети посебно внимание за да добро се подготви за зимскиот сон, после кој напролет порано и поубаво ќе почне да расте.


Искосете го

Со доаѓањето на кратките и сè пократките сончеви денови тревата расте побавно, а бидејќи е доволно влажна и цврста, треба да се искоси. Тревата косете ја кога времето е суво, но оставете ја малку повисока отколку во летниот период. Во есен особено е важно последното косење, кое не смее да се изврши премногу доцна. Општо правило е дека тоа треба да се биде кон средината на октомври.


Покосената трева, заедно со паднатите лисја треба да се соберат и да се тргнат.

Имено, поради недостатокот на топлина тие нема да создаваат хумус, туку само кал, под која тревата преку зимата ќе се задушува, а особено ако има снежна прекривка кој подолго време се задржува. Од тревникот исчистете ја мовта, кој доколку не е со преголема површина, најдобро е рачно да го исплевите.
Пред зимата тревникот треба да се “проветри”, и тоа со гребло и со прободување со вила, бидејќи земјата така станува порастресита. Со тоа, напролет тревата подобро ќе расте, а истовремено ќе се оневозможи растот и ширењето на мовта.
Наѓубрете го

Во ова време тревникот треба да се наѓубри, а експертите препорачуваат за ова доцно ѓубрење ѓубриво од кое порамномерно и подолго време ќе се ослободуваат хранливи материи. Ако во тревникот има коров, истовремено со ѓубрењето треба да се употреби и средство за негово уништување. Притоа, ако коровот угине пред првиот студ, настанатото празно место на тревникот ќе се пополни бидејќи ѓубривото ќе го поттикне растот на тревата. Многу тенок слој на тресет, расеан по тревникот, ќе ја зголеми неговата отпорност кон студот и ќе го снабдува со свеж хумус. Употребата на компостот не е препорачлива, бидејќи содржи многу семе на коров, тако да следната пролет може да бидете непријатно изненадени.

..Еве ова се следните активности за пред зимата user posted image Тука некаде сме..

(Одговор на членот кирова)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Уредување на дворот
20.3.2012 15:36:40   
vezilka RR
Пролетта е времето кога на градината треба да и се посвети најмногу време, бидејќи во тој период се создаваат контурите за изгледот преку целата година.

Пролетта е убава како за нас така и за децата. Пролетта ни ја навестуваат повеќе растенија во нашата градина, а тоа значи и дека е време да се посветиме како на берењето украсни растенија така и на садењето.

Веќе во светот е тренд да се инволвираат и најмалите во оваа дејност, а за некого ова претставува рекреација и забава.

Дали вие и вашите деца планирате да садите оваа пролет?

Јас оваа пролет бидејќи тревникот веќе си се „вдоми“ планирам да засадам неколку грмушести цвекиња и рози. И ми остана лани недовршено едно делче од дворот што планирав да го оградам и да го наполнам со ситни камчиња за оваа година.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Уредување на дворот
20.3.2012 17:30:56   
Yummy Mammy
Uf, ova e moja bolna tema. Uste otkoga se doseliv vo kukava, eve veke 5ta sezona, sakam da si go sredam dvorceto i za nas za sedenki, skaricka, karti... i za decava da ima ramna trevicka i igracki. Sama do sega ne sakav da cepkam zasto nitu se razbiram od kroenje i sadenje, niti mozam sama so dvete deca, niti pa sakam sama zatoa sto sepak kukata ne e moja (tuku na svekor mi i svekrva mi). Dodeka ziveele oni tuka si odrzuvale se mnogu ubavo, no sega nema koj. Oni se preseleni i imaat ogroooomen prekrasen dvor, a za nasiot em sakaat da pomognat, em nemaat vreme. Sekoja prolet i sekoja esen nie se molime da dojde nekoj da ja potsredi dzunglata, no, sega veke krenav race i resiv da si viknam firma da mi go sredi dvorot, pa sto saka neka bide. Toa fontanite sigurno zmii pocnale da ziveat vo niv veke. Pokraj dvor mene detevo mi porasna zatvoreno doma. Sega ke vikanm nekoj da mi go sredi i ke stavam edna lizgalica i edna trampolina. A za nas vo eden kos ke stavam masa so stolici, a i mnogu mi se svigaat onie oklugli masi pa so okrugli klupi okolu niv, gi ima pred zgradite vo nekoi opstini vo Sk. Sigurno ne se mnogu udobni, ama bas mi se taka za vo dvor.


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Уредување на дворот
29.3.2012 16:13:55   
Mihaela 2010
Super tema,sega ja vidov...Obozavam ubavo sredeno dvorce,i go imam samo normalno si treba postojano ureduvanje,sreduvanje i tn.Cel zivot sum ziveela vo stan no kukja si e kukja definitivno,pogotovvo so dvorce,pa si sednes si se relaksiras kafence,mafence...Planiram da si nasadam cvekjinja,da kupam zardinjeri i da go osvezam dvorot so ubavo cvekje,i sega na plan sme da kupime ubavi bambus stolici,pa ke pojdeme do saemov da ne nacekame slucajno nekoj popust..Edvaj cekam,letno vreme ne se vrtime doma,se sme si nadvor vo dvor..

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Уредување на дворот
14.5.2012 9:54:35   
Felly RR
Кај нас дворот уште кога се доселив тука, беше среден со трева и убави зимзелени дрвца, и главно свеки е задолжена за уредување на дворот - мислам тоа и е нејзе задоволство и јас не сакам да и се мешам многу тука. Јас само помагам во одржување, сечење трева и сл работи.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Уредување на дворот
14.5.2012 10:06:28   
vezilka RR
Дали некој знае кога се садат ружи? Можам сега или веќе е доцна?

Јас мислам дека се зезнав со изборот на тревата. Супер си е таа, ама сака многу вода, а ние ја подзабораваме некогаш. Јас арно си мислев на почетокот пред да ја садиме, да земам некоја со мешавина од детелинка ама ме пишманија, и згрешив. Ама затоа наесен зимам семе од детелинка и ќе го посеам. Прочитав дека може и отпосле тоа да се додаде, само треба убаво да ја искосам на најкратко, да ја натопам скоро да плива и да ја посеам детелинката. Ја сакам оти држи убава зелена боја, и ја ништи дивата трева.

Иначе како затопли ние сме секој ден во двор..топки, шаторче, камиончиња, точачиња, лулашка,..а базенчето ќе почека уште малку, или судејќи по денес, уште малку повеќе user posted image .

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Уредување на дворот
15.5.2012 18:39:02   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Кај нас дворот уште кога се доселив тука, беше среден со трева и убави зимзелени дрвца, и главно свеки е задолжена за уредување на дворот - мислам тоа и е нејзе задоволство и јас не сакам да и се мешам многу тука. Јас само помагам во одржување, сечење трева и сл работи.


Фели да ти кажам искрено љубоморна ти сум на дворчето, стварно е мало, ама средено тип топ, секогаш кога поминував тука се восхитував, браво за свеки твоја.
А јас како затоплуваше времево секој ден тема на разговор ни е дворот и терасата. Зашто сме на прв спрат, терасата нема ограда и М се научи да ја отвора вратата и бега надвор, затоа во план сме во најбрз можен рок да направиме ограда и да го поплочиме дворот позади куќата, а после тоа масичка, столици, шаторче, неке играче, базенче, кој не' гледаuser posted image Едвај чекам да го средиме

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Уредување на дворот
15.5.2012 19:19:01   
Yummy Mammy
Vezilka, a treva koga se sadi? I kako? Jas malku po malku si go sreduvam dvorot, ostana uste da se izramni zemjisteto. Pretpostavuvam toa treba ubavo da se raskopa zemjata i semeto da se rasfrla?! Jas sum epten gradsko dete, sega prv pat se sretnuvam so gradinarski raboti, pa molam za detalno objasnuvanje user posted image
I koja treva e najdobra za deca? I kade se kupuva?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?