BEBICA -> Тајните фобии на мажите (14.1.2010 9:51:15)
|
Навидум мажите не се плашат од ништо. Не им е страв од глушец, целулит или сексуално искористување. Сепак, тие имаат тајни стравови, онакви за кои тие радо не би зборувале. А жените можат само да спекулираат за нивните фобии. Досега има изготвено огромен број студии за оргазмот кај мажите, но во ниедна не е опишано за што всушност се работи. Таканаречената “hyped phobia” е страв од сексуална импотенција. Тоа е повеќе од болест. Импотентниот маж го губи правото да биде дел од супериорната популација, машкиот род. Многу мажи завршиле во депресија поради стравот од импотенција во сексот. Низ човечката историја, милиони младоженци биле доведени до ситуација да изгубат свест на првата брачна ноќ поради ненадејното откритие на одговорноста поврзано со стравот од „незавршувањето на работата“. Неуспехот да се постигне посакуваниот резултат во кревет резултира со очај, ситуација во која мажот се прашува дали е се во ред со него. Денес се достапни бројни лекови за подобрување на оваа ситуација кај мажите: Вијагра и други синтетички лекови. Денес на секусалната импотенција се гледа како на еректична дисфункција. Веќе тоа не е главната фобија на мажите, туку медицинска состојба што може и треба да се лечи. Оваа фобија полека станува историја. Наскоро целосно ќе биде надмината со оглед на фактот што фармацевтската индустрија напредува во развојот на нови ефективни лекови. Се до 1960-тите, мажите немаа време да размислуваат на теми како што се должината на пенисот или траењето на сексуалниот чин. Тие беа зафатени со војни и бројни вооружени конфликти. Но, големата светска сексуална револуција ја сврте водата на друга воденица. Порно филмовите со атери на кокаин и режисери алкохоличари почнаа да покажуваат невообичаено долги секс сцени и машки гениталии со џиновски размери. Некои мажи минаа години во обид да ги имитираат своите омилени актери, но без ефект. Во овие години владееше чувство на инфериорност, вакум-пумпи за зголемување на пенис и милиони техники за зголемување на можностите за водење љубов по цел ден и цела ноќ. Таканаречениот “archetypal fear” или страв од кастрација е уште една фобија кај мажите кој апрв ја спомена психологот Сигмунт Фројд на преодот на 20-тиот век. Во тоа време луѓето во Австрија и Германија беа прилично неуки. Беа потребни две светски војни за да се намали процентот на неинформираните, како и ирационалниот страв од кастрација. Денес стравот од кастрација се трансформираше во рационален страв. Поврзан е со ретката можност од тоа толку да се разбесни девојката што може да го гризне или отсече пенисот. За жал вакви несреќи понекогаш и се случуваат и тие ги потхрануваат спекулациите и гласините. Кај мажите постои и страв од тоа за време на сексот невнимателната жена да го повреди пенисот во ерекција. Сите чуле работи од типот фрактура на пенис, но никој не ги знае деталите освен уролозите. Всушност тоа е многу ретка медицинска ситуација, но сепак мажите се држат на сигурно и бараат од партнерот грижливо да се однесува со пенисот во ерекција.
|
|
|
|