Кламидија-скоро неприметна полова болест (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


BEBICA -> Кламидија-скоро неприметна полова болест (14.1.2010 9:59:44)

Кламидијата е една од најчестите полови болести кај младите, а нејзините симптоми во повеќето случаи се неприметни. Доколку не се лечи, може да предизвика неплодност и други компликации кои можат да имаат трајни негативни последици.

Според податоците, со кламидија се заразени околу 20-25% од сексуално активните лица до 24 години, а најризична група е оние до 19 години. За кламидијата, болеста која е предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis сигурно веќе сте чуле, но ајде малку поопширно.


ЗНАЦИ

Најголемиот проблем кај кламидијата е во тоа што симптомите најчесто се неприметни. Податоците говорат дека дури 70% од заразените жени немаат никакви, а останатите 30% имаат одвај приметливи благи знаци. Мажите сепак имаат поголеми шанси да сфатат дека нешто не е во ред, бидејќи кај нив процентот на оние без никакви знаци е помал - 50%. Затоа, доколку се заразиш, имаш големи шанси воопшто да не знаеш.


Заразените можат долго време да имаат кламидија без да се развијат симптоми, а заразата се шири преку сексуални односи без заштита. Некои девојки со години боледуваат од кламидија, а го откриваат тоа дури кога безуспешно ќе се обидат да затруднат. Доколку сепак постојат, симптомите се појавуваат по една до три недели по половиот однос без заштита со некој кој е заразен од кламидија, а тие се:

Кај мажите: инфекцијата најчесто предизвикува уретритис - воспаление на надворешниот дел на мочниот систем сместен во телото и главата на пенисот. Како симптоми може да се јават проблеми и печење при мокрењето, светол исцедок, честа потреба за мокрење и евентуално црвенило на главата на пенисот.

Кај жените: исто така се јавува воспаление на мочниот систем и цервицитис - воспаление на матката, како и печење при мокрењето и исцедок со жолтеникава боја.


КАКО ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ?

Инфекцијата најчесто доаѓа "во пакет" со некоја друга полова болест, најчесто со ХПВ (Human papiloma virus), па при тестирањето на кламидија добро е да се побара детален преглед и тестирање на други болести. Кламидијата не може да се открие со обичен преглед, туку исклучиво со лабараториски тестови.

Кај мажите: обратете се кај матичниот лекар и побарајте упат за уролог каде ќе го извршите тестирањето. Потребен е примерок (брис) кој ќе биде испратен на анализа во лабараторија.

Кај жените: за време на гинеколошкиот преглед се зема брис кој се праќа на анализа. Постапката трае неколку секунди и е безболна.



КАКО СЕ ЛЕЧИ?

Кламидијата се лечи со антибиотици, а истовремено на терапија треба да се подложи и партнерот.


ШТО ДОКОЛКУ НЕ СЕ ЛЕКУВАМ?


Доколку не знаеш дека имаш кламидија и не се лекуваш, следат сериозни компликации. Освен тоа, можеш да заразиш и други, а воопшто да не си свесен/свесна за тоа.




BEBICA -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (14.1.2010 10:00:47)

Кламидијата навистина е страшен проблем.
Заболуваат само жените,мажите се само преносители.
(доколку еден или сите овие наведени не ги сметате за сериозен проблем-инфекцијата најчесто предизвикува уретритис - воспаление на надворешниот дел на мочниот систем сместен во телото и главата на пенисот. Како симптоми може да се јават проблеми и печење при мокрењето, светол исцедок, честа потреба за мокрење и евентуално црвенило на главата на пенисот.)
Потребно е да се земе брис,кое што кај мажите е болна работа,соодветно на тоа што едно стапче со памук напред (многу личи на оние `чепкалките` за уши) треба минимум 1,5цм да го ставиш во уретрата...
ама кога ќе сконташ какви се проблеми може да направиш и тоа на несакање и незнаење кај твоите партнери... ќе издржиш.

Откако ќе се установи проблемот,терапијата е локална (со антибиотски масти) и општа (пер ос-преку уста) антибиотски таблети.
Важно.
Терапијата мора да биде земена навремено и целосно.
(значи не може два дена да мачкаш и да пиеш таблети,па еден да паузираш... и не може да се откажеш после третиот ден).




Еца -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (14.1.2010 10:09:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mami4ka

Ако сте сексуално активни треба да се грижите за здравјето на вашиот полн орган.Ако приметите дека нешто не е во ред,проверете ги симптомите и посоветувајте се со вашиот лекар.
Една од најчестите сексуално преносливи болести -STD(sexually transmitted disease) е кламидијата.
Кламидијата спаѓа во најраспостранетите инфекции кои се пренесуваат по сексуален пат.Се смета дека преку 5% од возрасната популација е инфицирана.Кај сексуално активните жени овој процент изнесува 10%.Позната е како `тивка болест`,бидејќи многу луѓе не знаат дека имаат кламидија,бидејќи иако се инфицирани не мораат да ги имаат симптомите.Околу 75% заболени жени и половина од бројкава заболени мажи немаат никакви симптоми од оваа болест.Ако не се лечи доведува до болни проблеми и стерилитет.Кламидија се пренесува преку вагинален, анален и орален секс.Може да се пренеси од мајката на детето за време на бременоста.
Симптомите кај жената можат да бидат следните:
-Болка и крварење во текот на сексуалниот однос
-Пецкање во текот на уринирањето.
-Крварење помеѓу две менструации
-Абдоминална болка
Симптомите се појават обично се јавуваат од 2 до 6 недели по инфекцијата,но симптомите некогаш се појавуваат и подоцна.Дури и без симптоми,кламидијата може да се пренесува и да доведи со озбилни проблеми за здравјето и стерилитетот.Поради оваа причина секој изложен на ризик треба да биде тестиран.Тестовите можат да се направат на основа на мокрачата или на основа на примерок земен дирекно од матката.

Нелечењето на кламидијата може да го зголеми ризикот од пренесување на ХИВ вирусот,а кај жените инфекцијата може да доведи до PID (pelvic inflammatory disease),односно воспаление на карлицата.

Кламидијата се лекува со антибиотици,а важно е и партнерот да биде третиран поради превенција.Се избегнува секс во текот на лекувањето за да се одбегне повторното добивање на болеста или пренесување на инфекцијата на некој друг.

На крај, повторно она од почетокот.Консултирајте се со вашиот лекар.Водете грижа за вашето здравје и користете кондом при сексот за да ја избегнете,односно да го намалите рузикот за добивање на орасната инфекција која се пренесува по сексуален пат.Секако водете грижа и за вашиот партнер.




bojanas -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 10:03:27)

И немојте никогаш да помислите дека еднаш засекогаш сте се откчиле од неа. При секое намалување на имунитет таа повторно се враќа. Барем кај мене




Enika -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 10:09:27)

Не сум чула дека при секое намалување на имунитет се врака...барем мене гинеколог такво нешто ми нема кажано...бојанас кламидија ако ја лечиш не праи проблеми....е ако стане хронина како кај тебе тогаш треба да превземеш некои мерки. Имав јас и мн ужасно се осекав...двапати примав терапија и од 2 пат со м јака терамија( вибрамицин два пати на ден 7 дена комбинирано со сумамед пред започнување на терапијата со вибрамицин 1 ден и исто 1 ден после завршување со вибрамицинот) ми се исчисти...докторот ми рече треба мн години да поминат да се пренесе во каналите....ако ја седиш на време ништо страшно.Кламидија е болест која функционира како бактерија...се лечи со антибиотици...и нормално апситенција за време на терапија!!!

Ако нее проблем ке ми кажеш што терапија си примала?




bojanas -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 10:19:14)

Сумамед, вагиналети, апстиненција.
По 4 контроли немав ништо. По 2 години имав бронхит и бев 2 недели болна повторно ги имав истите болки и исцедок.
И пак истото. И пак терапија. Сега на последните 2 контроли немам ништо.





Enika -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 10:23:54)

Хммммммм...леле јас 1 месец од кога на тест показа дека неам и гин ми вика супер средено...ама не правеше дечко ми тест докторот рече нема потреба, дури ми рече и слободно прај си бебе ако сакаш, ама сеа ми се појави цистит и печење кога мочкам...и мислев еве ја пак, ама испадна др на мокрача...незнам сеа дали да одам брис да миземат на гинеколог пак[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




bojanas -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 10:26:41)

Јас секогаш правам брис за кламидија кога одам на гинеколог не е лошо да провериш. Можеби е некоја друга бактерија што ти го предизвикува циститот (ешерихија коли не пр има слични сиптоми).




Enika -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 12:29:59)

Правам и јас секогас брис правев пред 1 месец ама пак страв ме фака...а цистито решив од што е..ми ја најдоа другарка ми ешарихија коли и сеа пијам чаеви еден тон и треба да ми препишат антибиотик...сакав за секој случај да проверам брис од вагина пак




ripce -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 20:17:48)

Поврзаноста на хламидијата со развојот на ракот на грлото на матката
Гениталните инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis претставуваат голем и важен јавноздравствен проблем. Проценките на Светската здравствена организација (СЗО) говорат дека годишно во светот се откриваат околу 50 милиони нови случаи на заболени од инфекција со Chlamydia
trachomatis.

[image]http://www.rak.mk/images/stories/news/chlamydia-trachomatis.jpg[/image]
Chlamydia Trachomatis

Хламидијата е водечки причинител за гнојното воспаление на грлото на матката, за карличната воспалителна болест. Хламидијата е причина за неплодноста и вонматеричната бременост. Ракот на грлото на матката е еден од најчестите карциноми кај жените. Епидемиолошките студии покажуваат дека раниот почеток на сексуалната активност претставува еден од факторите на ризик за настанување на ракот на грлото на матката. Подтиповите на хуманиот папилома вирус (ХПВ) се наоѓаат скоро во секој новооткриен случај на рак на грло на матка. Многу студии покажале дека прележувањето на инфекцијата со ХПВ вирусот е директно поврзана со подоцнешниот развој на ракот на грлото на матката. Бидејќи и инфекцијата со хламидијата, исто така, се пренесува по сексуален пат, се наметнува прашањето за поврзаноста на хламидијата и ракот на грлото на матката. Неодамнешните сероепидемиолошки студии ја докажале оваа поврзаност, дури и ако се исклучи влијанието на пушењето и присутноста на серумските антитела против подтиповите на ХПВ вирусот. Хламидијата е специфично врзана со развојот на карциномот на плочестиот епител на грлото на матката, но не и со развојот на аденокарциномот на грлото на матката. Меѓу серотиповите на хламидијата, серотипот G е најчесто поврзан со развојот на планоцелуларниот карцином на грлото на матката, додека присутноста на серумското IgG антитело на повеќе серотипови, дополнително го зголемува ризикот за малигна трансформација. Поврзаноста на хламидијата со ракот на грлото на матката е неочекувано откритие. Имено, добро е познато дека таргет на хламидијата се ендоцервикалните жлездени клетки и дека жените со ектопија на слузницата на грлото на матката се склони кон оваа инфекција.




Enika -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (15.1.2010 20:23:47)

хмммммм Еве ја имам ХПВ а и сум имала кламидија...ама па јас ХПВ добив сексуално неактивна уште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]иако беше нискоризичен на почеток




Aceva -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (18.1.2010 1:22:29)

Гениталните инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis претставуваат голем и важен јавноздравствен проблем. Проценките на Светската здравствена организација (СЗО) говорат дека годишно во светот се откриваат околу 50 милиони нови случаи на заболени од инфекција со Chlamydia trachomatis.
[image]http://www.rak.mk/images/stories/news/chlamydia-trachomatis.jpg[/image]Chlamydia Trachomatis

Хламидијата е водечки причинител за гнојното воспаление на грлото на матката, за карличната воспалителна болест. Хламидијата е причина за неплодноста и вонматеричната бременост.
Ракот на грлото на матката е еден од најчестите карциноми кај жените. Епидемиолошките студии покажуваат дека раниот почеток на сексуалната активност претставува еден од факторите на ризик за настанување на ракот на грлото на матката. Подтиповите на хуманиот папилома вирус (ХПВ) се наоѓаат скоро во секој новооткриен случај на рак на грло на матка.
Многу студии покажале дека прележувањето на инфекцијата со ХПВ вирусот е директно поврзана со подоцнешниот развој на ракот на грлото на матката. Бидејќи и инфекцијата со хламидијата, исто така, се пренесува по сексуален пат, се наметнува прашањето за поврзаноста на хламидијата и ракот на грлото на матката.
Неодамнешните сероепидемиолошки студии ја докажале оваа поврзаност, дури и ако се исклучи влијанието на пушењето и присутноста на серумските антитела против подтиповите на ХПВ вирусот.
Хламидијата е специфично врзана со развојот на карциномот на плочестиот епител на грлото на матката, но не и со развојот на аденокарциномот на грлото на матката. Меѓу серотиповите на хламидијата, серотипот G е најчесто поврзан со развојот на планоцелуларниот карцином на грлото на матката, додека присутноста на серумското IgG антитело на повеќе серотипови, дополнително го зголемува ризикот за малигна трансформација.
Поврзаноста на хламидијата со ракот на грлото на матката е неочекувано откритие.
Имено, добро е познато дека таргет на хламидијата се ендоцервикалните жлездени клетки и дека жените со ектопија на слузницата на грлото на матката се склони кон оваа инфекција.
Извор: www.rak.mk




Тивко -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (6.2.2010 19:19:42)

Заебано ...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] подалеку нека е!




mis. -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (5.3.2010 15:09:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: миринда

kako se leci klamidija vo krv dali nekoj znae da mi kaze? unapred vi blagodaram



ИЗВОРНА ПОРАКА: Merlin

Zdravo
verojatno klamidijata ti ja pronasle preku krv, kako i da e site bakterii se lecat so antibiotici spored antibiogram. znaci tamu kade sto ti gi napravile rezultatite ke ti dadat antibiogram koj sodrzi podatoci na koi antibiotici reagira bakterijata,  a na koi e rezistentana. Potoa odis kaj tvojot ginekolog koj spored antibiogramot ke ti prepise soodvetna terapija koja mora da ja zemas do kraj. Otkako ke zavrsis so terapijata odis na kontrola i ako tri meseci so red e negativen testot ok si.
Pozdrav






Rossana -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 12:49:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebaaa

zdravo jas sum nova tuka me interesira ako moze nekoj da mi kaze dali imal iskustvo ili poznava nekoj par sto se izlecile od klamidija i nabrzo zabremenil?




bebaaa -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 12:49:53)

klikam ali nisto ne se desava [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




bebaaa -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 12:52:05)

da ama jas sum izlecena pred okolu dva meseci me interesira dali posledici ima potoa zatoa sto se obiduvame da imame dete ama nekako neuspesno e zatoa mislam dali e do toa ili ne




bebaaa -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 12:58:27)

devojki fala mnogu sto se potrudivte




bebaaa -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 13:01:12)

pozdrav




Julie1 -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 13:01:54)

Бебааа јас не сум стручна да одоговарам, но сметам дека не треба премногу да се оптоваруваш дали Кламидијата направила некој проблем. Пробај да се опуштите уште некој период и без размислување дали ќе биде или не овој пат водете љубов. Доколку и во иднина нема да има резултати, тука може да прочиташ кои се испитувања ги прават жените за да се дознае причината. Но сигурна сум дека скоро ќе не израдуваш со убава вест. Дружи се со нас бебааа и нашата енергија ќе ти помогне да дојдеш до целта и скоро да ги броиш неделите до породување.




Палешка РР -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (9.5.2010 13:11:53)

Еве bebaa уште нешто. Се надевам дека ти помогнавме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Нелекувана кламидија - неможност за забременување

Кај жените во 80 отсто е без симптоми, а ако се појават, тоа се печење и болки при мокрење, вагинална секреција или крвавење, болен сексуален однос

Една од најраспространетите бактериски причинители на сексуално преносливите болести е Chlamidia trachomatis. По своите микробиолошки карактеристики е грам-негативна облигатно интрацелуларна бактерија. Честотата на нејзината појава е 3 до 5.000.000 случаи годишно. Кај адолесцентки без симптоми, тестот за Chlamidia trachomatis е позитивен во 5 до 10 отсто, а кај сексуално активни личности во 10 отсто. Постојат три различни генитални родови на хламидијата што може да предизвикаат различни клинички манифестации - трахом (заболување на очите), околугенитални инфекции и лимфогранулома венерум (зголемување на лифни јазли околу гениталниот тракт).

Бактеријата навлегува и кон цилиндричниот епител кој се наоѓа на грлото на матката, мочниот канал (уретра) и дебелото црево, а начинот на пренесување е преку полови односи (најчест начин на пренесување), мајчино-фетелна трансмисија како последица на директен контакт на новороденото со родилните патишта на мајката во текот на породувањето и од гениталните органи индиректно преку рацете на око.

Бактеријата може да биде присутна во спермата, вагиналниот секрет, крвта и во урината.

Кај мажите најчесто се манифестира со печење и болки при мокрење, зголемен секрет од пенис, болки во тестисите и во долниот дел на стомакот, како и болен сексуален однос.

Кај жените во 80 отсто е без симптоми, а ако се појават, тоа се печење и болки при мокрење, вагинална секреција или крвавење, болен сексуален однос. Акутната форма се манифестира со болка под десниот ребрен лак, повраќање и покачена температура. Ако премине во хронична форма, се развива таканаречениот синдром на пелвична инфламаторна болест со создавање на нежни прираснувања на и околу јајцеводите, што понатаму може да водат до тешкотии и неможност за забременување.

Како посебен може да се издвои Рајтеровиот синдром со конјунктивит, воспаление на уретрата или на грлото на матката кај жената, воспаление на зглобовите и карактеристични промени на слузници и на кожа.

Нелекуваната инфекција кај жената може да доведе до предвремено породување, а кај новороденото до инфекција на очите.

Една од најчестите компликации при хронична инфекција со хламидија е стерилитет кај мажи и жени.

Кај жените може да доведе до појава на вонматерична бременост, а во бременост - до предвремено прскање на плодовите обвивки и предвремено породување, спонтан абортус. Постојат и податоци за заостанување на растот и развојот на плодот интраутерино.

Дијагнозата се поставува со земање брис, зависно од локализацијата на инфекцијата. Кај мажи може да се детектира и преку урина, а за посигурна дијагноза се испитуваат и антителата во крвта (серолошка дијагноза кај двата пола).

Постојат повеќе препорачани режими за третман за хламидијалната инфекција. Најчест препорачан режим е лекување со антибиотска терапија (Summamed, Doxscscli, Josamyci...). Препораки при третман се: да се третираат обата партнери, првата доза да се испие под лекарска контрола, а при сексуални односи да се употребува кондом. Контрола за ефектот на терапијата се спроведува најмалку шест недели по третманот. Во бременост, во договор со гинеколог, се препорачува антибиотска терапија што не е контраиндицирана (Erytromyci, Amoxicili).

Инфекцијата на очите кај новороденото се превенира со соодветни антибиотски капки, а при акутна инфекција се третира со системска терапија. Се уште не постои протокол за скрининг, односно пронаоѓање на ризична група жени што би требало да се испитаат за постоење на оваа инфекција.




Sandra113 -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (2.6.2010 8:52:21)

Devojki,

Ve molam za pomos, se raspametiv veke...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]Sedumnaesta nedela sum bremena i mi otkrija Chlamidia. Vikaat ne bilo strasno, ama posto se se iznacitav na internet, moze li nekoj da mi kaze dali imal vakvo iskustvo?




Sandra113 -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (2.6.2010 9:12:53)

Devojki,

Ve molam za pomos, se raspametiv veke...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Sedumnaesta nedela sum bremena i mi otkrija Chlamidia. Vikaat ne bilo strasno, ama posto se se iznacitav na internet, moze li nekoj da mi kaze dali imal vakvo iskustvo?


Fala odnapred...




Палешка РР -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (2.6.2010 9:24:50)

Најважно е да не се нервираш и потресуваш Сандра, ќе ја излечите до пред крајот на бременоста. Само следи ги советите од докторите. Се надевам ќе се јави некоја мамичка која лечела кламидија во бременост. 




Sandra113 -> RE: Кламидија-скоро неприметна полова болест (2.6.2010 9:53:43)

Ti blagodaram Paleska za utehata, i jas se nadevam deka nekoja majka sto go pominala ova ke mi dokaze deka ne e se taka crno...

p.s. cestitki za ukazanata doverba i praviot izbor od RR. Znam deka ke bides super urednik. Pozdrav




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>