vezilka RR -> RE: Криза во вашата фирма (28.1.2010 15:24:51)
|
Во секторот во кој јас работам, граѓанскиот сектор, кризата настапи пред две години, и тоа не како резултат на оваа глобална светска економска криза, туку како резултат на глобалните светски политики. Донаторите кои даваа пари за граѓанскиот сектор во македонија во најгоем број се повлекоа од Македонија пред две години, а тие што останаа, ги измешаа своите ингеренцции, односно парите почнаа да ги даваат на меѓународни организации кои треба да решаваат локални проблеми, место на локални граѓански организации кои всушност најдобро ги знаат проблемите и кои веќе 10тина години се занимаваат со тиа прашања. Жалосно, но граѓанскиот сектор во Македонија е на работ на финансика одржливост. Од друга страна пак еден од условите за влез во ЕУ е силно и компетентно граѓанско оштество кое ќе биде коректор и партнер на државата во напредокот на земјата..
|
|
|
|