|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:26:26   
BEBICA
Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.

Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.

Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.

Најчести анализи:

Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.
  • M (20-50 год) 3-13 mm/h
  • M (над 50 год) 2-23 mm/h
  • Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
  • Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.
  • RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
  • WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
  • PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
  • Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
  • Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
  • Hct - удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.
  • MCV - Среден обем на еритроцити.
  • MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
  • MTV - Просечен среден обем на тромбоцити
Состојба на црниот дроб

Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT - 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.


Состојба на бубрезите
  • Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
  • Креатинин - нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас
  • S-алфа амилаза - нормална: 28-100 IJ/I
  • U-алфа амилаза - нормална: - 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)

Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

Штитна жлезда - Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 - 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 - 23.1pmol/l.

Масти во крв
  • Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
  • HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
  • LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
  • Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити
  • Натриум (Na) - 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
  • Калиум (К) - 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:28:19   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image за Бебица...Одлична тема...Мислам дека недостасуваше на форумов...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:30:10   
BEBICA
Па мислам дека ке биде од корист за многумина.И јас некогаш сум збунета а најчесто матицниот докрот кажува дали е во ред или не но не објаснува детално.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:30:20   
profesorica
сега конечно ќе можеме сами да си ги толкуваме резултатите од крвните слики.мене искрено некои кратенки не ми беа јасни

одличен 10 БЕБИЦЕuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:34:03   
arh_diz
Браво бебица . Јас праве во саботата резултати на крв се беше добро само Д диметор ми беше малку покачен но гинекологот рече можеби е од тоа сто сум повракала сум изгубила многу вода. Дај боже да е така за 2 недели пак треба да правам анализи ако не лелле инекциии

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:34:59   
profesorica
арх_ диз ај сега немој така одма инекции- ќе видиш се ќе биде во редuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 14.1.2010 10:35:11 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
14.1.2010 10:40:21   
ripce
минатата недела кога ме примија со алергијата ми правеа анализа на крв и урина... од споредбата со овие вредности колку што можам да забележам сите вредности горе доле се во нормала, освен гликемијата 8,3... доста ми е покачена, веројатно тоа се должи на сето благо што го изедов за празницитеuser posted image ќе морам малку да се воздржам од благо инаку нема многу да биде за смеење.

< Поракaта ја уредил ripce -- 14.1.2010 10:41:15 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
18.1.2010 1:33:46   
Aceva


Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика. Крвната слика, како што велат лекарите, е огледало на нашето здравје. Затоа е корисно повремено да ја проверуваме крвната слика.
Намалениот број на црвени крвни зрнца (еритроцити) и намаленото ниво на хемоглобин во крвта може да ни укажат на присутна слабокрвност или анемија. Енормното зголемување на црвените крвни зрнца, исто така, може да биде показател на повеќе заболувања.
user posted image
Зголемениот број на бели крвни зрнца (леукоцити) во крвта е знак за воспаление или за постоење на некое воспалително жариште скриено во организмот (гранулом на заб, воспаление на мочниот меур – цистит, бактериска инфекција на мочните патишта и друго), но е знак и за некои други посериозни заболувања.
Намалениот број на бели крвни зрнца односно леукопенијата најчесто е знак за вирусна инфекција, но може да се јави и при земање на одредени лекови, а е знак и за некои потешки заболувања. Леукопенијата не се лекува, туку се лекува причината која довела до појава на леукопенија односно до намален број на леукоцити во крвта.
Зголемениот број на тромбоцити т.е. крвни плочки во крвта, може да ни укаже на ризик за појава на тромби, бидејќи тромбоцитите учествуваат во згрутчувањето на крвта и во запирањето на крварењето.
Лабораториските анализи се неопходни за да се постави точна дијагноза. Земањето на крвта трае многу кратко и скоро е безболно. За повеќето лабораториски анализи на крвта не е потребна некоја посебна припрема. Сепак, за да се добијат поточни резултати обично се препорачува да не се јаде 12 часа.
Од лабораториски анализи се прават: анализа на крвта и на мочката. Со овие анализи може да се види состојбата и функцијата на бубрезите, црниот дроб, коскената срцевина, панкреасот.
Кога станува збор за лабораториски испитување на крвта, тоа подразбира два вида на анализи.
Едните анализи се состојат во испитување на видот, бројот, односот и изгледот на крвните елементи (црвени и бели крвни зрнца и крвни почки). Таа анализа е позната како крвна слика.
Со другите аналзи се проверува биохемискиот состав на крвта и врз основа на тие анализи се утврдува функцијата и состојбата на поедни органи и ткива.
За да се провери крвата слика доволно е да се земе крв од прстот, додека за поопсежните биохемиски анализи на крвта, потребно е да се земе крв од вена на раката.
Како функционира црниот дроб и каква е неговата состојба покажуваат неколку анализи на крвта, како мерење на нивото на ALT, AST, гама GT и билирубин. Зголемените вредности на било кој од овие анализи укажуваат на оштетување на црниот дроб, но и на некои други заболувања. така на пример, зголемените вредности на билирубинот во крвта укажува на опструкција (зачепување) на жолчните патишта, а зголемените вредности на AST во крвта може да бидат показател на некое мускулно заболување.

< Поракaта ја уредил виктори -- 15.4.2011 21:18:16 >

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
18.1.2010 12:10:03   
Bogdancanka
user posted image user posted image user posted image Браво Бебица прекрасна е темава бар понешто да ни биде јасно,а не кога ке видам резултати да се чудамuser posted image




_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
21.1.2010 20:47:35   
Janka
Здраво на сите! Ја сум Јанка и сум во 29та недела од бременоста, и редовно си го посетувам сајтот и форумот, супер е! user posted image
Кога веќе разговараме за толкување на резултати, се надевам дека ќе може некој да ми помогне...дали ви се познати фактор 8 и Билебранд? Анализа на крв за овие два фактора се прави на трансфузиологија, а двата фактора се поврзани со згрутчување на крвта....денес ги добив резултатите и излезе дека крвта се згрутчува повеќе (и побрзо) отколку што е нормално....на пример нормални вредности се од 60 до 120 % а мене ми е 186 % user posted image
Ме интересира дали некој правел вакви анализи? Утре повторно треба да одам на клиника да направам испитување затоа што сакаат да ми ја следат состојбата, а мене одењето таму ми е голем стрес user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:35:00   
Еца
Драги мои уште од сега срцето ми се стега, резултатите за Мила се конечно готови и денес одам на имунологија да видиме какви се. Ќе ви пишам подоцна иако јас се сомневам дека ќе покаже алергија на одредена храна, поточно млеко, ќе ве информирам штом се вратимеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Janka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:39:22   
mami
И ние денес бевме да ни вадат крв. Мора да го провериме железото и во понеделник конечно на вакцина

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:42:58   
Iva
user posted image user posted image user posted image За Еца, се надевам дека се ќе биде во ред. Ќе чекам да пишеш.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:48:12   
arh_diz
Eca alergija na hrana i prenoslivost ( neznam kako da go prevedam na mak se dva razlicni poima)
Eden moj prijatel pravese test alergija na hrana i mu pokaza deka mlekoto za nego e super. A toj samiot ima poteskotii so mlekoto koga go konzumira. Posle go pravese ovoj vtoriot test i tamu se pokaza deka mleko nesmee da konzumira

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:52:33   
mami
Еца не се секирај, барем ке си на чисто од што е и ќе знаеш како понатамуuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
27.1.2010 8:54:34   
vezilka RR
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за Еца..се ќе биде во ред. Чекаме да ни пишеш кога ќе се вратиш..

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
30.1.2010 1:04:52   
bablgam
Denes na malata i pravevme krvna slika ...se bese vo red samo hematokritot i bese30.6(32.0-44.0)sto znaci ispod dolna granica.Dr ni rece malku krvta i e razredenauser posted image user posted image user posted image Moze li nekoj da mi objasni sto vsusnost e HEMATOKRIT i dali e nesto seriozno.Inaku hemoglobinot ni e 112(95-135),eritreocitite 4.42(3.20-5.20)user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
30.1.2010 8:59:13   
caci20
Hematokritot e procent na crveni krvni kletki vo krven primerok. Se meri vo procenti. Primer hematokrit od 25% znaci deka ima 25 mililitri na crveni krvni kletki vo 100 ml. krv Normalnite vrednosti na hematokritot zavisat od starosta, polot na individuata itn. Normalni vrednosti se:
Novorodence 55 - 68%
Bebe edna nedela 47 - 65%
Bebe eden mesec 37 - 49%
Bebe tri meseci 30 - 36%
Godinace 29 - 41%
Na deset godini 36 - 40 %
Vozrasni mazi 42 - 54%
Vozrasni zeni 38 - 46%
Ovie vrednosti moze da se razlikuvaat pomegju labaratoriite.
Obicno namalen hematokrit e znak na anemija

(Одговор на членот bablgam)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 9:51:46   
elence
Zdravo Bebica, bravo za temava.user posted image user posted image user posted image
Znaev deka i za ovaa problematika ke najdam informacii na Ringeraja user posted image

Me interesita sto znacat pokaceni limfociti i sto se toa limfociti?  Referentnata vrednost e 25-42%, a kaj mene se 44.2%
Isto taka namaleni mi se eritrocitite 3.9, a  hematokritot mi e na dolna granica (znam deka ova e anemija)
Sedimentacijata mi e isto taka pokacena 12/26 i sekerot mi e na gorna granica 6.11
Ti gi pisav i drugite poremeteni vrednosti, ako ti znacat nesto odnosno da ne imaat nekoja povrzanost so pokacenite limfciti.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 10:43:36   
BEBICA
Limfocitite proizveduvaat antitela i ucestvuvaat vo odbrana od virusi.

Zgolemeniot broj na limfocitite(limfocitioza) znaci: virusni infekcii( Epstein barr virus, citomegalovirus, rubeola), toksoplamoza, bruceloza.

Namelen borj na limfocitite( limfopenija) se javuva kaj lecenje so kortikosteroidi, infiltracija na koskenata srz, AIDS, pri primena na radioterapija i hemoterapija.

Elence sepak treba da go zajaknes organizmot.Normalno vo konsultacija so tvojot lekar.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот elence)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 15:48:28   
BILJANA_G
A za tocni rezultati za sedimentacija,mora od vena ili se edno e.Na Angela i zemaa od prste ne uspea sestrata da i zaeme od vena,pa mi vika ajde isto e.A prven mi vika za ispituvanje sedim.treba krv od vena.Sega so da pravam dali da i proveruvam na drugo mesto.Sto mislite.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 15:52:19   
BEBICA
Of Biljana e za ova neznam.Naiskreno

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 16:20:14   
Тања РР
Билјана не се секирај, капиларната крв може да се користи за одредување на седиментација особено кај педијатриски пациенти. Провереноuser posted image

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
25.2.2010 16:24:15   
BILJANA_G
Tanja ti se zablagodaruvam za odgovorot.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Анализа на крв- толкување на резултатите
4.3.2010 15:07:38   
nutelizza
Денес самоиницијативно бев да му проверам крвна слика и урина. По ова што гледам крвната слика му е добра и кај урината е Ок ама долу пишува bacterii 7.8 kristali triple fosfati

user posted image user posted image user posted image

Некој за помош?

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?