I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


ripce -> I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 14:57:28)

Ако ја има темава бришете ја... а што се однесува до насловот јас не умеев да го преведам како што треба, а и мислам дека е најдобро да стои во оргинал.

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!




penelopa -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:07:54)

Мислам дека повќе би рекла кој како се чуствува.
Биолошки гледано после 21-та година завршува периодот на адолесценција и започнува т.н период на зрелост. Ја себе си со своите 26 години се чувствувам како потполно зрела личност, сум ги поминала сите фази на созревање..образование, сопруг..како жена па не сум сеуште исполнета т.е сеуште не се чувствувам бидејки немам деца, немам постојана работа..имам уште предизвици пред себе.





alex_mo -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:20:12)

     Се сложувам дека е најважно како се чувствуваш,а секако и како изгледаш.На пр имам многу мои врснички кои кога ќе ги видиш занеш дека се жени со деца-домаќинки(сакаат така да изгледаат),а пак има и такви кои мораш да ги прашаш до каде се во животот(сопруг,деца),изгледот не ги оддава од девојките.
    Уште месец и нешто ќе наполнам 33 години,мажена сум 12 години ,а син ми има 11 години.Кого почнав на последново работно место една колешка ме праша која генерација сум ,а јас и викам 1984(а сум 1977),а таа-Леле ние сме генерација,па каде учеше ,па јас мислев дека си помала од мене.Се изненадив што ми поверува и и ја кажав вистината.Не веруваше.Ми ја виде личната карта и цела недела само тоа го зборуваше.Да не излезе како фалба ама пред бременоста имав 54кг,обечена ов фармерки ,тесни маички едноставно како детенце.....Затоа потрудете се да изгледате помладо,стари или изглед на жена можеме да имаме секогаш кога ке посакаме..




zami -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:38:53)

se e do vnatresnoto cuvstvo.

jas imam 33, i sin od 5, do skoro me vikaa devojce po salterine. sega malce nabaciv na kilaza i pocnav poveke da licam na ,,zena,, iako seuste koga ke mi kazat gospogo se stresuvam po malce.

a decata ne ne ostaruvaat, naprotiv ne podmladuvaat.
pokraj sin mi ja izgubiv serioznosta, osobeno koga bese pomal, i tatko mi znaese da komentira, ,,ete sto ocekuvas od deteto, vidi ja majka mu,, [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ne se vazni godinite, vazno e vnatresnoto cuvstvo.




zami -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:45:17)

e sega, iskreno zalam, za onie koi prerano stanale majki, ama verojatno i toa si ima svoi prednosti.
obicno mladite roditeli polesno se spravuvaat so pubertetot kaj svoite deca.

jas imav sreka se da se odviva po programa, fakultet, pa malku rabota so pari za sebe, pa brak, pa dete, e vtoroto malku go kasnam ama imam uste nekoja godina fora.




lilit -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:53:57)

 Јас сум девојка со меше[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]така се чувствувам зашто сите кога ќе  ме видеа со син ми се чудеа дека емој!Воопшто не личев на жена зашто си одев во фармерчиња маички косата фатена во репче !Смешки.Дури еднаш една девојка ме праша дли сум го родила Марко како средношколка се [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]не и викам туку како студентка и тоа на 23 години ме изнасмеа убаво а она се засрами.Инаку се чувствувам како да имам 18 а не 29 години се уште слушам рок  и се будалам со Марко у пакет.




arh_diz -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 15:58:08)

Јас имам 32 години сеусте немам деца но кој ме видел досега не ми дал повеке од 25 години .А кога сум облецена поспортски ме прават уште помала. Годините не се важни важно е како се чуствуваме ние .




Bogdancanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 16:08:19)

se soglasuvam Arh_diz godinite ne se vazni vazno e kako se custvuvame nie[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ako nemam decinja ali jas seuste ne se osekam kako zena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]duri mi e smesno koga nekoj ke mi kaze zena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Anushka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 16:22:51)

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!

[/quote]
Рипче, имаме слично искуство. Внимавај, тоа искуство ми направи да не се чувствувам дека припаѓам ниту ваму, ниту таму. Тоа некогаш знае да биде лошо, но и кул.
Во тоа време, за другарки, па веќе бев жена, а за жени, девојче. Така и остана до ден денешен. Еве, по скоро 20 год, пак санав мајка, овој пат на стари одини. И некако тоа мое припаѓање ниту ваму, ниту таму, пак ме „замрзна“ во годините. Анегдота:
се породив, а доаѓа сопругот да ме посети, сефте. Влага бабицата со бебенцето и му вика на мм: „ај честито внука..“ Смешки. Нормално, мене ми ласкаше ситуацијата, а за мм ми беше неизмеро жал.
Но, од друга страна, се заглавив таму некаде измеѓу, пораснав, завршив факултети, изгледав арслани, а сигурноста и самодовербата ми останаа малецки. Ете, гледам многу посмотани од мене како успеале во животот, а јас сеуште се чувствувам „големо дете“.




vezilka RR -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 17:00:58)

Девојка или жена..јас не гледам разлика. Според годините што ги имам, соро 32, веќе сум прешла од девојка во жена, но не се сеќавам кога..мислам дека тоа се гледа во очите на другите, односно нивната перцепција за мене. Значи јас сум сеуште истата, со истите ставови и чувства, само постара, ама другите ме гледаат поинаква, и соодветно со тоа имаат поинакви очекувања за мене и моето однесување..Комплицирана работа..:)




ripce -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 17:17:43)

а сигурноста и самодовербата ми останаа малецки


Зашто? Мене баш ми личиш на жена со самодоверба, жена која е сигурна во себе. Сериозно!




BEBICA -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 17:53:07)

Mm ponekogas znae da kaze deka otkako se ozenil dobil dete a sega koga stana tato ima dve decinja[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Tocno deka sum sozreana no ponekogas sum bas kako malo dete koe se raduva na najmala sitnica a znam i da se rasplacam za nekoja glupost.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Vo mene e zaglaveno nekoe nemirno detence koe ponekogas se buni, no takva sum.
Imam detski duh a lik na zena za svojte godini.




tereza -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 21:58:05)

јас имам скоро 26 години и имам уште предизвици пред себе, маж,деца... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ама се чувствувам пријатно и вака,а кога ќе дојдат тие моменти сигурно ќе се почувствува некоја промена што е нормално.А засега само си претпоставувам како ќе ми биде како мажена па со деца....си се замислувам и си се смеам самата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]штознам чудно ми е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  




Bitolcanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (14.1.2010 22:51:14)

Јас имам 26, пред месец и нешто наполнав. На моменти се чувствувам како стара баба, често ми е мака, тешко, ме фаќа мрз одвреме навреме [sm=smiley36.gif] потешко поднесувам студ, не се движам често пешки, за разлика од порано, а на моменти се чувствувам како тинејџерка, некогаш и девојченце - детенце [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Не изгледам како за моите години, посебно до пред година-две кога излегував по кафулиња (кафичи по битолски [sm=smiley1.gif] ) Често обезбедувачите кои стоеја на вратата ми бараа лична карта, мислејќи дека сум малолетна [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Ме сметале за 10 години помлада - на 25 некои мислеа дека имам 15 [sm=smiley36.gif] Донекаде ми годеше тоа, можев и да лажам ако сакам, но не лажев, сепак. На 18-годишна возраст една баба ме праша дали сум омажена, а дедото до неа рече: "Како омажена, ова е 13-годишно девојче" [sm=smiley36.gif] Една циганка, барајќи милост го благослови дечкото: "Да ти е жива ќерката", на што мене ми беше смешно, ама нему не му беше воопшто сеедно... Ми се имале обратено и со "тетке" кога бев многу здебелена. Инаку се чувствувам како девојка, што и сум и ми паѓа многу чудно кога некое мало детенце на пријател/ка, роднина и сл. ќе ми се обрати со "тета". Ми се чини како другарчиња да ми се, тогаш сфаќам дека сум остарена и ми дошло време да имам свое детенце [sm=smiley1.gif]

Во секој случај, се сложувам - се зависи од тоа како ти самата се чувствуваш. Сите ние, длабоко во срцата сме невини дечиња. Често и така се однесуваме, се радуваме на мали нешта... За мене можам да кажам дека со детето сум дете, со младиот човек-млада-девојка, со стариот човек-стара жена.




profesorica -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 10:25:26)

јас сум уште дете-девојка, ако сум без дамјан излезена никој не би ми дал ни маж ни дете.за жените сум девоче.многу често на фризер кога сум доаѓаат жени и многу често фризерката ги убедува дека имам дете.не и веруваат.

јас не се осеќам како жена иако имам 28 полни години.имам леб да јадам додека станам зрела жена.

што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 21:39:09)

Потполно се сложувам со тебе profesorice. И јас, ако не прочитав колку години има ripce, никогаш немаше да погодам, делува толку зрела за годините - како искусна жена и мајка [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




ripce -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 23:06:29)

фала ви многу... веројатно многу ми се има случено за моите години (уште месец дена точно 20 на број), искуството не прави (барем би требало да не прави) помудри и позрели, а и многу сакам да читам и слушам туѓо искуство, па го селектирам и го прифаќам она најразумното... имам јас уште многу да учам!




Anushka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 23:18:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]



Потписссс!!!!!
Рипче, олабави малку, ќе прегориш брзо!
Сакам да кажам, успори, биди дете, имаш фора барем уште 10 год. да бидеш зрела.
Ама ај, секој за себе, секој во свое време. На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат.




jovanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 23:27:52)

Iako imam 32 god. i majka sum na dve deca vsusnost se custvuvam 10 god pomlado t.e. kako vremeto da mi zastanalo.No za toa doprinesuva i soprugot koj isto kako mene so mlad duh iako e 7 god postar od mene.Se prasuvam dali e toa do genetika ili sekogas preovladuvanje na cuvstvoto za vecno dete koe sekoj od nas si go nosi no zavisi kako i kolku saka toa da go iskaze, ili do nekade ke ja vklucam tuka i astrologijata koja isto ima vlijanie ili mozebi stilot na oblekuvanje i nacinot na ziveenje.Smetam deka od se po malku za da se cuvstvuvam taka kako sto se cuvstvuvam denes.




Bitolcanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (15.1.2010 23:29:36)

Нема за што ripce, вистината си е вистина. Сите РР-ки го делиме истото мислење најверојатно. Инаку се со возраста, како што велат. Убаво е секој период да го поминеш полека, редоследно... Младоста не се враќа. Се си има предности и недостатоци. Некогаш убаво е да се биде мајка на помлади години, но по цена на младоста [sm=zmeden.gif] Но секој со пишаното, што велат. Има и машки на твоја возраст што се оженети, си велам и се чудам - дете со дете [sm=smiley1.gif] Но, тие пак, во бракот потоа го бараат тоа што не го искусиле претходно: повеќе шетаат, некои и сами, како ергени... Машките подоцна созреваат, за женските не е толку неприфатливо.
Како што вели Анушка "На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат".




ripce -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (16.1.2010 18:38:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


што се однесува до рипче: не ја познавам лично но според постовите и четот на скајп-па понекогаш си мислам дали е можно толку млада а толку здрела, и се восхитувам и некогаш си мислам па доста и учам од неа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]



Потписссс!!!!!
Рипче, олабави малку, ќе прегориш брзо!
Сакам да кажам, успори, биди дете, имаш фора барем уште 10 год. да бидеш зрела.
Ама ај, секој за себе, секој во свое време. На едно дрво, некои цветови порано, а некои подоцна цутат.


Аууу не Анушке... Знам јас да се однесувам и како дете, најчесто кога сум со син ми, се сведувам на негово ниво па играме со играчки, пееме детски песнички, скокаме, ама знам да се однесувам и максимално сериозно. Се однесувам како што ми налага ситуацијата, местото, луѓето со кои сум во моментот и така.




niki -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (17.1.2010 17:25:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Ако ја има темава бришете ја... а што се однесува до насловот јас не умеев да го преведам како што треба, а и мислам дека е најдобро да стои во оргинал.

Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање!



Е драга моја толку ми беше инспиративна темава за пишување, се до моментот кога прочитав дека имаш само 20 години и тогаш зинав од чудење (те доживував постара по постовите, не сум те видела за да судам по изгледот). И ќе ти кажам само едно, немој да расчистуваш со себе, остани тоа што си, млада, весела и среќна. Созревањето остави го за во далечна иднина, живеј сега и уживај во секој миг, бидејќи се во животот се постигнува, само младоста се губи во неповрат.




mother 29 -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (17.1.2010 22:48:07)

hahah vie se maloletni se napravivte...bre,bre




Bitolcanka -> RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman (18.1.2010 21:27:10)

Najverojatno ripce ni e najmladata majka i RR-ka [sm=smiley1.gif] [sm=bravo.gif]




Страница: [1]