Snowhite RR -> RE: Роденден -дома или во игротека (18.1.2012 20:41:44)
|
Минатата година, зашто прв роденден се одлучивме дома да го правиме, па гостите ги поделив во дена, првиот ден, т.е. на денот на роденденот беа блиската фамилија и роднини, а во неделата денски друштвото, со посебна соба за децата. Годинава дома ќе бидиме само домашните, моите и кумот, 10 души, а наредниот ден другарките со децата во игротека. Сега се двоумам за која игротека, до скоро бев решена за една, во која најчесто одиме на други родендени, ама пред 2-3 недели бевме на роденден во друга игротека и стварно ме изненадија, зашто роденденот беше организиран баш онака како што јас стално сум замислувала и се прашував зошто тоа не го прават во игротекиве. Роденденот не беше класичен роденден, децата сами да играат, туку тие(газдите) имаа спремено игри за децата и ги анимираа, на пример скокање во вреќа, тргање јаже, па музички игри и така, и дури и дедо мраз дојде (зашто беше пред нова година роденденот). Се на се ми се бендиса игротекава. Додуша моиве гостинчина ќе бидат мали за вакви игри, ама и друга предност е тоа што ми е в комшии на другата улица. Е сега да видам уште дали е слободен терминот јас што го планирам
|
|
|
|