mis.
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sara Дали некој од вас до сега имал ваков проблем, мојот бебуш веќе 2-3 дена има зелена столица, дали е тоа нормално, што може да е причината, инаку нема други симптоми дека е настинат или нешто, баш е весел и слично инаку имаме 2 месеци и 4 недели. ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamicka3 Sara кај мене малиот е 2 мес и 9 дена од почеток цицаше само 2 дена потоа сме на адаптирано млеко исто столицата му беше зелена кога ја прашав докторката ми рече дека можеби е детето гладно.на неполни 2 месеци без една недела почнав да му давам рижолино по малку во млекото е од тогаш столицата се нормализира и ми бараше веќе на 3 часа јадење а пред тоа на час час и половина зависи.кога и кажав на докторката (не ме искара) што почнав да му давам рижолино но сега барем не ми е гладно детето.поздрав и прашај можеби не му е доволно млекото ИЗВОРНА ПОРАКА: nana I mojot bebus e na ista vozrast i imase zelena stolica pa na lekar mi rekoa deka moze da e pokazatel na glad i navistina nemav dovolno mleko pa sega go prihranuvam i se sredi i bojata na stolicata. Toa e moeto iskustvo. Pozz ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce Zelenata boja e pokazatel deka bebeto e gladno.Bojata na stolicata treba da bide zlatno zolta ili kako vikaat "staro zlato". I nie imavme takov slucaj na pocetokot,pa pocnavme so vestacko mlrko i sega e vo red.iako poretko kakame. Draga mamicke,dali otkako pocna da mu stavas rizolino pocna i poveke da napreduva? ИЗВОРНА ПОРАКА: Sara Се надевам дека не е гладен, досега супер си напредуваше по 1 кг месечно, млеко имам на претек, преку ден цица на 2-3 саати, не бара, јас ќе му дадам ако сака си цица, а навечер поретко. ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamicka3 pacuvce немем приметено колку напредува важно ми е дека сега не е гладно инаку на 2 мес и 4 дена беше 5400 а од болница излеговме со 3080 а и му давам брашно печено исто во млекото по малку (можеби е срамота брашно но што да се прави мора да се снајдам некако) а почнав да му давам и кашичка од јаболко и круша таа е од над 4 месеци а и сега од кашичката редовно кака ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка Леле Мамичка, немој никако печено брашно да му даваш, подобро помалку да напредува отколку да се дуе. Една моја познаничка му даваше брашно на детето, една дијареа го исцеди скроз, а беше дебелко, а сето тоа од што немаше имунитет. Извини што се мешам, најдобронамерно беше. ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Од време на врмеме кај бебето може да се појави столица со зелена боја. Може да има разни причини: Кај доени бебиња може да се работи за нерамнотежа во млекото што бебето го цица. Првото млеко е поретко, посиромашно со маснотии, а побогато со лактоза. Млекото што се лачи понатаму, е погусто и побогато со маснотии, а посиромашно со лактоза. Затоа е многу важно кога го доите бебето да го оставите да ја доцица едната града, па да го префрлите на другата. Во спротивно ќе го пие само пореткото млеко, богато со лактоза, сиромашно со др. потребни материи. Премногу лактоза може да предизвика гасови, како и зелена столица. Доените бебиња може да се чувствителни на некој производ во исхраната на мајката. Понекогаш она што го јаде мајката, може да предизвика алергиска реакција кај бебето. Многу често се случува тоа да е млекото. За да проверите дали се работи за таков проблем, исфрлете го од употреба производот за кој се сомневате. Ако состојбата на бебето се подобри, ќе знаете дека сте го нашле изворот на проблемот. Ако не сте сигурни и ако пак јадете од истото, а симптомите кај бебето повторно се вратат, откажете се од тој производ. Вештачко млеко е богато со железо. Ако последица е само бојата на столицата, а не се јавува запек или др. проблеми кај бебето, не се грижете, се е во ред. За некои бебиња е нормално да имаат столица со жолто-зелена боја. Ако бебето добро напредува и е среќно, нема за што да се грижите. ИЗВОРНА ПОРАКА: karla Sara, kaj mene Lana e skoro 3 meseci, pred nepoln mesec go imavme istiot problem i bevme na pedijatar zatoa sto sekoj sto ke go prasav razlicno mi kazuvase (edni mi vikaa gladno e, drugi nastinato e i sl.) Dr. mi rece za da proverime dali e gladna posle podojot probaj da i dades chajce, ako go pie i ako ispie pogolema kolicina znaci gladno e, ako ne problemot e vo nesto drugo. Kaj mene Lana ne sakase da ispie ni 25ml i zatoa utvrdivme deka se raboti za nastinka na meseto. Pocnav da i go zatopluvam meseto nekolku pati na den so termoforce ili so topla pelena i za den-dva stolicata i se sredi. Probaj so ova pa kazi ni sto si napravila ИЗВОРНА ПОРАКА: mami Sara кај мене малиот е 2 мес и 9 дена од почеток цицаше само 2 дена потоа сме на адаптирано млеко исто столицата му беше зелена кога ја прашав докторката ми рече дека можеби е детето гладно. прв пат слушам дека ако му е зелена столицата е гладно... на Лука му беше таква откако се роди па некаде до вториот месец а си напредуваше најнормално, бес потреба за дохрана...после извесно време, сама му се нормализираше ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama И Мила еден период какаше зелено ама не постојано туку во 2-3 недели се искака 4-5 пати така. Ја прашав докторката ми рече дека детето ми е супер здраво, одлично напредува и нема потреба од тревожење нормално дека има влијание тоа што јас го јадам а таа го добива преку млекото. Препорака: Не слушај што ти велат не мора да значи дека е гладно, настинато или дека нешто му фали. Тестот за глад на Карла и ние го применивме Мила не сакаше ни да го лизне чајот, а не пак да пие. По некое време ќе се нормализира. ИЗВОРНА ПОРАКА: Mucka i poenta je: ne slusajte babe,,,,a pra babe ono nikako ni cut!!!! ИЗВОРНА ПОРАКА: Sara Се слушнав телефонски со педијатар и ми рече дека се работи за гладни столици, ама што може по телефон да каже, на крај ми рече ако мислиш дојдете кај мене со пелената и да цица пред мене да видам, што ќе види јас имам стварно многу млеко, значи си цица 5-10 минути на 2-3 саати, и после цицање јас сеуште имам млеко во градата (проверено), незнам ќе почекам да помине 1 недела да наполни точно 3 месеци да го измериме, првите два месеци качи по 1кг, а според мојата вага овој месец помалце, можеби и не мора секој месец да е исто?! ИЗВОРНА ПОРАКА: mami точно..немора секој месец да качува исто..мојот првите три месеци качуваше по 1,5 кило, а како што кажав погоре имаше скоро редовно зелена столица така што не ми е јасно како може тоа да го рангираат како глад? ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana Eva nasa ima zelena stolica, i kaka ednas dnevno i mnogu kolicinski. Ja prasavme doktorkata i taa ni rece deka toa e normalno poradi toa sto nie sme na adaptirano mleko. Nisto ne ni spomena za toa deka mozebi e pokaztel deka e gladna, a bebuska super napreduva, imame grcevi od vreme navreme, ama vo globala ok sme. ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 ние немавме или можеби ретко, зелена столица, а бевме исто така на aptamil.
|