blond -> RE: Пропусти на вашата свадба (3.6.2011 8:59:28)
|
Иако пред свадбата бев многу испаничена (дали ќе стасат на време да дојдат да ме земат), да не се случи нешто по пат ( бидејќи од различни градови сме со мм), како ќе поминеме назад по пат, да не случајно добијам породилни болки (дека бев при крај на 7ми месец), па потоа дали во ресторанот се ќе излезе по планираното итн итн итн. За среќа се излезе под конец, освен тангото кое толку многу време го учевме не можевме да го изиграме бидејќи ми беше мене многу тешко (едно што фустанот ми сметаше,второ што не ја имав истата брзина на движење како порано). Ама сепак добро излезе и тоа. Имавме и многу изненадувања (приредени од мене и мм за гостите)-јајца од препелица наместо бонбони (и тоа сите до едно беа вапцани), плех музика, огномет... Сето тоа излезе одлично. За персоналот не можам да се пожалам, супер беа. Исто и дввајцата камермани и сликарите.
|
|
|
|