RE: Ларингитис (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


kikicka -> RE: Ларингитис (28.8.2012 16:36:40)

анамоли пробај со лук и млеко како што имам пишано погоре.




Ljubovce -> RE: Ларингитис (11.9.2012 20:18:55)

RR kakov dali so obicen pregled disi-disi,moze da se utvrdi laringit?bolni sme i nie,noseto epten e zatnato crveno grlo i kasla ama ne cesto,retko,moze 1-2 na den ama mnogu cudno kaslanje so ic ne ubav zvuk,kako svirenje ,go nosev kaj matucna ne kaza nisto mi tekna da otvoram tuka od ova sto citam nesto mi e sumljivo [sm=zmeden.gif]




kikicka -> RE: Ларингитис (11.9.2012 21:17:36)

Љубовче,кај Л имаше звук кога кашлаше и додека плачеше земаше воздух и баш буквално рикање(магарешко) се слушаше .




Ljubovce -> RE: Ларингитис (11.9.2012 22:35:06)

Isto i A mi rika koga kasla ama ne kasla mnogu cesto,i pred nekolku dena imasvme kosmarna nok,prvo okolu 12 h mi povrakase a u 4 saat pocna da mi se guse so kaslanje i nemozese da zeme vozduh,pogolem stres do sega ne sum doziveala, i odma go odnesivme na klinika,demek i pulmolug go pregleda ama ne mi spomnaa nisto za laringit, ako se sluci uste ednas pak da go odnesam. zatoa ne mi e jasno kako se utvrduva deka ima laringit so kakov pregled




Andriance -> RE: Ларингитис (11.9.2012 23:29:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ljubovce

Isto i A mi rika koga kasla ama ne kasla mnogu cesto,i pred nekolku dena imasvme kosmarna nok,prvo okolu 12 h mi povrakase a u 4 saat pocna da mi se guse so kaslanje i nemozese da zeme vozduh,pogolem stres do sega ne sum doziveala, i odma go odnesivme na klinika,demek i pulmolug go pregleda ama ne mi spomnaa nisto za laringit, ako se sluci uste ednas pak da go odnesam. zatoa ne mi e jasno kako se utvrduva deka ima laringit so kakov pregled


Мацо само да знаеш докторка ни е вратена...ако мислиш дека е ларингит...знаеш што кажува Нада за тоа нели??




*Bucka* -> RE: Ларингитис (13.10.2012 19:08:00)

Син ми кој има 21 месец моментално го лечиме од ларингитис. Пред неколку вечери, во спиење среде ноќ се будеше со често и отежнато кашлање и тешко дишење. Се извадивме од памет со маж ми и директно го однесовме во Козле. Рекоа дека се работи за вирусна респираторна инфекција и веднаш го инхалираа, му дадоа инекција урбазон, друга инјекција и сируп. Таму лежевме 3 дена а тој сите денови беше на инфузија и терапија. Сега сме дома, ни дадоа сируп Лекоклар и за некој ден сме на контрола.
Прв пат ни се случува ваква потешка фаза на разболување, а оди во градинка од неполни 9 месеци. Никогаш не сме имале проблем со белите дробови, обично му страда грлото.
И не ми е јасно како го закачи вирусов, кога железото му е 14, а нели кога е добро железото, и организмот е поотпорен на вируси .. ама нејсе, морало да биде. Сега да се оправиме, а планирам да го отпишам од градинка. Барем зимава нека е дома.




lifers -> RE: Ларингитис (17.4.2013 23:39:13)

dragi majki, jas samo sto se zacleniv ... od potreba.. da doznam poveke...jas sum tetka na ne kolku vnuci, no, seuste ne sum Majka.
Sakav da prasam, vnuk mi ima Dve godini, I momentalno denes I Vcera preku nok poradi laringit, I temperatura, mu te celo krv od noseto... Sakam da mi kazete Dali znaete domasen lek za sprecuvanje na krvarenjeto, I kako da se navlazni sobata. zet mi go odnel na Lekar, samo kapkive mu dale. no, vnuk mi e potresen od krvtaa sto ja gleda I verojatno go boli. jas ne sum so nego. mojata druga sestra e, no e prilicno zagrizenaa I place poradi nasiot vnuk. nemame iskustvo vo ova I bi bila blagodarna ako mi kazete sto Moze da se stori...
fala vi mnogu!




vezilka RR -> RE: Ларингитис (30.1.2014 8:19:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elespa

Zdravo na site.jas sum nova na forumov i ne mozev nikako da najdam tema za laringitis.imeno moeto dete ima 3 god.i pred mesec dena fati laringitis,i eve seuste Ne mu pominuva,doktorkata mi vika ke mu pomine samo od sebe mal bil da mu dadat inhalacii,isto vika da mudavam loratadin sirup po potreba,ako ne moze da disi.pa sakav da mi kazete vase iskustvo dali e dobro da mu davam loratadin dolgo vreme,primer mu davam 1 nedela i dva dena ako ne mu dadam vednas go napaga laringitot,a koga prima terapija super e.pa me interesira dali e vo red da pie dolgo vreme loratadin sirup,kakvo e vaseto iskustvo.,,ili nekoj priroden lek ako znaete.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Najprvin dobredojde elespa i ti posakuvam prijatna druzba na forumot.Vo vrska so tvoeto prasanje kolku vreme mozes da mu davas loratadin na deteto,ke kazam jas mu davav loratadin na pomaloto imase samo deset meseci koga fati alergija i piese sigurno dva meseci loratadin neprekinato sekoja vecer.E sega vam kako vi kazala doktorkata taka treba da postapite znaci ako rekla da mu davata po potreba davjte mu taka.Inaku moeto dete imase samo 8 meseci koga mu davaa inhalacii znaci stvarno morase i nemase drugo resenie,ne mozese ni da jade od sto bese celiot zatnat.Ama moj sovet e davaj mu sega po potreba loratadin na detenceto i sledi ja negovata sostojba.Pa izvesti ja maticnata dodkolku ne gledas podobruvanje za nekoj period.






Felly RR -> RE: Ларингитис (30.1.2014 23:32:44)

Елеспа, добредојде на форумот. За ларингитот не можам да ти дадам совет, но штом Лоратадинот ви помага нема штета да го пие и долго време. Баш пред некој ден бевме кај нашиот педијатар, и таа баш убаво сликовито ни објасни зошто е битно да се прима таква терапија. Најверојатно кај вас причината за ларингитисот е од алергиска природа, па затоа кога си прима терапија немате проблеми. Моето мислење затоа е редовно да му го давате сирупчето, без прекини, и што поскоро да направите алерготестови за да видите што е она што му смета и што предизвикува чести ларингитиси.




vezilka RR -> RE: Ларингитис (10.11.2015 21:45:13)

Јосиф прошлата недела фати ларингит. Си легна здрав, прав, ништо не му беше и среде ноќ кога рече хрчи, свири во градите,л катастрофа. Глас немаше сирото едно два три дена. Температура не качи висока, до 38 еден ден само. Ни дадоа Алмацин и Лоратидин. Добар е сега, му помина. Вика од загаденив воздух ли е или кујзнае од што?




Gardenia -> RE: Ларингитис (19.11.2015 10:23:25)

Б нешто деновиве како зарипнат и е гласот,онака како да реже малку,не обратив внимание не се приметуваше многу, мм ја примети и вчера кога ја земав од градинка не беше нејзината воспитачка туку друга ми кажа дека и пренела дека повратила малку после ручекот.Ја однесов на матичен и вика мал ларингит е ,ја слушаше нема ништо на градите ,ни грло не,ептен малку зацрвенето ама не било ништо сериозно па не ни даде ништо.Инаку она ниту кашла,ни температура,само гласот малку што и е така.Е сега нервозна е овие денови,доле и излегоа двојките и изгледа уште заби ќе бади,ја пика раката цело време,се нервира и цика цело време,па незнам дали и е од тоа таков гласот.Мм сабајле прашал во градинка ,му рекле дека она повратила вчера откако се закашлала и шлајмче било,а и синоќа така дома не ја ни приметив си играше и гледам бљуцнала малку.
Некој со вакво искуство,некој совет,што да дадам природно,чудно ми е ги нема баш симптомите на ларингитис,ама гласчето и гребе.




Melanija RR -> RE: Ларингитис (19.11.2015 14:38:46)

Искуство со малку ларингит имаме, но незнам поврзано со бљуцкање.Мора но и немора да се има црвено грло.Ако докторката не смета дека има потреба од инхалација тоа е тоа. Пази да не е во многу затоплена просторија,и проветри пред да легне.

Превентивно ништо топло туку на собна температура




lukajana RR -> RE: Ларингитис (19.11.2015 17:25:07)

Јас сум имала искуство со ларингит ама со многу ларингит [sm=smiley1.gif] и тоа е страшно гласот што е зарипнат и не ми е некој фактор за ларингит .
Обично ужасната кашлица и висока температура е нешто што го обележува ларингитот.
Гардениа пробај си чај или млеко со прегорен шеќер и малку маргарин или путер и ако има стварно шлаимче тапкај ја по грбчето за побргу да ги исфрли




mommy_angels RR -> RE: Ларингитис (21.11.2015 18:33:02)

Еве ме и мене во редот на искусните на своја кожа со ларингит.Јас секогаш давам млеко со прегорен шеќер и путер и плус малце сода бикарбона.Ова во комбинација со инхалации никогаш не ме разочарало.А бљуцкањето може и е од шлајмот што и доаѓа на грлцето кога се искашлува.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]