Hopeful RR -> RE: Чистење во домот (2.12.2014 13:35:33)
|
Ве читам и гледам само Bethany и јас слично размислуваме [sm=smiley36.gif] Јас па би си скратила кафе или искачање на сметка на тоа да не чистам. Ни доаѓа жена дома еднаш на 3-4 недели, и досега сме многу задоволни. Би било подобро на 2 недели да доаѓа, бидејќи сме само двајца и не валкаме многу, но ни доаѓа скапо, па затоа вака. Плаќаме 800 ден, ништо не изместува, се си е кај што сме оставиле, и кога ќе се вратам од работа, свети. Нормално, ние самите дома средуваме садови, алишта, перење и пеглање по потреба, и тоа се поделени обврски, но за други работи - не. И плус исто ми е дали јас сум исчистила или некој друг - да не моето исчистено нема да се извалка за два дена? [sm=smiley36.gif] Ич немам намера да се замарам за прашинки некои и да си го потрошам животот во чистење и рибање, подобро да се прошетам во парк за тоа време, да си работам или да читам.
|
|
|
|