mami -> Нова тура на споменици (18.1.2010 9:28:18)
|
И додека некои дечиња остануваат без соодветна терапија и можност за лекување, нашата држава се повеќе се полни со споменици..Се прашувам- Навистина ли се толку потребни?? По Даме Груев во земјава стигнаа и лавовите. Уште еден камион од Фиренца се паркира на царинскиот терминал во Скопје. Од петокот кога пристигна, таму се уште седи возачот што ја донесе првата пратка од Италија за скопскиот плоштад. Мислел дека ќе го пренесува споменикот на Александар Велики. „Овој треба да е внатре, Александар, но не е Александар Велики туку национален локален херој од овде“, изјави Јан Кокс, возач.Додека бил во Фиренца, видел камион со четири кутии кој се подготвувал за пат наваму. Од Фиренца колегите му јавиле дека дополнително се товарел уште еден камион за Скопје. Бил и во леарницата Фердинандо Маринели, видел многу споменици, но не и споменикот на Александар Велики.„Не, не го видов. Бев во фабриката внатре, и видов многу статуи, имаше и мали и големи, дури и 4 метри високи споменици. Повеќето беа од римскиот период. Тоа е мала фабрика, но е преполна со многу статуи“, додаде Јан Кокс. За спомениците на Делчев, Карев, Даме Груев, Александар на Букефал и 4-те лавови, власта плати 10 милиони евра. И оваа година дополнителни 7 милиони евра ќе се кешираат за изработка на останатите споменици кои треба да се леат па да се постават на плоштадот. Со тоа сумата ќе се искачи на 17 милиони евра. Лавовите што стигнаа се вредни милион и пол евра.Се најавува брзо да бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“.Авторот на едниот пар лавови, Константин Јанев вчера не сакаше да потврди дека неговите лавови стигнуваат. Јанев не објасни ни како освен што ги изработи лавовите, сега е избран повторно на тендер како автор на новата ограда на мостот кај „Холидеј Ин“. Не ја кажа ниту сумата што треба да ја добие. А1 Телевизија
|
|
|
|