Мамо, ме сакаш? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Еца -> Мамо, ме сакаш? (13.6.2009 21:31:07)

Еве бидејќи кога стигнавме дома јас малку поразговарав со Мартина дека не беше убаво нејзиното оденсување во игротеката,(бидејќи на сите деца им ги земаше играчките буквално од раце)таа направи фаца за плачење и ми вика, ти мене ме сакаш?Јас ја гушнав и продолжив да и зборам дека ја сакам, а таа упорно, мамо ме сакаш?Ме сакаш, кажи дали ме сакаш? И ова е нејзино прашање кое во последно време многу често, навистина често го употребува, и мислам дека некаде грешам, а не знам каде.Сепак, многу се промени откако останав бремена и откако почнав да не можам многу да ја кревам во раце, да се бориме како порано, и промена приметувам, но не знам веќе како да постапувам.Совет луѓе зошто навистина се нервирам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Мамо, ме сакаш? (13.6.2009 23:00:13)

мислам дека е сосема во ред нејзината реакција, бидејќи до сега била сама и навикната да е центар пажње и одеднаш нешто друго се става меѓу неа и љубовта на мама и тато..проста детск реакција, мислам дека ке и помине кога ке дојде бебето и кога ке почне да ти помага по дома...барем мене ми рече дека ке му дава играчки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: Мамо, ме сакаш? (14.6.2009 16:18:20)

еве и мое согледување. значи според мене мартина веќе потсвесно знае дека доаѓањето на бебето е сериозна работа. така нејзиниот мал свет почнува да и се руши. се чувствува можеби малку загрозена. според мене, многу исправно постапуваш што и кажуваш дека ја сакаш. но, уште повашно е да знае дека ќе ја сакаш исто толку и кога бебето ќе се роди. понатаму, веројатно ќе сака да знае дека она како постара ќе ти биде многу потребна за да ти помага и дека сметаш на неа но ќе смета и нејзиното братче/сестриче. така, ќе се чувствува повторно важна и главна и работите полека ќе си дојдат на свое место.




Палешка РР -> RE: Мамо, ме сакаш? (15.6.2009 7:39:00)

Мојот син има тринаесет години, а се соочува со истите дилеми, немој да се грижиш Елена. Во еден наврат ми кажа дека не смеам да го сакам бебето повеќе од него. И јас му ветив дека нема, за да не се грижи. Дури и му објаснив дека него го сакам веќе тринаесет години и дека бебето не можи да го заземи неговото место во моето срце.
Марио е веќе голем, а си ги поставува истите прашања. Пробај да и објасниш и ќе те сфати Елена.




mami -> RE: Мамо, ме сакаш? (4.1.2010 11:13:40)

Ви се случило ли ова? како реагиравте?
Еца, МАртина верувам дека не ти вика веќе вака? или ситуацијата се смени откако се роди Мила?




zami -> RE: Мамо, ме сакаш? (4.1.2010 11:26:36)

Mene ne mi se slucilo, mislam poradi faktot sto skoro sekoj den mu kazuvam deka go sakam, a i toj mene.
Ama po raganjeto na vnuce od sestrami, i koga se i dvajcata kaj majka mi, kazuva kako nego nikoj ne go sakal, samo bebeto site go sakale. Ljubomora .... Ama koga nego mu e ugodeno togas nema problemi.
Eden primer od gradinkata na Mitko, majkata na negovo drugarce bese bremena so vtoro, i nekoi pet dena po poroduvanjeto, taa veke si go nosese sama pogolemoto dete vo gradinka, a posle dve nedeli i na rodendeni po igroteki i koga ja prasav kako postignuva, ednostavno rece ,,pa i toj mi e dete nemozam da go zapostavam,,.
Mislam deka ova e mnogu ispravno, tesko za nas, ama navjazno od se po raganje na vtoro dete mislam deka e toa da ne mu se narusi rutinata na prvoto, samo taka ke veruva deka nisto ne se promenilo.
I vo sekoj povolen moment treba na decat (pa i na vozrasnite) da im se kazuvaat zborovite ,,Te sakam mnogu, najmnogu na celiot svet ...,,




Еца -> RE: Мамо, ме сакаш? (4.1.2010 18:24:36)

Зами и јас секој ден и кажувам дека ја сакам многу, но таа знае и по 10 пати да ме праша, мамо ме сакаш ли ти мене? И јас нормално повторувам и повторувам, но многу е интересна кога ке почне да ми кажува муабети дека треба и Мила да ја сакам зошто и била сестричка, греота било, кој ќе ја сакал неа. Има унаци на љубомора, но тоа е нормално, сепак сака да ја мази, ја гушка, и кажува даде многу те сака...срциња




Mihaela 2010 -> RE: Мамо, ме сакаш? (6.12.2013 18:41:35)

Vo posledno vreme M postojano me guska i mi vika deka me saka[sm=smiley1.gif]ubavica na mama a jas se topam.. a ne me prasala dali ja sakam,moze nemala koga posto jas postojano i vikam deka ja sakam




deluxe -> RE: Мамо, ме сакаш? (6.12.2013 19:29:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Vo posledno vreme M postojano me guska i mi vika deka me saka[sm=smiley1.gif]ubavica na mama a jas se topam.. a ne me prasala dali ja sakam,moze nemala koga posto jas postojano i vikam deka ja sakam


Кога А беше не некој приближна возраст како М,дневно преку 100пати знаеше да рече Мамо те сакам.Тоа е еден вид фаза кај децата.Потоа почна да ја проширува реченицата Мамо те сакам до сите сонца и звезди[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Мамо, ме сакаш? (6.12.2013 19:38:00)

И М по сто пати ми кажува и ме прашува дали го сакам, а сега со сестра му најново му е, ако ја гушкам нејзе и ако ја бакнувам и ми вели Мамо, оти мене ме неќиш? и почнува да плачи, да се жали




Defne90 RR -> RE: Мамо, ме сакаш? (7.12.2013 1:38:41)

Mene m mi veli mamicko mila ubava vo koja fabrika tolku dobra te napravija.Otkoga se porodiv so pomaloto since M bese navistina rastrevozen i ne mi dozvoluvase ni da go guskam ni da go baknam.NOke postojano placese za da spie so mene i togas se prasuvav dali nekade gresam.Sega posle edna godina gledam deka se uste ima ljubomora no se trudam so site sili da ja namalam postojano go guskam i mu povtoruvam deka go sakam najveke deka toj e mojot prv sin.A i toj veke ne e kako sto bese mnogu cesto znae da kaze mamo te sakam do neboto.Sonce milo majkino.[sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Мамо, ме сакаш? (7.12.2013 8:21:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Vo posledno vreme M postojano me guska i mi vika deka me saka[sm=smiley1.gif]ubavica na mama a jas se topam.. a ne me prasala dali ja sakam,moze nemala koga posto jas postojano i vikam deka ja sakam


Кога А беше не некој приближна возраст како М,дневно преку 100пати знаеше да рече Мамо те сакам.Тоа е еден вид фаза кај децата.Потоа почна да ја проширува реченицата Мамо те сакам до сите сонца и звезди[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Aaa toa deka me saka do zvezdite i nazad oddamna ni e, pa do mesecinata do neboto....




vezilka RR -> RE: Мамо, ме сакаш? (9.12.2013 11:50:23)

Е нас сакањето ни е до нинџите [sm=jezicek.gif] оти тоа му е врвот нему. Кога ви велам дека датево ми е опседнато со нинџите, хехе. Неисе, кај нас е ваква ситуацијата, знае да каже мамичке, јас тебе многу те сакам, ама не по сто пати во денот. Е сега кога го карам нешто, тој веднаш вели јас тебе не те сакам, и јас му одговарам дека јас го сакам. Е зошто, ме прашува, оти си ми синче и јас те сакам и покрај тоа што некогаш морам да те искарам кога не си умен. И така, некогаш кога ќе ми каже не те сакам кога е лут, ако не му одговорам веднаш дека јас го сакам, тој прашува а ти ме сакаш ли мене? Тој муабетот со сакањето го поврзува со некакви чувства, ама мислам дека сеуште не знае точно кои. Затоа кога е лут, повреден оти сме го искарале, вели не те сакам, сака да искаже дека е лут, ама не знае како поинаку, па така искажува.




Страница: [1]