Rh-фактор (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Еца -> Rh-фактор (14.6.2009 18:49:33)

Бремени сте и веќе сте направиле одредени анализи.Ме интересира дали го знаете вашиот  Rh-фактор и на вашиот сопруг?Тест за утврдување на Rh-факторот, е неопходен. Во некои случаи, докторот ќе побара и испитување на факторот кај вашиот сопруг.
Овој назив лекарите го дале на еден фактор кој се наоѓа во крвните зрнца на повеќето луѓе. Луѓето кои го имаат се нарекуваат Rh-позитивни, додека за оние кои го немаат Rh-негативни.
Нема да се појават никакви проблеми кај случаевите кога двајцата родители се со ист фактор. Единствено може да се појави кога мајката е Rh негативна додека таткото Rh позитивен. Во ваква комбинација бебето е Rh позитивно. Во текот на бременоста, можно е некои Rh позитивни ќелии да поминат во крвотокот на мајката. Потоа се ствараат антитела кај мајката кои ќе ги уништат крвните зрнца кои се Rh позитивни. До овој момент ништо страшно не се случило. Меѓутоа ако антителата стигнат до крвотокот на бебето ќе уништат извесен број на крвни зрнца кај бебето што ќе доведе до анемија. Уништените крвни зрнца кај бебето ќе доведат до жолтица. Ако се уништат голем број зрнца може да дојде до оштетување на органите на бебето.
Мала е веројатноста дека ќе се случат некои компликации за време на бременоста, дури и во оваа комбинација на родители, совем ако мајката порано не примила трансфузија на Rh позитивна крв. Во следните бремености може да дојде до несакани промени. Самиот лекар ќе бара редовна контрола на крвта во наредните бремености и ќе го проверува нивото на антитела.
Доколку се утврди дека нивото на антитела е зголемен, лекарот ќе одлучи да добиете трудови неколку недели порано.Постојат и други некомпактибилности откриени во последно време, за кои ќе се погрижи и вашиот лекар.




Mammy -> RE: Rh-фактор (15.6.2009 8:36:18)

Најпрво добро утро на сите...
Јас сум со РХ - негативен фактор, а мојот сопруг РХ - позитивен.

Како превентива во бременоста, пред 2 недели примив инјекција.
Истата инјекција можно е ја примам и после породување, евентуално ако бебето е РХ -позитивно..

Така да со редовна контрола се е ок..




Еца -> RE: Rh-фактор (15.6.2009 8:39:15)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Браво Мамму, уште еднаш апел до сите трудници дека редовните контоли и тестови се сигурни за доаѓање на свет на едно здраво, убаво новороденче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Лејди -> RE: Rh-фактор (20.7.2009 0:27:44)

На 19 години останав бремена, решив да направам абортус.
Мојата крвна група е АБ-Негатив.
Моето момче е со Rh-фактор позитив.
Во вакви случаеви ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да се прими инекција.
Без разлика што се работи за абортус а не за пораѓај.
Јас за жал не бев информирана... Кога дознав веќе беше доцна.
Инекцијата се прима во рок од 72 часа.
Разговарав со мојот гинеколог, ми кажа дека нема потреба да очајувам и да се плашам.
Мојата идна бременост ќе трпи редовни контроли и навремено се ќе се открива.

Ништо од ова не ми претставува утеха, без разлика на се здравјето на моето идно бебенце кое ќе сакам да го родам е ставено на ризик.

Знаете кој е загрижен за сето ова?
Само јас, оние кои знаеле, кои учеле за тоа, оние кои денеска прават абортуси а не ги информираат девојките-жените за сите можни компликации од после ни малку не се засегнати... Секако тие ќе имаат работа во текот на вашата критична бременост и на вашата несреќа ќе заработуваат пари.

Ретко која девојка и жена ги знае овие работи... можеби затоа што луѓето кои го имаат овој Rh-фактор се ретки...

НО СЕПАК ГИ ИМА




biljanaM -> RE: Rh-фактор (20.7.2009 0:39:42)

Јас сум О позитив а мм е А негатив, синето и тоа е А негатив....




Еца -> RE: Rh-фактор (20.7.2009 0:40:51)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]Лејди ти благодарам што го подели ова твое искуство со нас. Добре ни дојде и сега кога ги знаеш сите овие работи, барем знаеш со што се бориш кога ќе останеш бремена во иднина.Полошт е доколку не си дознала,затоа не смееш уште од сега да се грижиш за тоа, доколку веќе не работиш на бебе.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]Како и да е добредојде, навистина е убаво да имаме некој кој е подготвен отворено да го подели со нас своето искуство и со тоа да помогне на многу девојќи кои воопшто не се запознаени со оваа работа.




Cacko -> RE: Rh-фактор (21.7.2009 19:28:19)

Jas sum B Rh negativ, a mm e O RH pozitiv.Doktorski toa  bi se reklo ne sme si kompatibilni[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Koga bev 26 nedela,napravivme toj nekoj si kums test koj pokazuva kako deluvam na mojot plod,t.e dali go napagam.Za moja sreka testot bese negativen sto znaci deka sum fina prema mojata bebulina[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Od pricina sto rezultatot od testot bese takov i bidejki mi e prva bremenost, mojot maticen ginekolog mi rece deka nema potreba da ja primam taa inekcija partobulin sto se dava na majki so Rh negativ.Inace stanuva zbor za doktor so 25 god iskustvo, na koj mu prosle miljon zeni niz race.Se konsultirav i so drugi doktori i nema da veruvate site rekoa deaka za prva bremenost so negativen kums test ne se dava inekcija.Sea za posle poroduvanje toa e druga rabota zosto zavisi od Rh na bebeto.Muabetot mi e deka nema potreba od sekiranje i ne e nisto strasno da si trudnica so Rh negativ




Лејди -> RE: Rh-фактор (21.7.2009 19:41:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

Se konsultirav i so drugi doktori i nema da veruvate site rekoa deaka za prva bremenost so negativen kums test ne se dava inekcija.Sea za posle poroduvanje toa e druga rabota zosto zavisi od Rh na bebeto.Muabetot mi e deka nema potreba od sekiranje i ne e nisto strasno da si trudnica so Rh negativ


Точно не е ништо страшно, но кога се врши абортус крвната група на ембрионот не е позната и превентивно МОРА да се прими инекција.
Можеби и тоа имало Rh-фактор негатив, ама можеби и немало.
Од тие причини се прима.




Cacko -> RE: Rh-фактор (21.7.2009 19:46:54)

Ne zboruvav za tvojot slucaj, i ne mislev za ako se imalo abortus bideji na abortusot gledaat ko na poraganje.Toa go pisav vo kontekst na toa sto pomladi doktori,novopeceni koi mislat deka se znaat i go zanemaruvaat iskustvoto na postarite doktori, po avtomatizam ti davaat inekcija ako si Rh negativ




dani85 -> RE: Rh-фактор (22.7.2009 15:58:38)

mojata krvna grupa e O + (pozitiv) a na mm e AB+ (pozitiv) i imam slusano deka nekoi partneri koi imaat nekoi razlicni krvni grupi iako se e vo red so niv ne mozat da imaat deca. pa spored ova ne znam dali nie dvajcata si odgovarame spored krvnata grupa




mother 29 -> RE: Rh-фактор (17.9.2009 10:32:27)

Mislev da ja otvoram temata,ama eve ja;

jas sum negativna majka,mm e pozitiven.kog bev [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] vo 26 nedela primiv Rh-imunoglobin iako nemase potreba(mi bese 1 [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] i imam uredni cooms testovi).Marko se rodi RH + I jas vo rok od 72 h primiv uste edna doza Rh -imunoglobini.Ja kupiv na privatno, i potoa so potvrda od bolnicata demek ja nemale na zAliha ,pa ti moralo da ja nabavis i potvrda od mat.ginekolog, fondot refundirase del od parite.

http://www.blic.rs/slobodnovreme.php?id=87373

APEL DO SITE:MAMICKI, VNIMAVAJTE I BIDETE INFORMIRANI>





merjem -> RE: Rh-фактор (28.3.2010 16:07:23)

imav abortus sega ova mi e vtora bremenost vo 6 mesec sega napraviv kontrola na krvna grupa,i sum 0 negativ a mm 0 pozitiv,ne primav nikakva vakcina ve molam da mi odgovorite dali moram da e primam sega,i dali se mozni nekoi komploikacii.




ananikol -> RE: Rh-фактор (28.3.2010 23:01:44)

Bidejki ti e vtora [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] inekcijata ke ja primis vo 30-tata nedela.Znaci ke ja dobies vo tekot na [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image].I potoa vo rok od 72 casa ke dobies uste edna.
Prvata e za da go zastiti [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] koe go nosis a vtorata  e zastita za narednoto [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image].




mother 29 -> RE: Rh-фактор (29.3.2010 9:57:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: merjem

imav abortus sega ova mi e vtora bremenost vo 6 mesec sega napraviv kontrola na krvna grupa,i sum 0 negativ a mm 0 pozitiv,ne primav nikakva vakcina ve molam da mi odgovorite dali moram da e primam sega,i dali se mozni nekoi komploikacii.

бидејки си имала абортус ,а си негативна мајка(не си знаела),ти советувам побргу консултација со гинеколог,cooms испитувања на крвта и можеби ке има потреба, веднаш да ја примиш rogam-инекцијата(не е вакцина).
ке му кажеш искрено на др.дека си имала абортус ,ако не знае и тој најдобро ке те советува.само,мој совет е да го направиш ова,колку можеш побргу....
ти посакувам успех и со лесно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




merjem -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:07:33)

zdravo vcera bev na ginekolog i mu kazav deka sum imala abortus a ova sega mi e vtora bremenost a sum 0 negativ dr rece deka taa inekcija se prima vo 28 nededla a jas sega sum vo 31,rece deka nema da ima problemi so bebeto ve molam za nekoj sovet sto mozam sega da prevzemam premnogu sum ocajna vi blagodaram[sm=smiley19.gif]




Cacko -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:10:31)

cim dr ti rekol deka e ok,sto ocekuvas nie da ti pomogneme?????samo pozitivno i ne ocajuvaj,sto e tuka e




ananikol -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:14:30)

So ima vrska deka si sega 31-va nedela pa nemozis da ja primis???
Neznam zosto taka ti rekol ama vremeto nee pominato,pa jas ja primiv vo 30-tata nedela od bremenosta.
Pobaraj vtoro milenje od drug doktor.
So mislenje sum deka bi trebalo da ja primis sega vo bremenosta kako preventiva bidejki posle abortusot ne si primila nisto.
A taa so ke ja primis posle ke bidi preventiva za drugata bremenost.
Moja preporaka e da pojdis kaj drug doktor so poskoro.




Весна -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:24:05)

Јас пак знам поинаку, дека таа инјекција се прима веднаш по породувањето, и не дека нешто е во врска со бебето, туку е наменета за следната бременост, да не би дошло до некакви нарушување и на мајката и на следното бебе.




ananikol -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:30:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна

Јас пак знам поинаку, дека таа инјекција се прима веднаш по породувањето,


Tocno,taka e.Ama toa vazi za prvata bremenost.Se prima nekolku casovi po poragajot do 72 casa.
Za vtorata se prima kako prevencija vo 30-tata nedela i povtorno po poragajot kako i prvata za prevencija na slednata bremenost.




Весна -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 15:44:51)

Недоучена лекција [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Јас само првиот дел сум го знаела. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mother 29 -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 16:13:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: merjem

zdravo vcera bev na ginekolog i mu kazav deka sum imala abortus a ova sega mi e vtora bremenost a sum 0 negativ dr rece deka taa inekcija se prima vo 28 nededla a jas sega sum vo 31,rece deka nema da ima problemi so bebeto ve molam za nekoj sovet sto mozam sega da prevzemam premnogu sum ocajna vi blagodaram

мерјем,еве тука можеш да прегледаш порака РОГАМ-ИНЕКЦИЈА..КЛИКНИ,поврзано со темата.
а дали правеше ти испитување нешто,како др.дошол до заклучок дека е се во ред??!




riba79 -> RE: Rh-фактор (9.4.2010 17:18:01)

i jas sum o negativ ..koga bev vremena pred 6g..ne primiv vo 28 nedela tuku posle poroduvanjeto nekolku casa(max 72 casa)...sega ima nekoi izmeni verovatno.pozdrav




merjem -> RE: Rh-фактор (11.4.2010 12:54:17)

zdravo na site na 15 mart imav kumps test i papainski i tie bea negativni jas sega sum vo 31 nedela dali toa znaci deka dotogas bilo se vo red so bebeto ako znae nekoj ve molam dami odgovorite blagodaram.




mother 29 -> RE: Rh-фактор (11.4.2010 13:11:26)

штом cooms-тестот ти биле негативен значи дека нема антитела кај тебе кои би можеле да го напагаат плодот,па се е во ред со бебето.инаку cooms  тестовите кај rh негативни мајки, се прават секој месец,заради прецизно следење на плодот.
поззззз




Тања РР -> RE: Rh-фактор (11.4.2010 13:20:10)

Kога се пораѓав со мене во собата лежеа уште две женички. Кога дојде време да ги отпуштат (значи три дена по породувањето!!)сестрите заклучија дека немаат информација за нивната крвна група. ГИ прашаа ама тие не знаеа која крвна група се. Им земаа крв за испитување и излезе дека едната е Rh - a немаше примено ни инекција ни ништо.  Многу се изнервирав. Жените беа првородки од рурални средини, едната имаше само 16 год. и никогаш не слушнале за Rh фактор. Тука нема ништо спорно. АМА НИВНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ БРЕ!!!! Ги прашав, ми рекоа дека никој ништо не им спомнал.Срамота! После ќе се чудат зошто не може да задржат второ дете. На какви се гинеколози им веруваме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>