RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


karla -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (11.10.2009 14:32:06)

Uff, znaci dobro sto ne se istrcav da ja kupam, a bev zaletana. lele lugje ke se najde li lek za ovie nepodnoslivi linii?! Kako geografska karta sum, a sto e najtragicno se otepav od pari davanje za kremi vo tekot na bremenosta (koristev na ROJAL melem od neven) i mi izlegoa vo 9-ti t.e. da bidam poprecizna vo 10-ti mesec, uste prviot den posle terminot i toa mi izlegoa preku nokj[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Imam na gradite, na stomakot i na prednata strana od butinite. Nemozam vo ogledalo da se poglednam, a se popraviv 15kg vo cela bremenost. Se nadevam deka ke najdeme nesto sto ke ne utesi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Viki73 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 12:58:58)

Jas sum sega 20-ta nedela i uste pred nedela-dve mi ispukaa  bradavicite,mi se napravija kako krstovi i koga mi e posuva kozata me grebe,ne mozam ni prsluk da stavam.Mnogu mi e strav posto imam citano deka ne smee nisto da se stava na niv,strav mi e da nemam posle problem so doenjeto. 




mami -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:26:00)

Вики а да одиш до аптека да ги прашаш да ти дадат некоја маст за брадавиците? или прашај го гинекологот. Сега бидејки уште не доиш можеш да се намачкаш, чисто за да омекнат и да не те боли...а после кога ке се породиш, ке се нормализира- после секој подој ке ја измолзеш убаво градата и со малку од млекото ке ја намачкаш брадавицата, за да направиш зашитен слој околу неа...




srnicka -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:30:08)

Jas uste vo 7 mesec pocnav da se mackam so AD kapki rastvoreni vo pavloderm i mi e super:)




Viki73 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:30:44)

Fala ti na sovetot,ke prasam vo apteka,mislev dali smeam da se mackam?




profesorica -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:33:08)

Јас имав многу проблеми со градите сум ставале се и сешто и мораш да се миеш пред секој подој.Само една не се мие.

Види во аптека маст ПУРЕЛАН-не мораш да ја миеш 700 денари е ама многу помага, уште имам од неа.со сигурност не мораш да ја миеш




profesorica -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:36:34)

Пурелан е масна и жолта, веднаш помага и можеш нон стоп да мачкаш, неограничено и меќу подои без да се грижиш дали бебето ќе цица пред или после мачкање.многу ми помогна и најтопло им ја препорачувам на сите мајки со проблеми со градите.




mis. -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:40:26)

Бидејќи си трудница мачкај ги со витаминска маст,павловичева кои ќе ги намрси брадавиците.Пуреланот е за доилки за рагади и ретко го има по аптеките освен во онаа што се наоѓа во склоп на гинекологија Чаир.




profesorica -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 13:48:45)

ПУРЕЛАН може да се користи и во тек на бременост, и не е само за рагади, јас ја користев и за црвенило околу градите и за воспаление на брадите и за ранички на брадавиците  и ми помагаше така што може да се користи а инаку ја има и на други места, на пр во две аптики во Ѓорче петров.




Sara -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 15:29:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nutelizza

Ја имам.
Две, една гратис -)
Не делува воопшто, ко обично млеко за тело да мачкш.
На афродита кремите се ефикасни се мачкаш и  пече има видливи  подобрени резултати


Која е таа крема на афродита и колку пари е и дали смее да се користи за време на доење?




ripce -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.10.2009 19:11:58)

За брадавици помага МУСТЕЛА, гарантирам 100%... цената е околу 800 денари ама вреди за секој денар, јас ставав 1-2 ми помогна, потоа не ми се расцветуваат брадавиците




Viki73 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (25.10.2009 12:29:48)

aj te molam pisi mi kakva e taa krema i dali sigurno smee da se macka so nea,jas prasav vo Zegin za ad kapkite deka se rastvarale vo pavloviceva a aptekarkata ne znaese da mi kaze,vcera prv pat staviv ad kapki na bradavicite i desnata duri i me bolese.mnogu mi e strav deka ke imam golemi problemi so doenjeto vaka ako prodolzam.na 29 ke vlezam vo 6 mesec pa po vesnicite sum citala deka moze da se macka po 6-7 mesec.




ripce -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (25.10.2009 13:55:24)

aj te molam pisi mi kakva e taa krema i dali sigurno smee da se macka so nea,jas prasav vo Zegin za ad kapkite deka se rastvarale vo pavloviceva a aptekarkata ne znaese da mi kaze,vcera prv pat staviv ad kapki na bradavicite i desnata duri i me bolese.mnogu mi e strav deka ke imam golemi problemi so doenjeto vaka ako prodolzam.na 29 ke vlezam vo 6 mesec pa po vesnicite sum citala deka moze da se macka po 6-7 mesec.


Вики не знам дали твоето прашање се однесува на мене или на некој друг ама еве јас ќе ти одговорам... Балзамот за брадавиците на Мустела е - Mustela - Nursing Comfort Balm Shoothing and Dermo Repairing еве и слика да ја видиш како изгледа, јас ја зедов по препорака од друга доилка која го имала проблемот со брадавиците и ми помогна со само 2 нанесувања... инаку не мора да се измиваат брадавиците пред доењето

[img]http://www4.slikomat.com/09/1025/exf-31VHwl.jpg[/img]





lidijas -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (25.10.2009 14:28:57)

Za striite jas se mackav pavloviceva mast so AD kapki i ne mi se pojavi nitu edna linija, no mislam deka se e do elasticnosta na kozata, no mi se popusti vena na ednata noga. Se mackam ERBAVEN no ne pomaga nisto. Imali nekoj slicen problem ili barem poefikasno resenie? 




Viki73 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (25.10.2009 23:04:24)

Fala ti mnogu,obavezno ke ja kupam,samo dali smeam sega da se mackam ili treba posle poroduvanje?Nekoi mislat deka koga si trudna ne smees da se mackas na bradavicite so nisto a drugite deka mozes slobodno da se mackam.Vo sekoj slucaj ke prasam i vo apteka i fala ti mnopgu,ke ja kupam sekako deka ke mi treba.




Палешка РР -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (13.11.2009 21:34:08)

Стриите се многу честа појава во бременоста, се јавуваат кај 75-90% од бремените жени. Иако не претставуваат опасност за мајката или бебето, сепак стриите кај многу жени предизвикуваат загриженост заради козметичкиот ефект кој го оставаат.
ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА СТРИИТЕ
Појавата на стрии во текот на бременоста се должи на 2 фактора:
Првиот фактор се должи на растегањето на кожата. Стрии заради оваа причина може да се појават и во други периоди од животот, на пример ако личноста качи килажа за кратко време. Кожата се адаптира на зголемената маса на телото, но ако качувањето на килажата е пребрзо, таа нема време за потполно да се прилагоди и доаѓа до нејзино распукнување, односно до појава на стрии.
Вториот фактор се хормоните, карактеристични за бременоста. Хормоните предизвикуваат складирање на поголемо количество на вода во кожата, а со тоа ги ослабуваат врските помеѓу колагенските влакна, што од своја страна овозможува да дојде до распукнување на кожата и појава на стрии.
КАДЕ И КОГА СЕ ПОЈАВУВААТ СТРИИТЕ
Кај повеќето бремени жени стриите почнуваат да се приметуваат во 6-7 месец од бременоста. Но кај некои се приметуваат веднаш штом ќе почне да се проширува стомакот. Развојот на стриите се одвива во 3 фази:
  • Во раната фаза стриите имаат розова боја и можат да предизвикаат чешање на кожата. Кожата околу нив изгледа истенчено.
  • Во втората фаза, постепено пукнатините се зголемуваат и бојата се менува во црвеникава или пурпурна.
  • Во третата фза, откако ќе созреат, стриите ја губат црвенкастата боја. Во наредните месеци по породувањето избледуваат и стануваат бледо – белузлави.

Повеќето жени за време на бременоста добиваат стрии на стомакот. Но не е ретко да се појават и на градите, колковите, долниот дел од грбот, бутовите и сл. Всушност најголема можност има на да се појават на оние делови од телото, каде што се насобира поголемо количество на масти.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ПОЈАВАТА НА СТРИИ ВО БРЕМЕНОСТА
Научниците водат дебати за тоа како и дали може да се спречи појавата на стрии во бременоста, но едно е сигурно: генетскиот фактор има многу голема улога. Тоа практично значи дека ако вашата мајка имала стрии во бременоста, тогаш шансите да ги добиете и вие се многу големи.
Повеќето стручњаци се согласуват дека ако сте генетски предиспонирани да ги добиете стриите, речиси е невозможно да ги избегнете. Сепак постојат некои работи кои можете да ги направите за да го намалите нивниот интензитет.
  • Имајте здрава и балансирана исхрана, богата со овошје и зеленчук . Тоа не само што е од огромна важност за вашето здравје и здравјето на бебето, туку е добро и за вашата кожа. Правилното качување на телесна тежина во бременоста може да ја ублажи појавата на стрии. Ако во бременоста не качите повеќе од препорачаната килажа, тогаш имате помали изгледи за да добиете стрии.
  • Доколку лекарот ви препишал пренатални витамини, земајте ги редовно, тоа ќе ја подобри и состојбата на вашата кожа.
  • Туширањето со топла вода наутро и навечер, ќе помогне порите на кожата да бидат пораширени, а со тоа и кожата да биде поелстична.
  • Додека се туширате деловите каде се појавени стриите или каде што очекувате да се појават, масирајте ги со четка. Тоа ќе ја подобри циркулацијата во критичната област.
  • Пијте многу вода. Правилната хидратација е многу важна и за вашето здравје и здравјето на бебето, а во исто време ќе ви овозможи поубава кожа.
  • Можете да користите некој од многубројните препарати и масла наменети исклучиво против стрии во бременоста. Започнете со користењето на овие препарати уште во првото или второто тромесечие, но запомнете дека ниту еден од нив не може да направи чудо. Тие може да помогнат кожата да биде хидрирана и да ублажат појавата на стриите.
  • На многу жени им помага мачкањето со какао путер. Какао путерот не само што е добар во превенцијата на стриите, туку според искуствата помага и за нивно ублажување ако се користи и после породувањето.
  • Откако ќе се породите, продолжете со истата нега.

На крај и доколку ги добиете стриите и покрај придржувањето кон упатствата, немојте да бидете очајни: со текот на времето тие ке избледат и ќе бидат многу помалку приметливи, а тоа е релативно мала цена која ќе ја платите, во споредба со радоста што ќе ви ја донесе бебето.
Денес расте популарноста на користењето на ласерски третмани за отстранување на стриите. Се работи за брза метода, која може целосно да ги отстрани трагите од стрии.




liljace -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (22.11.2009 1:41:57)

за сега и јас немам стрии и се надевам дека така ке остане[sm=smiley36.gif] хехехе веке сум во 6 месец (21недела) имам некоја крема против стрии од овде уште од 2 месец од 3 месец сестрами ми пушти од австралија некој лосион против стрии и исто сама си направив мешавина од павловичева а/д и бадемово масло и плус млекото за тело што си го користам века 10-тина години и се мачкам некогаш 2-3 пати на ден можеби нема никаква врска тоа но се надевам дека нема да се појават [sm=bravo.gif]




***Lide*** -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (30.11.2009 22:51:03)

e od toa se plasam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]se mackam od prviot moment koga doznav deka sum bremena so pdvloderm pomesana so nevenovo maslo a sega moze da dodadam i ad kapki citam deka bile dobri sega za sega nemam ispukano strii i se nadevam nema da imam ama za toa potoa gledam deka vo poveketo slucai se pojavuvaat vo krajnite meseci pa ostanuva da vidime [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] 




Весна -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (1.12.2009 21:27:08)

Милички, само што забележав дека ми се појавиле стрии на стомакот, што воошто не ме загрижува, не се многу.
Туку, се исплашив поради тоа што приближно два сантиметри околу папок ми е модаро. Некако страшничко ми изгледа.
Дали воопшто е нормално вакво модрило? Не е, нели?! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Maria -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (1.12.2009 21:38:21)

Edna moja drugarka vo bremenosta i se pojavija bezbroj strii po nozete,odozgore pa se do dole,crveni,bese grozno za gledanje.No otkako se porodi posle nekoe vreme pobelea,a sega se skoro nevidlivi.Ne grizi se Vesna mislam deka ke pominat koga ke dojde na svet malata.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]Mene so Ilija ne mi izleze nitu edna striicka,a nemam zabelezano nitu sega,no poznavam mnogu koi go imale ovoj problem i kaj site se prvo crveni duri i modri,no potoa pobeluvaat.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Весна -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (1.12.2009 21:46:20)

Мариа, фала за коментарот, но стриите воопшто не ме плашат, ептен малку се и црвени се, што значи со почесто мачкање со павловиќева и АД капки ќе исчезнат.
Ова што ми се појави околу папокот воопшто не се стрии, туку целата површина околу папокот ми е рамномерно помодрена, како огромна модрица. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Maria -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (1.12.2009 21:56:05)

E pa neznam sto da ti kazam Vesna,mozes da go prasas ginekologot,no mislam deka ne e nesto seriozno.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.12.2009 8:19:30)

Нисшто страшно..и мене ми се случи..на некои им испапнува папокот нанапред на некои се шири, како кај тебе, ако е тоа што мислам, и мене таак ми беше, после породувањето веќе немав ништо таму само една мала стриичка која од пирсот и не се гледа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Medo -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (7.12.2009 20:05:56)

И јас така се радував дека немам ниедна стрија, ама сега во 9 месец ми испука стомакот и тоа доста. Прво се загрижив, ама сега веќе не ми е гајле. Ќе се намалат сигурно колку толку.
Никој до сега не видов да пишува нешто за капилари. Јас го имам тој проблем и тоа на лицето. Ми испукаа доста капилари и без коректор не смеам веќе да излезам од дома. Дали некој бил на некаков третман за отстранување капилари и колку чини тоа или можеби сте пробале некаков козметички препарат што има резултати?




mami -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (7.12.2009 20:28:27)

медо, ти испукаа сега во бременоста? имам една другарка на која и испукаа еден куп капилари во бременоста и после постепено и се намалија..




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>