RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mama26 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (12.1.2011 11:46:52)

strii nemam nigdeka iako majkami e celata so strii.znaci nema vrska majkata ako ima deka i jas ke gi imam..jas ne se mackav odma so nisto no mm mi kupi krema koja bese so vitamin e na nea [na toa se sekavam] i nekolku pati dali se namackav..ne vnimavav na toa i eve nemam nisto..a mozebi ima vrska toa sto jas se zdebeliv samo 6 ,7 kg vo tekot na brmenosta neznam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




penelopa -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (12.1.2011 11:48:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lara2224

Ah.. gledam vekje nekoe vreme nikoj ne e aktiven na forumov... verojatno site se pomirile so faktot deka striite ke se pojavat ili ne bez razlika dali ke prevzemes merki ili ke si se opustis. Jas sum 12 nedela, se mackam so se so ke vidam uste od 8-9 nekade. Ne mozam nikako da se pomiram so faktot deka za sest meseci ke izgledam loso.... Najbitno mi e detenceto da mi e zdravo i zivo, pa uste edno i posle ke se pravi sto ke se pravi. Gledajki ja majka mi jas ke bidam so strii od gradite pa se do kolena.... si gi imam na kolkovite uste od pubertetot, malecki i bledi, i toa samo zaso se zdebeliv 3-4 kila vo rok od 2 godini.... a sega so ova tempo na debeleenje (gradite mi stanaa ogromni a vekje pocnuva i stomaceto da mi se zaobluva) ne znam sto ke bide.... Ako nekoj znae nesto efikasno neka pomaga, otsekogas sum imala mnogu ubavo telo, kosata otsekogas mi bila mazna i sjajna bez nikakvi preparati, ama sklonosta kon pojavuvanje na strii mi e ogromna...mora da ima nakakva preventiva....


Лара 2224 најпрвин добре ни дојде на форумов и ти посакувам убава дружба [image]http://www.cosgan.de/images/more/flowers/081.gif[/image]
Прво бременоста е нешто најубаво што може да ти се случи во животот па затоа ти препорачувам од искуство да не се преоптеретуваш со тело, кожа, коса. Поради хормоните се се менува, барем кај повеќето трудници. Склоноста кон стрии мислам дека најмногу зависи од типот на кожата така да ти колку и да се мачкаш со било какви препарати ако кожата недоволно е еластична ништо нема да ти помогне. Јас на пример користев само маслиново масло- немам ниту една стрија. Но кај секого е различно.
Затоа уживај и биди позитивна овие 9 месеци. Потоа ќе имаш доволно врема да се вратиш во форма дали преку вежбање или диети.




Martins mom -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (12.1.2011 12:04:54)

Нема потреба да се замарате со ваква или онаква крема, за стриите се мачка било што да е мрсно само, за да и се овозможи на кожата поголема еластичност. Јас мачкав обично млеко за тело што си го користам од нивеа и некој ден ќе промашев, некој ден два-три пати ќе се мачкав...не се опседнував со стриите и целулитот, ама ете имав среќа да не ги добијам во бременоста, а и после неа (на стриите мислам, а целулитот си е приказна за себе...од кога се породив го немам, а пред да останам бремена на бутовите имав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image])




mama26 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (12.1.2011 12:07:48)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] јонсон улјето е добро исто така




baby_bump -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (27.1.2011 19:55:47)

Sto i da se mackas nema nikakva pomos, se zavisi od organizmot i od genetikata.
Nitu so prvoto, nitu sega na 37 godini so vtoroto ne mi izlegoa strii, cela bremenost ne se mackav nisto posebno osven nivea mleko, koga epten ke osetev zateganje na kozata,a i letoto bese mnogu zesko, pa ne trpev nisto, a ne mleko za telo.
Mislev deka imaat vrska i godinkite sto gi imam, ama izgleda navistina e do tipot na kozata, jas na moja vozrast nikakvi strii na stomakot, a do mene zenata na 20 godini, celata ispukana i na stomak i po vnatresniot del na nozete, kako geografska karta....
So kremite mozebi ke se napravi nekoja prevencija, no moj sovet e da ne se liskaat pari za skapi sredstva, zasto ako si sklon na strii, nema pomos.....osven mozebi podocna nekoj tretman protiv strii............




Lara2224 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (18.2.2011 16:15:34)

Znae li nekoj dali standardnite gelovi za celulit i strii moze da se koristat i vo bremenosta??? Mislam na onie gelovi na primer na nivea ili garnier... moze li da bidat nekako stetni za bebenceto? Mora li da se koristat bas onie nameneti za trudnici?




mila mama -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (18.2.2011 16:19:48)

Јас се мачкав најмногу со павловичева оригинална за стрии, а за целулит ништо и многу шетав, така што и тој целулит што го имав исчезна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Не треба многу да се мачкаш со креми што содржат ретинол или витамин А, но од чиста претпазливост јас користев само Павловичева.




penelopa -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (18.2.2011 16:56:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lara2224

Znae li nekoj dali standardnite gelovi za celulit i strii moze da se koristat i vo bremenosta??? Mislam na onie gelovi na primer na nivea ili garnier... moze li da bidat nekako stetni za bebenceto? Mora li da se koristat bas onie nameneti za trudnici?


Мене гинекологот ми препорача да не употребувам вакви креми...јас користев маслиново масло- стрии не ми се појавија, за целулитот се надевам на пролет малку поактивна да бидам со вежбање.




Annet -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (11.4.2011 20:42:11)

denes vo apteka ke kupuvav pavlovikeva i AD kapki,i prasuvam kako -sto? ApteKarkata mi vika:SEA SAKAS LI JA DA TI I MESAM????????????????
ami ja vikam edna pavlovikeva i ad kapki da si kupam pa ke si mesam,i me iznervira i ne kupiv......ama kolku kostaat tie ad kapki ne doznav hahahahahaha si ja fativ vratata i rikverc.ama ke probam so maslinovo maslo




Viktori -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (5.5.2011 12:31:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Eve eden interesen tekst na tema strii:

Стриите се многу честа појава во бременоста, се јавуваат кај 75-90% од бремените жени. Иако не претставуваат опасност за мајката или бебето, сепак стриите кај многу жени предизвикуваат загриженост заради козметичкиот ефект кој го оставаат.
Појавата на стрии во текот на бременоста се должи на 2 фактора:
Првиот фактор се должи на растегањето на кожата. Стрии заради оваа причина може да се појават и во други периоди од животот, на пример ако личноста качи килажа за кратко време. Кожата се адаптира на зголемената маса на телото, но ако качувањето на килажата е пребрзо, таа нема време за потполно да се прилагоди и доаѓа до нејзино распукнување, односно до појава на стрии.
Вториот фактор се хормоните, карактеристични за бременоста. Хормоните предизвикуваат складирање на поголемо количество на вода во кожата, а со тоа ги ослабуваат врските помеѓу колагенските влакна, што од своја страна овозможува да дојде до распукнување на кожата и појава на стрии.
Кај повеќето бремени жени стриите почнуваат да се приметуваат во 6-7 месец од бременоста. Но кај некои се приметуваат веднаш штом ќе почне да се проширува стомакот. Развојот на стриите се одвива во 3 фази:
  • Во раната фаза стриите имаат розова боја и можат да предизвикаат чешање на кожата. Кожата околу нив изгледа истенчено.
  • Во втората фаза, постепено пукнатините се зголемуваат и бојата се менува во црвеникава или пурпурна.
  • Во третата фза, откако ќе созреат, стриите ја губат црвенкастата боја. Во наредните месеци по породувањето избледуваат и стануваат бледо – белузлави.

Научниците водат дебати за тоа како и дали може да се спречи појавата на стрии во бременоста, но едно е сигурно: генетскиот фактор има многу голема улога. Тоа практично значи дека ако вашата мајка имала стрии во бременоста, тогаш шансите да ги добиете и вие се многу големи.
Повеќето стручњаци се согласуват дека ако сте генетски предиспонирани да ги добиете стриите, речиси е невозможно да ги избегнете. Сепак постојат некои работи кои можете да ги направите за да го намалите нивниот интензитет.
  • Имајте здрава и балансирана исхрана, богата со овошје и зеленчук . Тоа не само што е од огромна важност за вашето здравје и здравјето на бебето, туку е добро и за вашата кожа. Правилното качување на телесна тежина во бременоста може да ја ублажи појавата на стрии. Ако во бременоста не качите повеќе од препорачаната килажа, тогаш имате помали изгледи за да добиете стрии.
  • Доколку лекарот ви препишал пренатални витамини, земајте ги редовно, тоа ќе ја подобри и состојбата на вашата кожа.
  • Туширањето со топла вода наутро и навечер, ќе помогне порите на кожата да бидат пораширени, а со тоа и кожата да биде поелстична.
  • Додека се туширате деловите каде се појавени стриите или каде што очекувате да се појават, масирајте ги со четка. Тоа ќе ја подобри циркулацијата во критичната област.
  • Пијте многу вода. Правилната хидратација е многу важна и за вашето здравје и здравјето на бебето, а во исто време ќе ви овозможи поубава кожа.
  • Можете да користите некој од многубројните препарати и масла наменети исклучиво против стрии во бременоста. Започнете со користењето на овие препарати уште во првото или второто тромесечие, но запомнете дека ниту еден од нив не може да направи чудо. Тие може да помогнат кожата да биде хидрирана и да ублажат појавата на стриите.
  • На многу жени им помага мачкањето со какао путер. Какао путерот не само што е добар во превенцијата на стриите, туку според искуствата помага и за нивно ублажување ако се користи и после породувањето.
  • Откако ќе се породите, продолжете со истата нега.

На крај и доколку ги добиете стриите и покрај придржувањето кон упатствата, немојте да бидете очајни: со текот на времето тие ке избледат и ќе бидат многу помалку приметливи, а тоа е релативно мала цена која ќе ја платите, во споредба со радоста што ќе ви ја донесе бебето.
Денес расте популарноста на користењето на ласерски третмани за отстранување на стриите. Се работи за брза метода, која може целосно да ги отстрани трагите од стрии.




Annet -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 13:50:49)

Ве молам за помош за испукани капилари, од ден на ден се повеќе се шират??Паника ме фаќа,незнам што да правам,па и цел ден не се лежи........................




mamicki -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 13:56:38)

Strii, sega zasega- nemam, ama celulit!!!! Butovite i zadnikot mi se odvratni!!!! Sto mozam da napravam vo vrska so toa sega, za vreme na bremenosta? Lele, vo vonzemjanin se pretvoriv!, kako meseceva, ne portokalova kora izgledam!




blond -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 16:08:51)

8 месеци ниту стрија ми се појави ниту ништо. А последнава недела-две цееееееееееееееел стомак ми се ишара со стрии [sm=smiley19.gif] кутрата јас, сите мои осум-месечни напори паднаа во вода за 2 недели :(




lilicka -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 16:33:09)

Исто и јас blond се убив од мачкање а и од пари давање за скапи креми против стрии и целулит и се е џабе[sm=smiley19.gif]
Стомакот ми е цел шарен уфф....сега ќе си ги имам за цел живот!!!




AnnaMolly RR -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 16:35:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Ве молам за помош за испукани капилари, од ден на ден се повеќе се шират??Паника ме фаќа,незнам што да правам,па и цел ден не се лежи........................


Значи колку ми испукаа вените и капиларите за време на бременост, дури човек страв да го фати. Оди си на трансфузиологија и ако ти дадат маст обавезно мачкај се и биди дисциплинирана.




kikitina -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 17:04:26)

И јас исто како Блонд се мачкам со млеко со витамин е и до пред една недела немав ниту стриичка, ама сега почнаа да се појавуваат на слабините. Мајка ми родила 3 деца па нема ниту една стрија нити пак распуштен стомак. Сестра ми со првото дете во телото си остана како девојка, а со второто и се појавија стрии. Значи јас мислам дека се си зависи од организмот и кожата како ќе се прилагоди на бременоста.




Annet -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (2.6.2011 20:26:24)

fala ti AnnaMolly,kazi mi posle bremenosta se povlekoa li kapilarite???????
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Ве молам за помош за испукани капилари, од ден на ден се повеќе се шират??Паника ме фаќа,незнам што да правам,па и цел ден не се лежи........................


Значи колку ми испукаа вените и капиларите за време на бременост, дури човек страв да го фати. Оди си на трансфузиологија и ако ти дадат маст обавезно мачкај се и биди дисциплинирана.






SkCura77 -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 0:12:56)

Imate li nekoe lekce za strii na gradite? Ili da ste slusnale za necie iskustvo kako se snasle da gi namalat barem, ako vekje ne mozat da isceznat celosnol...




mamicki -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 6:57:10)

Skopska curo [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], za strii lek - nema, otkako kje se pojavat, samo prevencija. Potoa samo laserski mozat da se otstranat, a toa e dolga i skapa procedura[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Inaku, so vreme sami si obeluvaat. Podobro izgledaat (ponevidlivo) ako imas dobar tonus na muskulite i kozata, inaku, strii+ opustena koza/ muskuli....ccccc




Calypso -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 8:42:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Strii, sega zasega- nemam, ama celulit!!!! Butovite i zadnikot mi se odvratni!!!! Sto mozam da napravam vo vrska so toa sega, za vreme na bremenosta? Lele, vo vonzemjanin se pretvoriv!, kako meseceva, ne portokalova kora izgledam!



Иста приказна... јас таман си го средив целулитот, па оп, останав бремена и пак ми се познава... сега не можам да се мачкам со антицелулитни кремови затоа што дојам, па се масирам или со бадемово масло или со млекото за тело Елдена... колку толку, поднамален е... ама уште работа ме чека[sm=smiley13.gif]
А стрии ми се појавија две недели после породувањето, 3-4 се, околу папокот... сега се малку побледи, ама на почетокот беа виолетови... за мене нема веќе дводелни костуми за капење[sm=smiley19.gif]




Lidina -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 11:50:55)

Calypso, zosto ne se preporacuvaat anticelulitnite kremi pri doenjeto? Pa ako se mackame so se i sesto protiv strii vo bremenosta[sm=jezicek.gif] sodrzat li nekoja stetna sostojka tie kremi? jas pak mislam aj da se porodam pa ke se frlam na rabota da go saniram celulitot[sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 13:42:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

fala ti AnnaMolly,kazi mi posle bremenosta se povlekoa li kapilarite??????



Да ти кажам право не сосема. Вака беше кај мене. На стапалото кај глуждот најмногу ми испукаа на десната нога, а исто и на десната нога на листот. Ама ми беа лилакови, темни, ужас! Јас не бев дисциплинирана и не се мачкав со тоа што ми го препорача докторот на трансфузиологија (алвен) и ми се проширија многу. Ама одма по пораѓање, по едно час-два ми се повлекоа едно 60-70 %. Се уште имам испукани вени, ама не се толку страшни.
Среќа само што не ме болеа нозете, само така изгледа површно беа. Ама ми рекоа дека за втората бременост ќе морам мнооогу да внимавам и да ги негувам нозете.




AnnaMolly RR -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 13:45:09)

Ама ти за секој случај оди нека те прегледаат додека е време.





Annet -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 14:03:36)

fala ti mnogu;-)
eve denes bev na doktor mi rece maticnata od ponedelnik da odam na transfuziologuja obavezno,i da pijam mnogu c vitamin vo tekot na denot...... i kaj mene e na stapaloto ama samo na levata noga i gore nad kolenoto na mekoto......daj boze da se povlecat da ne ostanat vaka temni kako modrici....




Annet -> RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари (3.6.2011 21:07:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

fala ti mnogu;-)
eve denes bev na doktor mi rece maticnata od ponedelnik da odam na transfuziologija obavezno,i da pijam mnogu c vitamin vo tekot na denot...... i kaj mene e na stapaloto ama samo na levata noga i gore nad kolenoto na mekoto......daj boze da se povlecat da ne ostanat vaka temni kako modrici....
[/quot
a sto pravat tamu,zemaat li krv ????




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>