Bitolcanka -> RE: Барам работа (17.2.2010 14:51:20)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica за на состаноци немам гајле, + во германија кога бев со директорот на прошла фирма кај што работев, тој врска немаше од германски и морав се да преведувам и ок беше, ама вака у кабина чекаат од мене уууууу страшно еееее!!! Еве ме и мене. Сега се вклучувам и гледам актуелна на форумот-темата за работа, болна за сите нас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Професорице се изгледа страшно на старт, а се ја губи тежината кога ќе започнеме и ќе му погледнеме на "оној/она со кој/кое треба да се соочиме" директно в очи. Ако не пробаш никогаш нема да знаеш на што си, дали ќе успееш, како ќе се снајдеш. Ништо не губиш, а можеш многу да добиеш. Само напред, со верба во себе, борбено и упорно. Навивам за тебе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] И јас често со мала доверба во себе од старт велам дека нема да успеам, тешко е, не можам, се е против мене. Но има и некое внатрешно гласче кое ми вели да се обидам. И да не успее човек, и постојано да паѓа, мора најпрво самиот (и со поддршка од најблиските, се разбира) да најде сила во себе, да продолжува, пак и пак... Тежок е патот до успехот и целта, но самата претстава дека после ќе се насладуваш на својата победа те тера да не запираш, никогаш, никогаш да не се предаваш...
|
|
|
|