mami -> фригидност (16.6.2009 8:59:04)
|
Фригидноста е состојба кога не постои желба за сексуален акт, и е пропратена со недостиг на еротски чувства и можност за време на половиот чин да се постигне оргазам. Како настанува? - Стравот е главен и најзастапен фактор(страв од бременост, од абортус, од болки и неминовни старечки промени. Покрај стравот, моралните конфликти и конфликт меѓу социјалните обврски и нагонот, може да ја условат фригидноста. -Психичката условеност, главно може да се јави како: 1.Свесна психичка условеност 2. Потсвесна психичка условеност Свесна психичка условеност - Фригидноста, најчесто се јавува како последица на религиозно, и погрешно сексуално и морално воспитување. Така воспитаните жени мислат дека половиот однос е валкан, забранет и неморален. Овие сфаќања тешко може да се сменат. Емотивна причина за фригидност може да биде во облик на психичка повреда што се случила во детството како обид за силување или присилен допир на половите органи. Неа може да ја предизвикуваат кавги и недоразбирања во бракот, како и недостиг на љубов и крутото однесување на жената поради постојното чувство на срамежливост. Настанува и како последица на страв од бременост што жената го чувствува кога не сака уште едно дете, затоа што веќе е мајка. Или, некоја сака да има дете, но стравува од породилни болки. Фригидноста може да биде предизвикана и од: недоверба во средствата за контрацепција; местото каде што се остварува сексуалниот акт (жената има потреба да се чувствува целосно сигурна и да не биде вознемирувана). Нејзината несигурност може да ја предизвикаат најбанални работи -отворен прозор, незаклучена врата... Жената може да стане фригидна и ако партнерот не ја одржува личната хигиена, но и од неговите незгодни навики во сексуалниот чин. Таа чувствува гадење и не може да го прифати сексуалниот акт. Стравува и од можен груб приод и надмен однос од партнерот. Волјата за полов однос жената може да ја изгуби затоа што при претходните обиди не почувствувала пријатност. Оваа состојба кај жената создава комплекс на пониска вредност. -Кога жената е под постојано влијание на некоја стара љубовна врска, тогаш кај неа еротските чувства не можат да дојдат до целосен израз. -Љубомората, сомневањето во верноста на партнерот, кај жената предизвикува омраза и фригидност. -Комплексот на онанијата, исто така, може да биде причина за фригидност.
|
|
|
|