|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Забите во текот на бременоста
16.6.2009 9:32:39   
Палешка РР

Во бременоста треба редовно да се посетува стоматолог за да се избегнат негативните последици по здравјето на мајката и на плодот од разни патолошки орални состојби



user posted image
Прим. д-р. Коте Тасевски, спец. по болести на забите и ендодонтот


Бременоста е период на интензивни промени во организмот на жената, меѓу кои се и проблемите со устата и забите. Многу луѓе веруваат дека во бременоста мора да се расипуваат забите, бидејќи плодот го троши калцуимот од забите и дека "со секоја бременост се губи по еден заб". Ова, не е точно, затоа што мајката преку својата исхрана ги обезбедува сите потребни градивни материи за плодот. Но, точно е дека во бременоста постои зголемена подложност кон расипување на забите и заболување на непцата, што е резултат, пред се, на хормоналните промени што се одигруваат во организмот на жената, како и од постојаното грицкање и лошата орална хигиена.



Промени во здравЈето на забите

Утринската мачнина, желбата за одредена храна и општата малаксаност на трудниците во првото тримесечие може да се одрази на одржувањето на хигиената на устата, што резултира со нови кариеси на забите.

lТруднички гингивитис. Почнувајќи од вториот месец, па до крајот на бременоста, хормоналните промени се одразуваат на состојбата на непцата. Зголеменото ниво на хормони (естрогени и прогестерон) го олеснуваат развојот на бактерии во усната празнина и може да ја предизвикаат состојбата "труднички гингивитис". Таа се јавува кај 65 до 70 отсто од бремените жени и се манифестира со отечени, црвени непца, што лесно крвават. Промените на непцата се повлекуваат по породувањето.

lГингивални тумори. Кај бремените жени може да се развијат и т.н. труднички гингивални тумори (епулис или пиогена гранулома) - воспалителни, бенигни израстоци на непцата. Тие спонтано исчезнуваат, но ако пречат во џвакањето или миењето заби, стоматологот може да одлучи да ги отстрани.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Забите во текот на бременоста
16.6.2009 9:33:20   
Палешка РР
Што треба да одбегнуваат бремените жени?

Оралните проблеми во бременоста може да се спречат и контролираат со добра хигиена на устата. Со зголемена домашна хигиена на забите, редовно отстранување на забниот камен, користење раствори за испирање на устата, ќе се заштитиме од воспаленија на непцата. Ако четкањето предизвикува гадење и мачнина, може да се користат антиплак флуоридни раствори за уста. Редовно професионално чистење на забите обезбедува добра контрола на плакот и го спречува развојот на гингивитис и гингивални тумори. Добра исхрана, особено витамините Ц и Б12, помагаат во одржувањето на здравата уста.

Најдобро време за изведување на стоматолошките процедури е второто тромесечие од бременоста кога фетусот е најмалку повредлив. Жената во овој период се чувствува најудобно. Ако постои податок за претходни спонтани абортуси, се препорачува да се одложат сите третмани по породувањето (освен најитните). Жените со забоболка може да се лекуваат во кое било време. Забоболката е секогаш резултат на инфекција што може да се прошири системски - да предизвика компликации со бременоста, ако не се лекува.

При користење локална анестезија или препишување лекови, потребна е консултација со гинекологот. Рендгенско снимање треба да се избегнува, освен кога е навистина неопходно. Иако во бременоста може да се изведуваат речиси сите стоматолошки процедури, сепак тие што не се неопходни треба да се одложат по породувањето.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Забите во текот на бременоста
16.6.2009 9:34:33   
Палешка РР
Дали имавте/имате проблеми со забите во текот на бременоста и како ги решава/в/те?

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Забите во текот на бременоста
16.6.2009 10:03:09   
mami
освен што некаде при крајот на второто тромесечје почнаа да ми крварат непцата и немав некои посериозни проблеми, иако знам случаи кои секоја бремост ги чинела по еден заб...се јавив кај забарката и ми рече дека е сосема нормално и да внимавам со четката..после породувањето и тоа исчезна

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Забите во текот на бременоста
16.6.2009 10:45:43   
Еца
Да, да и јас имав само крварење на непцата, и со Мартина, и сега оваа бременост, а како ќе биде после породувањето, ќе ви јавамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Забите во текот на бременоста
20.6.2009 16:02:25   
Еца
Дали е дозволено поправање на забите?

Посетите на стоматологот се неопходни, а потрбата за негата на забите и устата  двојно поголема. Отечени и поцрвенети непца, кои се исклучително осетливи и лесно прокрваруваат,  не е нешто невообичаено за време на бременоста. Прв чекор за ублажување на овие непријатности е правилната хигиена на устата. Потребно е да посветите поголемо внимание од вообичаено. Најмалку двапати дневно детално мијте ги забите, а еднаш дневно користете конец за заби. Устата плакнете ја со соодветни раствори или наједноставно со топла солена вода. За време на бременоста препорачливо е барем двапати да се посети стоматологот. Доколку се појави  некој проблем, неговото решавање не го одлагајте за после породувањето, делувајте веднаш. Исто така може да се одстрани кариесот под локална анестезија. Доколку морате да превземете посериозни зафати после кои е потребно примање на антибиотици, задолжително консултирајте го вашиот гинеколог.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Забите во текот на бременоста
20.6.2009 16:57:31   
Палешка РР
Јас бев на заболекар пред три дена, бидејќи ме болеше заб user posted image
Докторот ми го исчисти забниот камен, а исто и непцата кои ми беа многу восталени user posted image
Ми препорача Gingival C за премачкување и масажа на непцата и C Vitamin од 500 мг за џвакање.
Исто така и чај од жалфија за секојдневна хигиена на забите user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Забите во текот на бременоста
20.6.2009 20:49:20   
mis.
За да немате проблеми со забите пијте флуонатрил.Истите ги препорачувам и за деца постари од 6 месеци за здрави заби.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Забите во текот на бременоста
31.8.2009 15:32:14   
Bile
Fluonatrilo se zabraneti poveke ne se davaat na trudnica bidejki decata na tie trudnici imaat golemi moznosti za dobivanje na kamen na bubreg do 12 godina od svojot zivot. Ova e naucno dokazano i zatoa i kaj nas vo Makedonija poveke ne se preporacuvaat trudnici da pijat fluonatril.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Забите во текот на бременоста
10.9.2009 9:12:04   
Палешка РР
Пак јас и мојот заб user posted image , цела ноќ око не склопив ни една минута. Му се јавив на заболекарот уште во 7,30 часот и еве ме сега се вратив, ама ја кренав ординацијата во воздух user posted image .
Ми стави некаков лек и пак да се видиме во сабота user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Забите во текот на бременоста
10.9.2009 13:19:11   
Палешка РР
bibi, гледам дека си стоматолог, ајде овде малку прокоментирај на какви интервенции смееме да се излозиме во бременоста, кои лекови за во заб се штетни за плодот итн.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Забите во текот на бременоста
11.10.2009 11:48:02   
Snowhite RR
Зошто штетен флуорнарилот? Мене заболекарот цело време ме потсетуваше да  почнам да го пијам после петиот месец и гинекологот го прашав не ми рече дека се штетни. Почнав пред една недела да го пијам и сега ова како шубе ми остава дали да продолжам. Заболекарот рече дека е многу добар за забите, дека почнале дури и кампања да се воведи во градинките, да им се дава на децата во млекото.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Забите во текот на бременоста
23.10.2009 11:54:28   
Muffin
So fluonatrilot e nereseno - ginekolozi zabranuvaat stomatolozi obavezno go davaat pa jas resiv da go pijam povremeno samo, ne sekoj den. Imam mnogu problemi so nepcata vo bremenosta, koristam paradontox pasta za zabi - poskapa e od obicnite, no navistina pomaga, koristam gel za zabi od galafarm na baza na proppolis (gingival C ne mi pomagase), i ja ispiram ustata so caj od zalfija...odrzuvam nekoja sredina, no dodeka ne se porodam ke si teram vaka, drugo care nema.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 19:47:33   
Maria
Da Anica imas pravo,nemozev da najdam.Gledam ne sum samo jas vo dilema vo vrska so ova prasanje.user posted image

(Одговор на членот Muffin)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 20:00:22   
biljana16
Jas ovie apcinja ne gi pijam bidejki genikologot mi zabrani. Mi rece da pijam kalcium magnezium i zelezo i rece deka nisto drugo ne e potrebno. Pozdrav.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 20:06:09   
Maria
A mene tokmu ginikologot mi gi prepisa i vo prvata bremenost i sega.Na Ilija ne mu gi davav,pa ima super zdravi zapcinja.Sekoj doktor,razlicno zboruva.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 20:30:32   
***Lide***
i jas sum vo dilema ginekologot mi rece da zemam po edna tableta vo denot Fluonatril isto i stomatologot ama zboruvav i so pedijatar a pak tie strogo gi zabranuvaat veli vidi na internet kakvi nesakani dejstva predizvikuva pa resi sama a predizvikuval poremetuvanja vo rabotata na bubrezite kaj deteto i sega vistina ne znam sto da pravam sega prestanav da gi pijam zemam samo Prenatal pa gledam i vo niv ima kalcium pa si velam deka dosta se tie i vistina e deka ne znaeme na kogo da mu veruvame user posted image

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 20:34:08   
***Lide***
i mene mi gi preporaca Fluonatrilot i ginekologot i stomatologotama zboruvav i so pedijatar pa tie strogo gi zabranuvaat velat stetno deluvale na bubrezite na bebeto imalo na internet dosta napisano za toa pa sega ne znam sto da pravam gi prekinav da gi pijam sega zemam samo Prenatal pa i vo niv ima kalcium.i vistinski ne znaes na kogo da mu veruvas kako da postapis user posted image

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Забите во текот на бременоста
30.11.2009 23:16:19   
Палешка РР
И јас имав дилема, но одлучив да му верувам на гинекологот, а заболекарот добро ме искара..Иако во првата бременост пиев флуонатрил овојпат одлучив да не пијам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Забите во текот на бременоста
1.12.2009 0:52:09   
alex_mo
  Во првата бременост не пиев ништо ,а син ми има заби - бисери ,бели и под конец наредени,сега сама го прашав гинекологот околу 5от месец и ми рече да се консултирам со стоматологот,ама и без тоа не штети да ги пијам.Не ги пиев и минатата недела му кажав дека не пијам и ми рече дека ако немам проблем неморам....
  Некако ми доаѓа чудно оти сестра ми со двете внуки ги пиеше ,а на поголемата 4 год.забите и се катастрофа,црни и и се ронат ,малата е уште мала...Затоа мислам дека не се некоја заштита туку забите се генетски наследни..сестра ми имаше такви млчни заби....

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Забите во текот на бременоста
1.12.2009 0:55:11   
struja24
tocno taka

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Забите во текот на бременоста
1.12.2009 13:39:12   
Mihaela
Е сега ме упалшивте со коментариве, Јас сум 6 месец бремена и во 5 месец стоматологот ми ги препорача флуонатрил и за мене и за мојата 5 годишна ќерка и еве секој ден ги пиеме .Не знам што да правам сега.....user posted image user posted image

(Одговор на членот struja24)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Забите во текот на бременоста
1.12.2009 13:45:12   
mami
немој да се плашиш, ако не те советувал гинекологот или заболекарот нема зошто да ги пиеш..јас не ги пиев, па лука нема проблем со запчињата барем досега, а него му давам од нив од кога го извади првото запче..
А и се согласувам со алекс_мо дека забите се наследни..кај мене и двајцата родители рано останале без своите заби од парадентоза мислам дека се викаше- па еве и јас и сестра ми сме со проблематични заби, а мајка ми вели дека пиела некакви апчиња со флуор додека била бремена..ама ете- генетика си е генетика

(Одговор на членот Mihaela)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Забите во текот на бременоста
21.1.2010 12:01:26   
mis.
Долго време во светот постоел мит дека за секое дете жената во текот на бременоста губи по еден заб. Ова се поврзувало со потребата на фетусот за калциум и дека калциумот се зема од забите на мајката, па затоа тие стануваат кршливи и лесно можат да бидат изгубени. Денес е докажано дека правилната исхрана на мајката во текот на бременоста е сосема доволна за правилен раст и развој на фетусот. Причината поради која бремените жени ги губат забите се недоволната хигиена и избегнувањето на стоматолошката интервенција. Во текот на бременоста се случуваат бројни промени во организмот, но сите тие се од физиолошка природа. Промените во устата најчесто се манифестираат како воспаление на меките ткива т.е. непцата. Поради зголемената хормонска концентрација, во овој период чести се отекувањата и крварењата од гингивите околу забите. Промени може да се јават и во плунката и плунковите жлезди, како и во пределот на усните. Сите овие промени треба да се контролираат, а за секоја нејасна работа идната мајка треба да се консултира со својот стоматолог. Работата на стоматологот понекогаш е поврзана со давање антибиотик. Антибиотиците од групата на пеницилин, амоксицилин и клиндамицин се дозволени, можат да бидат препишани од стоматологот и користени од страна на идната мајка. Треба да се избегнува земање на антибиотик од групата на тетрациклини во текот на бременоста , бидејќи тие имаат директно дејство на развојот на забите на плодот и дисколорација на млечните и трајните заби. Анестетиците (лидокаин, прокаин) кои се користат во текот на стоматолошките интервенции, и покрај тоа што поминуваат низ плацентата, во концентрациите во кои се користат немаат штетно дејство врз развојот на плодот. Сепак, доколку е возможно, препорачливо е сите покомплексни орално хируршки интервенции да се одложат за после породувањето. Во првото тромесечие (од зачнувањето до 14-та недела) бремените жени се најосетливи на стрес и надворешни влијанија. Првото тромесечие е многу важен период во развојот и растот на плодот, а во овој период се случуваат и најголемиот број на абортуси. Поради сите овие причини во овој период се препорачува да се извршуваат само превентивни и профилактички прегледи и интервенции. Исто така, не се препорачуваат рендген снимања, доколку не постои итност од стоматолошки третман. Второто тромесечие, кое трае од 14-та до 28-та недела, доколку се работи за нормална бременост е најпогодниот период за интервенција од страна на стоматологот. Во овој период може да се извршуваат сите профилактички и куративни третмани, пломбирање и чистење на забен камен и орално хируршки интервенции. Исто така, може да се врши и Ртг снимање, но само доколку се заштити плодот и тироидната жлезда на мајката со заштитни кецели и престилки. Во третото и последно тромесечие, кое трае од 28-та недела до породувањето, стоматолошките интервенции не претставуваат опасност за плодот, но во овој период идната мајка се наоѓа во понапредна бременост. Потребата од поставеност во правилна позиција и избегнувањето на дополнителен стрес и притисок врз мајката е доволна причина сите стоматолошки интервенции да се одложат или да се извршат исклучиво во првата половина од ова тромесечие.   Д-р Зоран Трајчев
- Доктор на стоматологија -

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Забите во текот на бременоста
21.1.2010 12:03:51   
arh_diz
Jas mnogu se plasam od zabar. Ginekologot mi rece deka posle 12 nedela ke moram da se konsultiram so stomatolog. Mada jas vaka gledajki zasega nemam nitu eden rasipan zab.A i koga doagam vo Skopje imam svoj stomatolog mnogu sum zadovolna od nego i go posetuvam.Paleska ima pisano za nego za mene mislam deka e najdobar stomatolog vo Makedonija

< Поракaта ја уредил arh_diz -- 21.1.2010 12:04:48 >


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?