RE: Пуканки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Snowhite RR -> RE: Пуканки (16.11.2013 18:20:01)

Михаил многу сака пуканки, секогаш кога излегуваме бара да му купиме и мислам дека се најздрави од сите грицки




deluxe -> RE: Пуканки (18.11.2013 7:21:33)

Пред некој ден [sm=duda.gif] ја виде сестра му како јаде пуканки,збесна дете дури не му дадам да проба.Ама страв ми е тој е сеуште мал за нив,па морав да му кинам сини парченца од пуканката.На една пријателка детето (и тоа малечко како моево) се има задавено од пуканки.Тоа е сепак грицки за поголемки деца,но ние се си пробуваме покрај дадичка и [sm=duda.gif] начекува да проба некои забранети работи,демек ај од мисла...[sm=jezicek.gif]




sandriana RR -> RE: Пуканки (18.11.2013 10:41:18)

Пуканките и нам ни се омилени грицки. Од летоска и станаа фаворит, па сега често дома правам, во тенџере.
Најубаво е домашна пченка, изронета од кочан директ, ама бидејки немам таква, купувам од Макс - Струмица.




Defne90 RR -> RE: Пуканки (21.2.2014 1:29:49)

Поголемиот синко немаше ни две годинки кога почнав да му давам пуканки и оттогаш ептен ги јаде.Првиот пат му го давав тоа белото по крајот и ги чистев од луспите затоа што ми беше страв да не му залетне некоја лушпа во грло,но после кратко време почнавме да ги јадеме цели и оттогаш и нам ни се омилени.Инаку баш вчера им пукав дома се отепаа од јадење.На помалото уште му немам дадено но како и да е во скоро време и тоа ќе ги проба.А сега фаворит ни се благите пуканки дефинитивно.[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Пуканки (21.2.2014 10:25:57)

Првпат проба пуканки пред неколку месеци, на 3,5 години од прилика. Ми беше страв дали ќе се засркнува, ама нема гајле. Ни станаа омилени грицки, секој втор -трет ден пукаме во микро.




princessa -> RE: Пуканки (21.2.2014 17:42:20)

И јас и давам на малата пуканки ма да само белиот дел зашто ми е сеуште страв да не се задави[sm=bravo.gif]. Ги сака многу а и ние ги сакаме, доста се здрави за јадење. Така и така не купуваме чипсеви и смоки, тоа само бабите во Македонија и ги прават. И добро ме потсетивте со темата, утре да си купиме и да ги пукаме[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Пуканки (28.9.2014 11:30:46)

Еве за сите родители што се двоумат дали да дадат пуканки или некои други грицки на своите деца, една убава статија. КЛИК




Snowhite RR -> RE: Пуканки (28.9.2014 12:54:22)

Нас ни се омилени пуканките, сега и Јана многу ги сака, како се радува кога ќе види, а мама ич не се радува[sm=smiley1.gif], зашто морам да и ги чистам бидејќи е мала и морам да и ги вадам тие на средина да не се задави, ама кога се работи за децата, поготово кога сакаат да јадат нешто здраво не ми е тешко ништо




Felly RR -> RE: Пуканки (29.9.2014 12:00:07)

Бидејќи темава е за исхрана на деца, последните постови ги префрлив во темата Грицки и ТВ.




Mila mamicka -> RE: Пуканки (19.11.2014 13:05:28)

Не знам зошто, ама долго време сметав дека пуканките не се здрави за јадење. Сигурно заради тоа што јас ги сакам со многу сол. Потоа прочитав на нет дека всушност тие се најздрави грицки, доколку се без сол, и почнав да му ги давам и на син ми. Тој просто ги обожава. Ги проба прв пат на 2 години, и оттогаш често ја тера баба му да му пука пуканички (така си ги викаме ние тука). Подобро да јаде пуканки, отколку смоки и чипсови (што секако и не му давам).




AneLav RR -> RE: Пуканки (19.11.2014 15:37:05)

Едно време многу јадевме пуканки со сестра ми. Си ги пукавме на шпорет со сол и зејтин . Основна храна ни беше пуканки со јогурт. Отакако се омажив почнавме со мм да ги купуваме оние за во микробранова па кога прочитавме колку се штетни престанавме да ги јадеме. Овде на шпорет не сум пробала имам комбиниран плотна со плин, баш ќе пробам.




caciana -> RE: Пуканки (30.11.2014 15:04:59)

Koj vi kaza deka pukankite se stetni??? hahha Pukankite se odlicni za podobruvanje na rabotata na crevata.(prva rabota) Vtora rabota ne debeleaat kako drugite gricki zatoa sto sodrzat malku kalorii. Znaci ne se stetni . No so decata treba da se vnimava najmnogu zaradi onie tankite luspi sto gi ima od zrnoto , pa so niv moze da nastane problem dokolku zastanat na krajnici .




scared RR -> RE: Пуканки (30.11.2014 15:55:12)

Штетни се оние пуканки во микробранова , останатите не, а и калорични се во комбинација со газирани пијалоци вака не . Инаку јас не сум голем обожавател на пуканки..




Ki4iko -> RE: Пуканки (30.11.2014 20:13:17)

Синчето многу ги сака, обавезно дома имаме [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]