Iva -> RE: Генитални брадавици (16.6.2009 14:19:09)
|
Пред се морам да Ви кажам едно големо БРАВО за форумот, за оние кои го креираат и за сите оние кои допринесуваат со своето присуство да биде едно место каде лугето без разлика на полот и возраста пред се ке се дружат, а воедно ке добијат и корисни и поучни информации. Во врска со темата за гениталните брадавици, сакам да Ви го кажам моето искуство. Инаку мажена сум, мајка на две синчиња 3 год. и бебенце 4 и пол месеци. За време на втората бременост во пределот околу надворешниот дел на анусот и вагината, се појави една брадавичка. Најпрвин беше мала, но потоа почна да расте и почнаа да се појавуваат уште. Се проширија скоро до препоните. Поради големината на стомакот не бев баш во можност да видам колку станале, па после породувањето станале 7. На гинеколог ми кажаа дека се кондиломи, што многу ме исплаши и гинекологот ме испрати кај специјалист за кожни и венерични болести. Тука пак ми кажаа дека тоа не биле кондиломи туку обична вирусна инфекција, која воопшто не е поврзана со гинеколошки проблем. Односно не е ништо сексуално преносливо. Во исто време правев ПАП тест, вчера ги земав резултатите, нема никакви промени на грлото од матката, се е во ред. За санирање на брадавиците еднаш неделно одам на горење со течен азот. Самата постапка трае 5 мин. не е воопшто болна. Отприлика за 4-5 третмани брадавицитетреба да се исушат и да паднат.
|
|
|
|