RE: Мајчина книшка! (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Hopeful RR -> RE: Мајчина книшка! (15.12.2014 12:54:15)

Уште не. Додуша, кај старата матична стоеја на маса, ама не ми спомна ништо, а новата не знам ни дали има. Баш ќе одам за контролен брис задутре и ќе ја прашам. Имала-немала функција, мерак ми е бе [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Мајчина книшка! (15.12.2014 13:03:28)

Па се внесуваат податоци за твојата бременост, претходни дијагнози, бремености, терапии при забременувањето, па потоа историја на болести, податоци за развојот на бебе од ехо прегледи, качување на килажа во текот на бременоста итн. Тоа во мојата пишуваше.

Мене ми се допаѓаше сето тоа, а и потоа кога одев на подготвителни часови за породување, ми имаат пишано дека сум била и така.
Мислам дека е тоа краток вовед во се, за докторите што те породуваат имаат некаков преглед, ама кој ги гледа па тие книшки, тоа е прашање.
Освен ко што кажа Хоупфул, мерак ми е да ја имам и за ова бебе. :)




Mihaela 2010 -> RE: Мајчина книшка! (15.12.2014 13:20:19)

Ama ete koj kako ke si ja sraboti rabottata,mene maticnata ne mi gi zaveduvase ovie raboti,osven vo kartonot,moze i zatoa ne mi ostavila vpecatok




gina -> RE: Мајчина книшка! (15.12.2014 13:37:20)

mene mi dade maticniot majcina uste vo 6nedela i mi rece redovno da ja nosam mi zapisa krvna grupa,tezina, visina, pritisok.Zapisa se deka eho sum imala vo ta nedela i naredniot pregled mi go zapisa i bev presrekna violetova e imase brosura




Melanija RR -> RE: Мајчина книшка! (12.1.2015 15:16:43)

Една од новостите денеска е и за електонска мајчина книшка
==============
Во тек е изработката на електронски мајчини книшки, со што здравствените домови ќе имаат точна евиденција за сите бремени жени. Оттаму, патронажните сестри ќе ја добиваат листата на трудници кои треба да бидат посетени. Се остава и можност, овие суплементи да ги даваат и матичните гинеколози или пак, жените да ги подигнуваат од здравствените домови.
-Изјава на министерот за здравство, Никола Тодоров

Извор:Курир.мк




mamickaa1 -> RE: Мајчина книшка! (11.2.2015 15:23:53)

Сакам да знам , дали таа мајчината книшка мора да ви ја отвори матичниот гиниколог, или било кој доктор, и дали ви прават прегледи пред да пишуваат дали преходно сте имале било каков абортус, и која бременост ви е по ред? Би благодарам однапред..




gina -> RE: Мајчина книшка! (11.2.2015 16:45:39)

mamickaa1 majcinata kniska ti e otvora maticniot ginekolog i sekoj pregled go zapisuva vnatre brisevi,krv, mokraca, tezina ,pritisok,merki od plodot ,koja bremenost tie po red ,abotrusi




Felly RR -> RE: Мајчина книшка! (15.4.2015 19:47:00)

Јас сум 20 нед и уште немам мајчина книшка. Минатиот пат ја прашав сестрата кога се отвора, па ми рече наредна контрола да ги носам сликичките од ехо за да ми ги внесе мерките и тогаш ќе ми ја пополни со сите податоци.




LoveableMe RR -> RE: Мајчина книшка! (16.4.2015 14:52:50)

"Почна да функционира електронската мајчина книшка

Четврток, 16 Април 2015 13:49

Министерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка која од вчера е достапна и во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката ќе може да ги користи матичниот гинеколог, но и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, пренесува МИА.

Во прво време, рече, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно губење се мали.

- Целта на воведувањето на електронската матична книшка е прецизно следење и контрола на бременоста во целиот нејзин тек и заштита на здравјето на мајката и новороденчето, како и дополнително намалување на здравствените ризици, предвременото породување и раѓањето на деца со аномалии поради нередовното одење на препорачаните контролни прегледи. Во неа се евидентираат сите прегледи и утврдени резултати од прегледите на бремената жена, како и детални податоци за породување и за новороденчето. Со тоа ќе се овозможи на докторот кој прв пат ја прегледува бремената жена веднаш да ги добие сите податоци за било кој период од бременоста што е од исклучително значење за соодветна проценка на здрвствената состојба, рече Тодоров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека електронската мајчина книшка претставува база на податоци кои можат да послужат за надополнување на здравствената статистика и за креирање на здравствени политики и додаде дека со нејзиното воведување Министерството за здравство ќе ги има сите податоци во реално време за бројот и здравствената состојба на бремените жени и нивното одење на прегледите. По потреба, истакна, ќе можеме да ги повикуваме оние трудници кои не ги направиле одредените прегледи.

- На овој начин имаме детален и прецизен регистар за бремените жени во целата држава и со тоа овозможуваме докторите во реално време да ги добиваат податоците за задравствената состојба на трудницата. Сите 142 матични гинеколози во државата добија упатство за начинот на пополнување и водење на електронската матична книшка која ги содржи истите податоци како и печатената книшка која е адаптирана во 2012 година согласно Упатството за водење здрава бременост, рече Тодоров.

Министерот за здравство истакна дека во книшката има податоци за здравствената состојба на бремената жена и плодот, односно податоци за текот на бременоста, породувањето и за здравствената состојба на новороденчето.

Податоците за бремената жена, прецизира, опфаќаат крвна група, RH фактор, лична гинеколошка и репродуктивна анамнеза, како и податоци за серолошки анализи и извршени ултразвучни прегледи. Во делот за породување се евидентира типот на породување и евентуални компликации при породувањето и постпородилниот тек.

За новороденчето се евидентира родилната тежина, должина, обем на глава и граден кош и податоци за примени вакцини кои се даваат во родилиштето. Покрај тоа, се евидентираат и показателите на загрозеност, односно состојби кај жената кои бараат дополнителна грижа во текот на бременоста како срцеви и бубрежни болести, ендокрини нарушувања и други нарушувања како недоносеност, вродени аномалии, инфекции, деца родени во домашни услови кои понатаму ќе му помогнат на педијатарот во грижата за новороденчето."

Извор: Курир мк




Melanija RR -> RE: Мајчина книшка! (17.4.2015 0:25:23)

Дали да е за радување дали за чудење [sm=smiley24.gif]
Како што читам низ темав од тие 142 матични ,сигурно 70% ниту дали или не ни пополните хартиена мајчина книшка ама ете паралелено и електронски ќе поплнеле [sm=smiley7.gif] ајде важи
Таа се дава што се види срцева реакција и секој преглед се пополнува,а не е си нашле време покасно одново да ја пополнат па и време да се тоа одеднаш да искуцкат електронски.
Абе како се од обратно да се прави. Да си ги провери матичните и колку книшки издале па после надоградување [sm=zmeden.gif] уф празна слама само фалби




lukajana RR -> RE: Мајчина книшка! (17.4.2015 13:01:47)

Ова е смешки ,мојот матичен гинеколог нема компјутер[sm=smiley36.gif]така да отпаѓа електронскава ,а и обичната додуша не ја пополнува ама битно ја дава да си ја имаш[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]