Еца -> RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија) (16.1.2010 2:04:09)
|
Кај повеќето пациентки кај кај кои се развил ЦИН1 ќе дојде до спонтано повлекување на болеста. Кај помал број, ќе се развие трајна инфекција со ХПВ која може да се развие во потешки облици на ЦИН. Пушењето, употребата на контрацептивни средства, инфекции со други полно преносливи болести, промискуитетно однесување и ухранетоста, се фактори кои би можеле да влијаат на развој на болеста. Секој фактор што ја потикнува интеграцијата (вградувањето) на ДНК на ХПВ во човечкиот геном може да биде причина за напредување на болеста во инвазивен карцином. Самиот ЦИН, не предизвикува посебни субјективни тегоби. Промената на вагиналниот секрет најчесто е последица на пратечкиот цервицит или колпит. Можно е и контактно крварење кај големи еритроплакии(нежен, цилиндричен епител на грло на матка). Обично ЦИН се дијагностицира при рутински гинеколошки преглед или при организирано земање на брисеви од грло на матка(скрининиг) за цитолошка анализа (т.н. ПАП-тест) во одредена старосна група. Патолошки(ненормален) наод на ПАП-тест се класифицира како: · атипични плочести клетки со неодредено значење (ASCUS) · сквамозна интраепителна лезија од низок степен (low SIL) што одговара на ЦИН1 · сквамозна интраепителна лезија од висок степен (high SIL) што одговара на ЦИН 2 и ЦИН 3. Во наодот се назначува и дали постои цитолошки видлива инфекција со ХПВ. За да биде дијагностичката обработка на ЦИН потполна, потребно е да се применат следниве, три комплементарни методи: 1. ПАП-тест 2. Колпоскопија и 3. Биопсија (земање на ткиво од цервикс и киретажа на цервикален канал со патохистолошка анализа на земениот материјал). ПАП-тест значи земање на материјал(клетки) од површината на цервикс и цервикален канал со специјална шпатула и четка. · Колпоскопија е преглед на цервикс под силно осветлување и зголемување од 7 до 50 пати, по премачкување со 3% оцетна киселина. · Во зависност од наодот се прави биопсија на цервикс со специјална клешта и киретажа на цервикален канал со мала кирета во краткотрајна анестезија. · Дополнителна метода е типизацијата на ХПВ, за ориентација дали се работи за ХПВ со висок или низок ризик. Понатамошната постапка зависи од колпоскопскиот наод, патохистолошката дијагноза, присутноста на ХПВ, а притоа земајќи ја во обзир возраста на пациентката, дали има раѓано или не, постоење на друга гинеколошка болест, можноста за редовни контроли и желбата на самата пациентка. Околу 15% од ЦИН1 промените со тек на време ќе напредуваат до потешки промени. Но исто така околу 60% од ЦИН1 со тек на време спонтано ќе се повлечат па и само редовно контролирање е добар избор за совесни пациентки кои би доаѓале на редовни контроли секои 4-6 месеци. Доколку ЦИН 1 постои и после една година а промената е и колпоскопски видлива и докажана со биопсија, потребно е да се одстрани. Секоја пациентка со ПАП-тест кој укажува на ЦИН 2 И ЦИН 3, треба веднаш да се упати на колпоскопија и биопсија, а лечењето се продолжува во склад со дијгнозата и постоечките методи на лекување. Епидемиолошките и клинички иследувања во последните години укажуваат на се поголем број на млади жени кои имаат преканцерозни промени на грло на матка а сеуште немаат родено. Затоа е потребно да се одбере метода која е ефикасна во одстранување на промената, а нема да остави трајни последици на грлото на матката.
|
|
|
|