Доплер - ултразвук (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Еца -> Доплер - ултразвук (16.6.2009 14:59:00)

Прегледот со доплер-ултразвук може да биде од пресудно значење за жените што имаат ризична бременост особено во фази кога се вршат главните ултразвучни прегледи.

-Следењето на плодот е можно уште во најраните фази на бременост, а во 20-тата гестациска недела, кога се врши и главниот ултразвучен преглед, доплер се користи како скрининг за некои болести што најчесто се јавуваат во текот на бременоста, како што се, на пример, плод со мала тежина или покачен отпор на ниво на папочната артерија. Тоа се параметри што кажуваат како понатаму. На пример, покачениот отпор на ниво на папочна артерија зборува за болести од страна на мајката или некои промени на постелката, што понатаму би можеле да доведат до компликации во бременоста. Една од можните компликации се гестозите и зголемен крвен притисок кај родилката, а од ова може да произлезе и плодот да се роди со мала родилна тежина. Преку скринингот, пак, од 20 до 24 недела, ако се абнормални протеците низ крвните садови, може да ни навести дека можеме да очекуваме компликации во таа бременост, што сигнализира дека е потребна појака контрола на бременоста.доплер зборува за циркулаторните промени, крвотокот и што би значело тоа во интерпретацијата за актуелната и перспективната состојба на тој плод. 




srnicka -> RE: Доплер - ултразвук (16.6.2009 15:46:30)

Jas narednata nedela ke vlezam vo 21 nedela i ke odam na pregled za srceto i iskreno me faka panika , kako ke e i sto ke mi kaze




Еца -> RE: Доплер - ултразвук (16.6.2009 15:51:21)

Каква паника мила, мисли позитивно, се ќе биде добро, и едвај чекам да ни пишеш како поминало се.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




princessa -> RE: Доплер - ултразвук (5.3.2013 19:23:47)

i jas bev deneska mnogu vozbudena, mislev deka srceto ke mi izleta posle sekoj zbor od lekarot. Gledase li gledase bas dolgo no fala bogu se e vo red so moeto[sm=duda.gif]. Toa sto mozese da se vidi e se kako sto treba pa da se nadevame na pozitiven kraen ishod koga ke se rodi. Mnogu bev isplasena posebno sto ne merev nuhalna brazda i ne pravev prisca. I vo prvata bremenost ne pravev nisto od toa, ma da togas bev pomalku informirana i kako sto gledam covek e podobro da ne se informira mnogu zasto od mnogu glava boli. Posto ziveam vo germanija ovde merenjeto na nuhalna brazda i prisca testot se pravat samo po zelba na majkata, ne e kako vo makedonija da se meri zadolzitelno nuhalna brazda. Pred 5nedeli mi imase kazano deka mozebi e momce nodlaboko vo sebe znaev deka e devojce i deneska mi potvrdi konecno.[sm=smiley36.gif]




dida -> RE: Доплер - ултразвук (12.3.2013 10:00:16)

vcera bev na skreening i fala bogu se bese vo red so [sm=duda.gif]. Ni kazaa deka e [sm=rozacrtici.gif] i mnogu si se izraduvav[sm=bravo.gif]




Страница: [1]