mami -> RE: Среќен роденден Тоше! (25.1.2010 8:47:51)
|
Најголемиот подарок кој камо да не требаше да се подарува... Ѕвездата на Тоше полесно ќе се гледа [image]http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/A85DFB17F382ED4E878D9C0FF225C7FF.jpg[/image] Обожаватели на Проески, членови на меѓународниот „Тоше фан-клуб форум“, денеска ќе му подарат телескоп на неговото семејство Моника Талеска Обожаватели на Тоше Проески, членови на меѓународниот „Тоше фан-клуб форум „денеска на денот на неговиот роденден ќе му подарат на семејството телескоп со врвен квалитет, што во саботата го донесоа во фондацијата „Тоше Проески“ во Крушево. Во Тошевиот фан-клуб форум членуваат над 10.000 љубители на Тоше, кои спонтано во Интернет-контактите дошле до идеја да регистрираат ѕвезда што ќе го носи името на македонската мега ѕвезда на сите времиња, кој пред две години замина во легендите. Како носители на иницијативата, фановите го платиле и кумството за ѕвездата, а сега купиле и телескопот. „Членовите на нашиот интернационален „Фан-клуб форум“ доставија барање, односно ја купија во подружницата на американската фирма „Интернешнл стар реџистри“ во Белград, ѕвездата што се наоѓа во соѕвездието „Пегазус“, секако, под името Тоше Проески. И како продолжение на тоа, овој пат купивме телескоп. Не' има од сите држави на поранешна Југославија, од Бугарија, дури и од Либија..од сите страни на светот, контактираме, се договараме, постојано организираме различни настани во чест и спомен на големиот хуманист и музичар Тоше Проески. Дојдовме во Крушево за да им го предадеме телескопот на најблиските, на членовите на семејството на Тоше“, вели Лилјана Лоренс, член на интернационалниот „Тоше фан-клуб форум“. Телескопот напролет ќе биде поставен во дворот на манастирот „Свето Преображение“. Ќе биде сместен во соодветен објект од каде што ќе можат сите туристи да ја набљудуваат ѕвездата „Тодор Тоше Проески“. „Кога ќе се стопи снегот, во дворот од манастирот ќе изградиме куќичка во која ќе го сместиме крстот. Куќичката ќе има подвижен покрив, што ќе се отвора за да може оттука да се набљудува ѕвездата. Ќе бидат обучени две лица, кои, пак, ќе им даваат препораки на туристите како треба да ракуваат со телескопот што со оглед на врвниот квалитет е мошне чувствителен уред и доколку се користи несоодветно, може да се оштети“, вели Јане Андрески, член на Управниот одбор на манастирот. Телескопот во просториите на фондацијата го монтираше астрономот Радан Митровиќ од Астрономско друштво од Скопје. „Овој телескоп е втор по големина во Македонија. Има одлични перформанси, но треба да се чува на соодветено место и да биде покриен. Може да зголемува околу 400 пати, а Крушево има едно од поубавите неба, се наоѓа на надморска височина од над 1500 метри, така што телескопот ќе има извонредна намена“, изјави Митровиќ.
|
|
|
|