Децата од Хаити (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


mami -> Децата од Хаити (25.1.2010 8:53:09)

Исчезнатите деца од Хаити на црниот пазар на луѓе
[image]http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/2E75CF752EAF0640AE943FAC03E834F1.jpg[/image] Не може да се определи точниот број деца за кои се тврди дека ги нема, пишува "Гардијан"
Лондон - Меѓународните хуманитарни организации, ангажирани на Хаити по катастрофалниот земјотрес, предупредуваат дека децата што се исчезнати од локалните болници по потресот, би можело да се прошверцувани на црниот пазар на луѓе, пишува „Гардијан“.

Засега не може да се определи точниот број на децата за кои се тврди дека никаде ги нема и за кои се стравува дека се киднапирани и прошверцувани некаде надвор од Хаити, но хуманитарните работници зборуваат за дваесетина деца. Стравувањето на овие агенции за судбината на малолетниците е поттикнато од досегашното искуство со Хаити, каде и пред земјотресот беше раширена појавата за шверцување и препродавање на деца на западниот пазар.

Лондонскиот весник забележува дека таа појава на Хаити сега би можело да добие нов замав, откако многу тамошни деца по земјотресот останаа сами, без родителите што загинале во урнатините на Порт-о-Пренс. Хуманитарните агенции ги советуваат луѓето во западните држави, што сакаат да посвојат дете, да не избрзуваат со одлуката за посвојување деца од Хаити, затоа што тоа може да биде „прерана и опасна“ одлука, бидејќи повеќето од нив можеби не се сираци, туку се киднапирани.

Некои земји, како САД, Германија и Франција, одлучија да ја скратат процедурата за посвојување, за да го олеснат извлекувањето на децата од трусната зона, но по пријавеното исчезнување на деца од болниците француските власти прекинаа со брзото посвојување, забележува „Гардијан“. (МИА)




caci20 -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 8:56:16)

Хаити како земјотресна туристичка „мека“


Луксузниот „Навигатор на морињата“ се укотви на Хаити
за туристите да може да нуркаат и да јадат скара

ПОРТ-О-ПРЕНС - Додека преживеаните Хаиќани се
тепаат за парче храна, патниците на луксузен
прекуокеански патнички брод во понеделникот
безгрижно ги минуваа деновите во одморалиште
на околу 130 километри оддалеченост од мизеријата
што го запрепасти светот. Огромниот патнички брод
со 3.100 патници „Навигатор на морињата“ на „Ројал
Карибиен“ се укотви на северната плажа на Хаити за
да можат туристите да нуркаат и да јадат скара. Туристите
се истоварија на брегот Лабади, раскошна и добро
обезбедувана приватна плажа изнајмувана од луксузни
патнички компании, каде што патниците скокаат на трамболини,
пијат коктели на висечки лежалки и купуваат предмети од „домородечките пазари“.





mami -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 9:01:18)

не ми се верува до каде може да оди човечката бесчувствителност и алчност. некој се бори за живот на само неколку метри од нив а тие си уживаат на плажа.

А дечињата? Останале без родители, и.и полошо- ги киднапирале за да заработат на нив.

некогаш се чудам колку е човекот едно арогантно, бесчувствително суштество




mami -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 10:57:58)

На еден од руските сајтови прочиав дека стравуваат оти родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




pacuvce -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 11:02:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]



Ако си ги продаваат децата,не знам ни дали заслужуваат да бидат наречени родители...А пак можеби на овие деца дури и ќе им биде подобро кај луѓе кои имаат љубов и внимание,кое на децата им е потребно...Не знам што да кажам...Сепак,жалосно...




niki -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 11:08:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

На еден од руските сајтови прочиав дека стравуваат оти родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Жалосно и страшно, монструозно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] А велиме дека човекот е единствено свесно суштество способно да размислува...но кога делува е полош и од животно




mami -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 11:08:18)

несреќата ги тера луѓето на чудни работи, вака или онака пак страдаат најневините- дечињата...




Anushka -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 12:04:53)

тоа што се случува на Хаити е апокалиптично. Мислам дека многу од родителите од очај, и токму од љубов кон своите деца, се откажуваат од нив, за да им обезбедат барем шанса заподобра иднина.
Мое прашање-дилема: кој родител повеќе си го сака детето - тој што ќе потпише дека никогаш повече нема да го види, а знаејќи дека му обезбедува сигурност и перспекива, или оној, кој ќе го остави детето да ја дели неговата трагична судбиба?
Вакви ситуации како на Хаити, имало долж целата човечка историја (последно слично било за време на војната во Кореа)...




profesorica -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 12:06:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

тоа што се случува на Хаити е апокалиптично. Мислам дека многу од родителите од очај, и токму од љубов кон своите деца, се откажуваат од нив, за да им обезбедат барем шанса заподобра иднина.
Мое прашање-дилема: кој родител повеќе си го сака детето - тој што ќе потпише дека никогаш повече нема да го види, а знаејќи дека му обезбедува сигурност и перспекива, или оној, кој ќе го остави детето да ја дели неговата трагична судбина?м


потпис!!!




mami -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 12:09:16)

А од каде сигурноста дека тоа дете наме да заврши во некоја од многуте детски армии? или дека нема да влезе во светот на детската порно индустрија?
Јас би да е со мене, колку и да е тешко и мачно




mother 29 -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 12:13:31)

Aко имаат тие свест да размислат до толку, дека со тоа што ги даваат им обезбедуваат иднина на децата ,таа свест нека ја искористат во планирање на семејството[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
инаку мислам дека тоа е безкруполозно,нечовечно .....затоа што тоа го прават само за пари..ништо по напредно  од тоа ДЕКА ДЕЦАТА ГИ ДАВААТ ЗА ПАРИИИИ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
од овие причини не гледам така на работите...туку ги презирам од дното на душата!




Anushka -> RE: Децата од Хаити (25.1.2010 12:15:44)

токму тука е и дилемата, Мами... А што ако така му ги скратуваш можностите да преживее?
Кога беше војната во Сараево, паметам слики од вести, каде родителите „буквално“ ги бутаа своите деца во избеглички автобуси и вагони, само да ги спасат од воената агонија... Многу од родителите не знаеја кон која земја се упатени автобусите и дали воопшто ќе стигнат до дестинацијата.




amelbebe -> RE: Децата од Хаити (28.1.2010 11:55:30)

strasno e luge ne daj boze da sme vo nivna koza




Страница: [1]