Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Правите ли список на почетокот на месецот за се она што треба да се купи и после го средувате во согласност со моменталниот буџет или едноставно купувате кога како ке ви дојде, да не речам бесплански?
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 13:49:16
lilit
Кај мене прво се оделуваат пари за кредитот па за Марко и неговите потреби и нормално на крај ако нешто остане за мене и мм.А беспланско трошење е одењето во Тинекс и купувањето се и сешто затоа понекогаш од таму
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 13:56:56
jovanka
bez plan nisto ne funkcionira taka da i eden semeen budzet isto taka treba na funkcionira voglavno pravam plan sekojpat vo toj plan ima kako i kaj site nekoi mali otstapki nepredvidlivi raboti (rodendeni,podaroci,dopolnitelni plakanja za uciliste-gradinka...).
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 14:12:24
tereza
моја другарка живее само со татко и,двајцата работат и секој месец на листови запишуваат за секој ден посебно колку пари потрошиле и за што. мене искрено тоа ми е малку претерано,да се лишиш од се. Јас си ги планирам парите за 1 месец што ми треба,а успевам и да си заштедам и досега си имам собрано една убава сума пари,не се луксузирам ама тоа што ми треба си го купувам,одам на кафе,за вечерни излегувања... ако убаво си испланираш не е проблем
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 14:15:12
arh_diz
Nie ne pravime spisok . Koga dobivame plata edna suma odstavame za trosenje a drugata za zacuvuvanje . Ako gi ostavime site ke gi potrosime i uste nema da ni stignat.Parite ne se nikogas dovolni kolku i da gi imas
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 15:53:19
penelopa
Најчесто да...планираме што ни е приоритет ако е нешто покрупно...за останатото за дома и за храна најчесто правам список пред да одиме да купуваме...но секогаш има и ненадејни трошоци ...гледаме нешто и да заштедиме
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 15:58:09
vezilka RR
ах мене за планирање при не ме бива, тоа е работа на мажле..тој си праи планови за покрупните ствари што треба да се купи а и за тоа да се тргне нешто на страна..ама џабе му е, на крај месец ја ќе му ги расипам плановите оти веќе сум ја потрошила мојата плата и се гребам кај него..:)
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 16:37:26
pacuvce
Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 17:51:57
niki
Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање. А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 18:00:01
ivaelena
Кај нас исто доста се внимава што и како ќе се купи, а да се заштеди од една просечна плата нема шанси! Мислам дека не е битно колку пари имаш, секогаш треба економично да се трошат, а не да се расфлаат.
_____________________________
Животот е она што ни се случува, додека ние кроиме планови.
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 18:04:11
ripce
Не ги распределуваме парите... една плата на мм, струја, вода, телефони, интернет, кабелска, пазарење за дома, Памперс, млеко и др. потребно за син ми и отиде платата... за мои лични потреби добивам од моите, за гардероба, за факултет... за поголеми работи скоро се обезбедивме комплетно мебел, телевизор, фрижидер, шпорет, перална, туш кабина значи комплетно реновиравме по дома, така да во блиска иднина нема да купуваме ништо поголемо.
< Поракaта ја уредил ripce -- 25.1.2010 18:06:02 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 18:13:55
Bitolcanka
Знам често повеќе да потрошам, за работи што ми се неопходни, значајни, убави... но никогаш не одам преку црвената линија, не сум за луксуз. Треба да се планира, да се штеди за "црни дни", особено сега, во ова време во кое живееме кога тешко се заработуваат парите, а лесно и брзо се трошат.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Како ги распределуваме парите? 25.1.2010 19:06:14
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање. А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.
RE: Како ги распределуваме парите? 26.1.2010 0:02:14
Боцко
прове за кредит и режиски трошоци, а потоа другото по потреба.за супермаркет се прави список за да не се заборави нешто. кога пазарам јас обично имам и предвиден буџет во кој се обидувам да се вклопам. сите напори се насочени кон тоа да го отплатам стамбениот кредит што побрзо, но тоа значи повеќе труд и работа а никао одрекување, особено не од летен одмор. стефан си има црн фонд - заштеда која е ставена на страна и ни под разно не се чепка. кога ќе наполни 18 ќе има барем 10.000 евра ако не и повеќе. а тоа е доволно за некој почеток на кбалитетни студии или друго што ќе му биоде потребно.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
RE: Како ги распределуваме парите? 26.1.2010 9:36:11
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce
Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?
ПОТПИС, исто ко јас да сум пишувала
но ќе ти одговорам, сепак штеди си!!! ќе се најдат јас играм на таа карта.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Како ги распределуваме парите? 26.1.2010 9:54:14
melody
Kaj nas maz mi e za epten ekonomicno trosenje na parite dodeka jas znam i da potrosam poveke od predvidenoto Inaku i nie pravime spisok koga pazarime vo super market se so cel da ne se zaboravi nesto zosto odime ednas mesecno i zamislete da pojdeme bez spisok pola od rabotite ke se zaboravat da se kupat.Imame i crn fond koj sto od mesec na mesec se zgolemuva fala mu na boga
RE: Како ги распределуваме парите? 26.1.2010 13:11:44
Tanja K.
Jas obavezno si pravam spisok za pazarenje,No sekoj pat se kupuva i mnogu poveke od napisanoto.Se razbira tuka se smetkite,karticite,uplatnici od uciliste i pazarenjeto.Bidejki kasnat socijalno so parite,a dokolku se ima drug trosok,na pr,sega na 26.02. imame rodenden na Elena i tuka smetkite sigurno ke bidat skoknati.Ke treba da se obleceme,igroteka,torta i nesto za na masa.A za crn fond,sto e toa????????
RE: Како ги распределуваме парите? 26.1.2010 22:57:00
Izabella
Koga ke mi tekne kolku pari trosev porano na garderoba ziva se jadam...sega nekako poveke si gi cenam parite, se mi se cini premnogu skapo...pocnav samo na popusti da kupuvam, ama zatoa pa zastedata pocna da mi se zgolemuva. Iako nemam pravo da diskutiram na temava posto sum uste bez familija, ama najverojatno deka togas uste na pocetok na mesecot bi pravela raspredelba na parite