Како ги распределуваме парите? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Финансиски дилеми околу родителство



Порака


mami -> Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:46:02)

Правите ли список на почетокот на месецот за се она што треба да се купи и после го средувате во согласност со моменталниот буџет или едноставно купувате кога како ке ви дојде, да не речам бесплански?




zami -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:47:56)

nemame vreme za spisok, samo trosime, za sreka karticive imaat dozvolen minus [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




lilit -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:49:16)

  Кај мене прво се оделуваат пари за кредитот па за Марко и неговите потреби и нормално на крај ако нешто остане за мене и мм.А беспланско трошење е одењето во Тинекс и купувањето се и сешто затоа понекогаш од таму[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:50:49)

правиме список, мора инаку останавме уште на 15ти без пари.

планираме што да тргнеме на страна-тоа од моја плата.а остатокот си го трошам јас за гардероба и фризери.

а на мм цела плата ја планираме.




nadica -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:55:50)

прво за надица да има се што и треба, па за кредитот и сметки останатото јас го трошам како стигнам [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] најчесто во пазарење за дома




jovanka -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 13:56:56)

bez plan nisto ne funkcionira taka da i eden semeen budzet isto taka treba na funkcionira voglavno pravam plan sekojpat vo toj plan ima kako i kaj site nekoi mali otstapki nepredvidlivi raboti (rodendeni,podaroci,dopolnitelni plakanja za uciliste-gradinka...).




tereza -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 14:12:24)

моја другарка живее само со татко и,двајцата работат и секој месец на листови запишуваат за секој ден посебно колку пари потрошиле и за што.
мене искрено тоа ми е малку претерано,да се лишиш од се. Јас си ги планирам парите за 1 месец што ми треба,а успевам и да си заштедам и досега си имам собрано една убава сума пари,не се луксузирам ама тоа што ми треба си го купувам,одам на кафе,за вечерни излегувања... ако убаво си испланираш не е проблем  




arh_diz -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 14:15:12)

Nie ne pravime spisok . Koga dobivame plata edna suma odstavame za trosenje a drugata za zacuvuvanje . Ako gi ostavime site ke gi potrosime i uste nema da ni stignat.Parite ne se nikogas dovolni kolku i da gi imas




penelopa -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 15:53:19)

Најчесто да...планираме што ни е приоритет ако е нешто покрупно...за останатото за дома и за храна најчесто правам список пред да одиме да купуваме...но секогаш има и ненадејни трошоци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]...гледаме нешто и да заштедиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 15:58:09)

ах мене за планирање при не ме бива, тоа е работа на мажле..тој си праи планови за покрупните ствари што треба да се купи а и за тоа да се тргне нешто на страна..ама џабе му е, на крај месец ја ќе му ги расипам плановите оти веќе сум ја потрошила мојата плата и се гребам кај него..:) 




Bogdancanka -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 15:59:35)

неправиме баш некои планови,може да планираме за некои поголеми потрошувачки а за ситните работи или за гардероба неправиме план.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




pacuvce -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 16:37:26)

Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




niki -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 17:51:57)

Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање.
А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.




ivaelena -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 18:00:01)

Кај нас исто доста се внимава што и како ќе се купи, а да се заштеди од една просечна плата нема шанси! Мислам дека не е битно колку пари имаш, секогаш треба економично да се трошат, а не да се расфлаат.




ripce -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 18:04:11)

Не ги распределуваме парите... една плата на мм, струја, вода, телефони, интернет, кабелска, пазарење за дома, Памперс, млеко и др. потребно за син ми и отиде платата... за мои лични потреби добивам од моите, за гардероба, за факултет... за поголеми работи скоро се обезбедивме комплетно мебел, телевизор, фрижидер, шпорет, перална, туш кабина значи комплетно реновиравме по дома, така да во блиска иднина нема да купуваме ништо поголемо.




Bitolcanka -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 18:13:55)

Знам често повеќе да потрошам, за работи што ми се неопходни, значајни, убави... но никогаш не одам преку црвената линија, не сум за луксуз. Треба да се планира, да се штеди за "црни дни", особено сега, во ова време во кое живееме кога тешко се заработуваат парите, а лесно и брзо се трошат.




mother 29 -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 18:19:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

nemame vreme za spisok, samo trosime, za sreka karticive imaat dozvolen minus [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]



isto!




Sandric -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 19:01:33)

Prvo trgam za smetki i za pazarenje za hrana gore dole a za drugo ako ostane ;)




Еца -> RE: Како ги распределуваме парите? (25.1.2010 19:06:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање.
А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.


За оваа тема го имаме истото размислување[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Боцко -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 0:02:14)

прове за кредит и режиски трошоци, а потоа другото по потреба.за супермаркет се прави список за да не се заборави нешто. кога пазарам јас обично имам и предвиден буџет во кој се обидувам да се вклопам. сите напори се насочени кон тоа да го отплатам стамбениот кредит што побрзо, но тоа значи повеќе труд и работа а никао одрекување, особено не од летен одмор. стефан си има црн фонд - заштеда која е ставена на страна и ни под разно не се чепка. кога ќе наполни 18 ќе има барем 10.000 евра ако не и повеќе. а тоа е доволно за некој почеток на кбалитетни студии или друго што ќе му биоде потребно.




profesorica -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 9:36:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?[sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif]


ПОТПИС, исто ко јас да сум пишувала

но ќе ти одговорам, сепак штеди си!!! ќе се најдат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] јас играм на таа карта.




melody -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 9:54:14)

Kaj nas maz mi e za epten ekonomicno trosenje na parite dodeka jas znam i da potrosam poveke od predvidenoto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Inaku i nie pravime spisok koga pazarime vo super market se so cel da ne se zaboravi nesto zosto odime ednas mesecno i zamislete da pojdeme bez spisok pola od rabotite ke se zaboravat da se kupat.Imame i crn fond koj sto od mesec na mesec se zgolemuva fala mu na boga[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Tanja K. -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 13:11:44)

Jas obavezno si pravam spisok za pazarenje,No sekoj pat se kupuva i mnogu poveke od napisanoto.Se razbira tuka se smetkite,karticite,uplatnici od uciliste i pazarenjeto.Bidejki kasnat socijalno so parite,a dokolku se ima drug trosok,na pr,sega na 26.02. imame rodenden na Elena i tuka smetkite sigurno ke bidat skoknati.Ke treba da se obleceme,igroteka,torta i nesto za na masa.A za crn fond,sto e toa????????[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Izabella -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 22:57:00)

Koga ke mi tekne kolku pari trosev porano na garderoba ziva se jadam...sega nekako poveke si gi cenam parite, se mi se cini premnogu skapo...pocnav samo na popusti da kupuvam, ama zatoa pa zastedata pocna da mi se zgolemuva. Iako nemam pravo da diskutiram na temava posto sum uste bez familija, ama najverojatno deka togas uste na pocetok na mesecot bi pravela raspredelba na parite




Anushka -> RE: Како ги распределуваме парите? (26.1.2010 23:09:15)

Парите не се штедат, парите се заработуваат.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>