Еца -> RE: Враќање на тежината од пред породувањето (3.8.2009 23:00:42)
|
Ајде мамички да си дадеме поттик малку да бидеме поакзивни, а не само да се жалиме како не можеме да ги изгумбиме килограмите.Нормално дека се се може, па и вишокот кг. Еве еден интересен текст.Се само да дојдеме до посакуваната тежина[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Многу е нормално по породувањето да паднете во депресија поради својот изглед. Не потресувајте се, тоа е добар знак дека сте се соочиле со фактот и дека е време да направите нешто за себе. Најкритични делови се олабавените гради и половината. А бидејќи сега сте ограничени со времето, и 5 минути во денот се доволни за почеток.Тешко ви е да се одделите од вашето малечко, па правете го тоа заедно. Освен што ќе се чувствувате подобро, многу повеќе ќе се зближите со своето дете. Пуштете музика. Бебињата уживаат да слушаат музика уште додека се во утробата. Затоа слободно навикнувајте го да слуша музика, а вие кренете ги рацете и слободно играјте. Преку танцувањето ќе ги раздвижите своите мускули и циркулацијата. Пешачење. Доколку надвор времето е убаво, искористете го. Земете ја количката и шетајте со своето дете. Пешачењето, особено ако брзо одите, многу ќе ви помогне во губењето на калориите. Купете видео. Денес можете да најдете видеа за вежбање наменети за мајки и деца. Доколку немате од каде да купите, побарајте на интернет. Вие ќе слабеете, а вашето малечко ќе се забавува пред ТВ. Користете го времето за спиење. Времето додека детето спие посветете си го себеси. Правете вежби за загревање, трчање во место, стомачни и др. Придржувањето до ова правило, иако трае кратко, ако го почитувате секојдневно, ќе ви донесе резултат. Направете игра од вежбањето. Ако вашето дете е малку поголемо, вашиот процес на вежбање направете го игра за него. Покажувајте му ги вежбите, а тоа нека ги повторува по вас. Забавувајте се.
|
|
|
|