Bitolcanka -> RE: Кој ве има засрамено пред други луѓе? (26.1.2010 0:28:15)
|
No comment Enika, навистина страшно и шокантно... Мојот најголем срам... Бев дома кај дечко ми за роденденот. Дома беа неговите родители, сестра му, зет му, децата нивни-внучињата на дечко ми и другарите (меѓу кои и т.н. другари), значи повеќемина. Јас дента, претпладнето кога се видовме насамо му го дадов подарокот завиткан во украсна хартија и картичка со порака: "Некој таму горе мисли на тебе, некој тука долу - те сака. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БУДАЛЧЕ". Во еден момент ја видов картичката, ставена на видно место, до телевизорот и се стаписав, но си реков нема да ја забележат... Не помина долго време, поголемото внуче (второ одделение е) ја најде, ја зеде и ја прочита пораката на глас пред сите (во момент на тишина). Сите се смееја, а мене ми доаѓаше да пропаднам в земја од срам [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|