RE: Како да се грижите за брадавиците? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


lolla RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.11.2014 8:59:04)

Јас ги мачкам со микс од бадемово, кокосово масло и павловиќева (има и маслиново и ад капки внатре ама не мора) и кога го мачкам стомакот убаво ги мачкам и нив наечер и олеснува болката од мачкањето. А насабајле се мачкам со млеко за тело, сега баш на еуцерин имам со пумпица и тоа е супер. А имам читано дека ланолинските креми се добри за тоа.




mamita83 -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.11.2014 9:10:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Mamicki ve molam za sovet.Bremena sum 17nedela no poslednive dve nedeli imam mnogu problem so bradavicite.Preku nok bukvalno mi se zgolemija gradite i ednata bradavica mi e mnogu vovlecena dr ne tolku no nekako se suvi i pocnuvaat da pukaat i premnogu bolat.Dali imal nekoj vakvo iskustvo da me posovetuva sto da pravam da se mackam so nesto..So prvata bremenost nemav problem no posle poroduvanje pak mi se vovlekoa no nemav mleko ne doev.



Pisav pogore lanolin mast zemi, jas nemav problemi so bradavicite dodeka bev bremena, ama malata od cicanje rani mi napravi. Za nedela dena od upotrebata na lanolin masta vekje bea zazdraveni.




Malecka23 -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (5.11.2014 13:32:54)

Fala vi zenski mnogu.Ke zemam lanolin obavezno.Ja prasav i d-rkata od fb Soba za doenje.Mi rece deka korickite se od prvoto mleko i normalno bilo i da koristam lanolin.Isto mi dade i soveti za vovleceni bradavici pa ke vidime.Sega nosam i gradnik za doenje ne obicen malku me popustija bolkite ama ne i vo bradavicite..

[/quote]




Ki4iko -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (19.11.2014 19:59:22)

Како што иде терминот за породување,си почнувам да се спремам.Сакам да купам крема за брадавици , па се мислам која да ја одберам,од која сте најазадоволни?




ana mari -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (9.3.2015 15:18:45)

Majkii ednata brdavica mi e ispukana mnogu i nemozam ni da mu dadam da cica od tamu mi tece krv me boli premnogu sega samo od edna mu davam a ispukanata so mie ja odmolzuvam so pupmica[sm=zmeden.gif]
Edna komsika mi vika ako pravam taka togas od ednata grada ke mi sekne mlekoto moralo bebeto da cica i od tamu zarem ne e isto ako ja se odmolzuvam dodeka da zazdrave




Defne90 RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (9.3.2015 16:18:04)

Ана мари значи мораш да му даваш да цица и од двете брадавици затоа што точно е тоа дека ќе ти секне млекото од едната ако не му даваш да цица.Мене ми има кажувано една бабица после секое цицање и миење на брадавиците да се премечкувам со мајчино млеко и така немало опасност од испукување.Пробај така се надевам дека полека полека ќе ти заздравеат и ќе можеш да му даваш и од таа.Инаку сега додека заздравее што да ти кажам стискај заби и давај му да цица да не ти секне млекото.[sm=smiley1.gif]




luna zivkova -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (9.3.2015 16:48:07)

Ana Mari, ne e tocno deka ke ti sekne mlekoto ako samo ja izmolzuvas. Mozes slobodno da ja izmolzuvas ednata grada dodeka da ti pomine, pritoa zemi si pantexol mast, mnogu e efikasna,so dve tri mackanja ke ti pomine, redovno mackaj i za eden den ke ja snema.
Da znaes samo deka bradavicite se razranuvaat od nepravilna polozba pri cicanje, gledaj ubavo da go namestis bebeto i da lapne kolku sto moze poveke od bradavicata ne samo pupkata. Zemi pantexol ke si go resis problemot.




lukajana RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (9.3.2015 22:59:00)

Ana mari можеш да се измолзуваш ама давај по малку и да цицне,на почетокот е исто кај сите бебето неправилно цица и затоа се разрануваат дојките ама мора да цица за да се научи.Мене ми се случи двете дојки да ми се разранат и како цицаше бебе умирав од болки ама бебињата се најбитни ,незнам како иде вештачка брадавица тоа не сум користела а една пријателка кога и се разранија доеше со вештачка и брзо и поминаа ако има некоја р-рка што употребувала нека пише искуство




blue_blue -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (10.3.2015 9:06:28)

Јас доев само со вештачки брадавици. Мене многу добро ми испадна се тоа. Немав рагади а децата нормално си цицаа и напредуваа. Уште во болница ми дадоа нивни (стерлизирани) од medela и такви си купив и јас кога излегов од болница. Тие се од многу мек силикон за разлика од другите кои ги има по аптеки кои се како камен тврди и децата не можеа да цицаат. Јас морав вака зошто имам вовлечени брадаивици и немаше друг начин, дури и неколку сестри ми викаа одма да се откажам дека нема шанси да дојам - мали ми биле децата немале сила да повлечат преку вештачка брадавица, што се покажа како апсолутно неточно. Важно е пред секое цицање брадивацта да е стерилизирана, ако немаш стирилизатор извриј ја во вода 1-2 минути. Фала богу јас немав никад проблем со брадавиците, бидејќи цело време бебињата си цицаа преку вештачка и баш ја препорачувам. Не знам зошто лекарите не кажуваат одма него те оставаат да се малтретираш со рани и болки...и да бебето е важно, ама мајката е подеднакво важна и мислам дека нема потреба да трпи болки кои може да не ги има и да се осеќа подобо. Инаку не е точно дека ќе ти секне млекото ако се одмолзуваш, напраотив со тоа стимулираш лактација. Има мајки на предвереме родени деца на кои им препорачуваат да се одмолзуваат за да одржат лактација и да можат да дојат кога ќе излезе бебето од инкубатор




blond -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (17.5.2015 12:48:48)

Како и со првото, еве сега и со второто ги имам истите проблеми. Имам вовлечени брадавици и пред неколку дена ми се разранија многу. Успеав со домашна зејтинлива трева (кантарион) да ги омекнам. Претходно со ланолин не успеав, џабе фрлени пари ми беа тоа. Сега полека се опоравувам, мачкам после секој подој од кантарионот.




Felly RR -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (20.7.2015 21:20:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina
dali gi mackate gradite so nekoja krema jas zedov Lanolin na Lea mamma pak samo ednas se namackav si rekov da ne mu steti iako se mijam na sekoe



ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

за градите користам маст Ланолин на лансинох и сум многу задоволна нема мирис и не и смета при доењето а брадавиците ги прави поеластични.







acika24 -> RE: Како да се грижите за брадавиците? (28.8.2015 22:34:05)

Imam edno prasanje. Bradavicite skoro edna nedela me bolat kako pred dobivanje. No rano mi e za dobivanje bidejki imav na 16 avgust. Dali nekoj imal vakov problem zosto me faka strav. A se fakam nemam nikakvo topce na gradite. [sm=smiley19.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]