Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија. Иначе ние тој ден имаме роденден на моето зетче, и секоја година на тој ден сме таму на частенка..
Пред да го запознаам мм ги одбележував и едниот и другиот, но сега само Св.Трифун. Обавезно му подарувам вино и му кажувам да ни се трупа уште многу љубов Сепак на вљубените - изгубените Св. Валентин им дава нова искра во љубовната врска. Потсетете се само додека сеуште бевте во врска колку ви значеше да добиете подарок од дечкото,а овој ден им е создаден за тоа. Сепак со време сфаќаме дека наше си е наше и традицијата останува да си го славиме нашиот убав празник Св.Трифун и тоа излезени со сопругот некаде на вечера, а со неа добра чаша вино
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 28.1.2010 15:58:26
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија.
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 31.1.2010 16:10:23
Bitolcanka
Лани бевме на почеток од нашата врска и имав подарок за дечко ми, но тој искоментира дека не го смета Св.Валентин за наш празник, така да оваа година не му купувам ништо. Ќе си го прославиме заедно св.Трифун сами или со дрштво. Инаку иако не е наш празник, мене ми значи. Има убав повод и зошто не би примениле нешто ново Ако гледаме така и 8 март е празник на жената/мајката (не на девојката), па му се придава големо значење кај нас и се подарува на секоја припадничка на понежниот пол, без разлика дали е девојка или жена. Значи, не мора да има посебен повод и причина да покажеме љубов, внимание или да подариме нешто. Убаво е кога секому, со или без причина подариме Не не чини ништо, но многу значи (и најтврдокорниот човек знае да возврати).
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Св. Валентин или Св. Трифун 31.1.2010 23:20:58
mami
Никогаш не сме го славеле Валентин, едноставно не е наш празник, и не се ни секавам дека од некој дечко претходно сум добила подарок на овој ден- тоа секогаш а и сега со мм е некое испиено вино- добро, порано беше повеќе вино а сега си одиме на вечера или си ја правиме дома и си пиуцкаме винце
Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите црвени шеќерни срца и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан. Нема да погрешите ако ги искомбинирате со црвено вино. Црвените шеќерни срца со чоколадо се совршениот десерт за Св. Валентин. Состојки
3 шолјибрашно ¾ ч.л.прашок за пециво ¼ ч.л.сол 1 шолјапутер или маргарин (да не е солен) 1 шолјашеќер 1 ч.л.црвена прехранбена боја 1јајце (изматено) 1 с.л.млеко шеќер во прав 100gбело чоколадо Подготовка
Оставете го путерот малку да омекне на собна температура. Промешајте ги во сад брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете ги настрана. Во друг длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Мешајте со миксер додека смесата не добие светла боја. Додајте ја црвената прехранбена боја, изматеното јајце и млекото мешајќи. Потоа ставете го миксерот на помала брзина и постепено додавајте од смесата со брашното додека мешате. Ќе знаете дека смесата е готова кога ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Поделете го тестото на половина, завиткајте ги двата дела во мрсна хартија и ставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа. Напрскајте ја работната површина и сукалото со шеќер во прав. Извадете го едниот дел од тестото и сукајте го додека не достигне дебелина од 6-7mm. Често придвижувајте го тестото и не дозволувајте да ви се залепи (ако е потребно, дополнително напрскајте со шеќер во прав). Треба да бидете брзи, затоа што тестото не смее да се стопли (затоа го поделивте на два дела). Од тестото исечете парчиња со помош на калап во форма на срце (треба да добиете околу 35 колачиња). Поставете ги колачињата на плех обложен со мрсна хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200°C. Оставете да се печат додека не почнат малку да потемнуваат, но не дозволувајте да почнат да стануваат кафеави (потребни се околу 7-9 минути). Извадете ги и оставете да се изладат. Сега доаѓа интересниот дел. Стопете го чоколадото на пареа (или на тивок оган постојано мешајќи) и оставете го малку да се излади. Ставете еден дел од чоколадото во готварски шприц со многу мал отвор (ако немате, земете мала кујнска најлонска кеса и со ножица сечете многу мал дел од едниот агол – 1 до 2mm). Со нежен притисок нанесувајте од чоколадото врз колачињата. Можете да избирате помеѓу декорација во вид на напречни линии или декорација во вид на точки со различна големина (како на сликите). Ако имате наплив на креативност, испробајте и некоја своја идеја. Можете да користите и комбинација од бело и темно чоколадо. Пред да преминете кон консумација или виткање на подарокот, оставете го чоколадото да се стврдне. Совет Наместо прехранбена боја можете да користите поквалитетна боја за јајца од пореномиран производител. Ако сепак немате доверба во боите за јајца што се продаваат кај нас, тогаш побарајте прехранбена боја во некоја поснабдена слаткарница или во поголемите маркети.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka Инаку, прво (цел ден) Св. Трифун, а после, при легнување, Св. Валентин.
Хахаха така е најдобро...љубовта треба да се слави секој ден, а не само на 14 Февруари...порано разменувавме подароци, сега некако ми е подрагоцено ако е без повод.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.