Св. Валентин или Св. Трифун (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


caci20 -> Св. Валентин или Св. Трифун (27.1.2010 19:33:16)

Sto slavite toj den? Go obelezuvate li nekako? Mene iskreno i dvata mi se ubavi i povrzani. Ljubovta i vinoto odat zaedno.




Sandric -> Св. Валентин или Св. Трифун (27.1.2010 19:35:27)

Ич не го сакам Валентајн[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] много ми е искомерцијализиран некако.....а плус и не е наш празник




Anushka -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (27.1.2010 23:49:23)

на 14 февруари, јас си славам годишница на брак. Инаку, прво (цел ден) Св. Трифун, а после, при легнување, Св. Валентин.




jovanka -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (27.1.2010 23:54:28)

srekna godisnica Anuska
da si go pocituvame toa sto e nase hristijansko




S*B* -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (27.1.2010 23:56:48)

и јас сум за тоа што си е наше наше сие .




Annabel -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 0:02:25)

ММ го слави Св.Валентин - он купува поклон, а јас Св.Трифун - јас купувам вино[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 8:45:38)

Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија. Иначе ние тој ден имаме роденден на моето зетче, и секоја година на тој ден сме таму на частенка..




Еца -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 9:05:01)

Пред да го запознаам мм ги одбележував и едниот и другиот, но сега само Св.Трифун. Обавезно му подарувам вино и му кажувам да ни се трупа уште многу љубов[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Сепак на вљубените - изгубените[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Св. Валентин им дава нова искра во љубовната врска. Потсетете се само додека сеуште бевте во врска колку ви значеше да добиете подарок од дечкото,а овој ден им е создаден за тоа. Сепак со време сфаќаме дека наше си е наше и традицијата останува да си го славиме нашиот убав празник Св.Трифун и тоа излезени со сопругот некаде на вечера, а со неа добра чаша вино[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]




profesorica -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 9:07:58)

со мм не одбележуваме ни едно ни друго




arh_diz -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 9:17:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

со мм не одбележуваме ни едно ни друго

Potpis




kopriva -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 15:49:57)

Ич не го сакам Валентајнuser posted image много ми е искомерцијализиран некако.....а плус и не е наш празник



во право си дај држете се до традицијата св.Трифун се знае што треба да се  слави





tereza -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 15:58:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија.


потпис




Bogdancanka -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (28.1.2010 23:35:48)

mm slavi sv.Trifun a jas nisto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




angels -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (31.1.2010 16:01:23)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] hihihi od dvete po mnoguuuuu.....i mnogu ljubov a da ne zboruvame za pienjetohahahaahahahhahah




melody -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (31.1.2010 16:05:04)

Ovaa godina samo Sv.Valentin.Dojam seuste i nesakam da pijam alkohol.




Bitolcanka -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (31.1.2010 16:10:23)

Лани бевме на почеток од нашата врска и имав подарок за дечко ми, но тој искоментира дека не го смета Св.Валентин за наш празник, така да оваа година не му купувам ништо. Ќе си го прославиме заедно св.Трифун [sm=smiley1.gif] сами или со дрштво. Инаку иако не е наш празник, мене ми значи. Има убав повод и зошто не би примениле нешто ново [sm=zmeden.gif] Ако гледаме така и 8 март е празник на жената/мајката (не на девојката), па му се придава големо значење кај нас и се подарува на секоја припадничка на понежниот пол, без разлика дали е девојка или жена. Значи, не мора да има посебен повод и причина да покажеме љубов, внимание или да подариме нешто. Убаво е кога секому, со или без причина подариме [sm=smiley1.gif] Не не чини ништо, но многу значи (и најтврдокорниот човек знае да возврати).




pacuvce -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (31.1.2010 16:22:58)

Ние на овој ден пред 9 години си разменивме прстени со мм и си дадовме збор...[sm=smiley1.gif] Па јас си го славам тоа...Значи ниту Св.Валентин,ниту Св.Трифун...




mami -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (31.1.2010 23:20:58)

Никогаш не сме го славеле Валентин, едноставно не е наш празник, и не се ни секавам дека од некој дечко претходно сум добила подарок на овој ден- тоа секогаш а и сега со мм е некое испиено вино- добро, порано беше повеќе вино[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]а сега си одиме на вечера или си ја правиме дома и си пиуцкаме винце[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




natasha -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 8:28:24)

Pa i dvata praznika na nekoj nacin vo sebe sodrzat ubavina ,blagodet..jas si gi praktikuvam i dvata




BILJANA_G -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 8:37:17)

Ne proslavuvame ni eden od ovie praznici,no definitivno sum za Sv.Trifun sepak toj e fristijanski praznik.




Mammy -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 12:54:42)

Сите празници се христијански, има само православни и католички..





Bibi_S -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 13:29:22)

На 14 фебруари јас и мм ја започнавме врската и многу ми значи тој ден, така да тогаш ги славиме двата празника.
Од љубов сме пијани [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




BEBICA -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 14:13:56)

Црвени шеќерни срца за Св. Валентин


Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите црвени шеќерни срца и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан. Нема да погрешите ако ги искомбинирате со црвено вино. [image]http://www.femina.mk/images/articles/545/crveni-srca.jpg[/image]Црвените шеќерни срца со чоколадо се совршениот десерт за Св. Валентин. Состојки

3 шолјибрашно ¾ ч.л.прашок за пециво ¼ ч.л.сол 1 шолјапутер или маргарин (да не е солен) 1 шолјашеќер 1 ч.л.црвена прехранбена боја 1јајце (изматено) 1 с.л.млеко
шеќер во прав 100gбело чоколадо Подготовка

Оставете го путерот малку да омекне на собна температура. Промешајте ги во сад брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете ги настрана. Во друг длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Мешајте со миксер додека смесата не добие светла боја. Додајте ја црвената прехранбена боја, изматеното јајце и млекото мешајќи. Потоа ставете го миксерот на помала брзина и постепено додавајте од смесата со брашното додека мешате. Ќе знаете дека смесата е готова кога ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Поделете го тестото на половина, завиткајте ги двата дела во мрсна хартија и ставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа. Напрскајте ја работната површина и сукалото со шеќер во прав. Извадете го едниот дел од тестото и сукајте го додека не достигне дебелина од 6-7mm. Често придвижувајте го тестото и не дозволувајте да ви се залепи (ако е потребно, дополнително напрскајте со шеќер во прав). Треба да бидете брзи, затоа што тестото не смее да се стопли (затоа го поделивте на два дела). Од тестото исечете парчиња со помош на калап во форма на срце (треба да добиете околу 35 колачиња). Поставете ги колачињата на плех обложен со мрсна хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200°C. Оставете да се печат додека не почнат малку да потемнуваат, но не дозволувајте да почнат да стануваат кафеави (потребни се околу 7-9 минути). Извадете ги и оставете да се изладат. Сега доаѓа интересниот дел. Стопете го чоколадото на пареа (или на тивок оган постојано мешајќи) и оставете го малку да се излади. Ставете еден дел од чоколадото во готварски шприц со многу мал отвор (ако немате, земете мала кујнска најлонска кеса и со ножица сечете многу мал дел од едниот агол – 1 до 2mm). Со нежен притисок нанесувајте од чоколадото врз колачињата. Можете да избирате помеѓу декорација во вид на напречни линии или декорација во вид на точки со различна големина (како на сликите). Ако имате наплив на креативност, испробајте и некоја своја идеја. Можете да користите и комбинација од бело и темно чоколадо. Пред да преминете кон консумација или виткање на подарокот, оставете го чоколадото да се стврдне. [image]http://www.femina.mk/images/articles/545/crveno-srce-so-linii.jpg[/image] [image]http://www.femina.mk/images/articles/545/crveno-srce-so-tocki.jpg[/image] Совет Наместо прехранбена боја можете да користите поквалитетна боја за јајца од пореномиран производител. Ако сепак немате доверба во боите за јајца што се продаваат кај нас, тогаш побарајте прехранбена боја во некоја поснабдена слаткарница или во поголемите маркети.





penelopa -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (2.2.2010 17:08:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
Инаку, прво (цел ден) Св. Трифун, а после, при легнување, Св. Валентин.


Хахаха така е најдобро...љубовта треба да се слави секој ден, а не само на 14 Февруари...порано разменувавме подароци, сега некако ми е подрагоцено ако е без повод.




ripce -> RE: Св. Валентин или Св. Трифун (3.2.2010 12:19:47)

Не славам ни Св. Валентин, ни Св. Трифун, ќе славам Прочка.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>