|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Овошје на децата
19.11.2013 13:49:54   
Felly RR
А на која возраст бевте кога ви кажа дека предизвикува алергии? МОже педијатарот мислел за помало бебе, а на 1 година и 8 месеци мислам дека нема никаква причина да не се дава цело овошје.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Овошје на децата
19.11.2013 21:51:12   
Marina I
Ovaa informacija ja dobiv poodamna, uste koga bese 7 meseci, ama jas od pretpazlivost ne mu davav cela kiva do denes, pa zatoa da se sovetuvam i so vas, fala mnogu, od utre ke mu dadam cela kiva. pozdrav

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Овошје на децата
29.11.2013 13:56:35   
vezilka RR
Е периодов сме навлечени на мандарини. Со Никола ги таманиме со сласт. Мора секој ден да се изеде по некоја мандарина. И богами ми се допадна тоа што го прочитав во статијава.

(Одговор на членот Marina I)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Овошје на децата
29.11.2013 13:58:17   
Mihaela 2010
Da da i Mihaela znae vo denot 3 da si gi izede...porano ic ne gi sakase sega pa epten se razjade
Jas isto nekade citav deka bile dobri mandarinite za zaostruvanje na vidot,ama i statijava denes me bendisa bas

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Овошје на децата
14.12.2013 12:26:41   
Bethany
е па многу сум радосна дека син ми почна да јаде овошјето и тоа самоиницијативно бара.
И порано нели јадеше, се му измиксирам и не се буни , се изеде што и да ставам, ама сега веќе насабајле му давам јаболко да грицка додека испијам кафе, после појадок јаде мандарина, или додека чека ручек му ставам да боцка од бананата. Колку толку, битно да сака и да грицка. Јас сепак еднаш дневно му збуричкам се и сешто во блендер, ама и ово е голем напредок.
А не го нудев последно време, сам некако почна да бара.
Го сака овошјето и се радува на Абука (јаболко), тинтина (мандарина) и нанана (банана), така да и јас се радувам user posted image
Е сега само така и нека остане user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Овошје на децата
5.1.2014 15:36:02   
Felly RR
Многу ми е мило што оваа година М почна да јаде поразновидни овошја. Лани само јаболко јадеше, а сега јаде и банана, мандаранина, киви. И секој ден барем по две парчиња некакво овошје си каснува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Овошје на децата
6.1.2014 0:42:02   
Defne90 RR
Kaj mene pogolemoto poslabo jade ovosje sega pocna po malku mandarini i banani ponekogas znae i jabolko no toa e retko.Pomaloto jade jabolki,banani,krusi,no mu gi rendam i zaedno so biskvidi taka saka da gi jade inaku ne.Sepak ovosjeto e svezo samo sto dodavam i biskvidi i mleko. kako i da e vnesuva pak isto vitamini.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Овошје на децата
6.1.2014 13:03:07   
Hunny
Ќерка ми многу сака овошје: јаболко, банана, мандарина, портокал, круша, праска, слива, грозје. Многу е интересна дека е мала и сама јаде толкави банани или портокали, јаболко грицка, а има малку запчињаuser posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 11:41:35   
Mila mamicka
Луѓе, син ми обожава овошје. Секакво. Не постои овошје, што го пробал, а да не го сака. Јаболко, круша, банана, слива, портокал, мандарина, киви, праска, кајсија, лубеница, диња, ананас, манго, авокадо. Значи, буквално се јаде, и тоа не чека јас да му понудам, туку и сам си бара. Најмногу се изненадив, кога бевме на гости кај кумашините, тие во двор имаа посадено аронија, и му скинав, ја измив и му ја дадов. Мислев дека ќе ја плукне, затоа што и мене не ми се допадна кога ја пробав, а бараше уште. Јадач на мама најубав. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 12:21:34   
vezilka RR
Лани ова време сум пишала, еме пак за мандарините. Никола пак им се фрли, и сега ќе ги тамани еден период. Јас сеуште се држам до принципот дека мора да изеде барем две овошки во денот. БАнана и круша или јаболче и нешто друго. Ако ми одмине денот а изел само едно, тогаш му цедам сок он некое овоштие, па тој да го шмркне.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 12:26:50   
Mila mamicka
Везилка, и јас секогаш гледам да изеде две-три ралични овошки во текот на денот, да не биде истата овошка цел ден. Е сега, пошто до 15 часот е во градинка, не ми останува многу време додека заспие во 20 и 30, и затоа му сечкам на коцки две три овошки, и тој си јаде од сите. Ако му остане, што ретко се случува, тука е мама да дојадеuser posted image  Секако и јас морам да јадам овошје, посебно сега кога сум повторно бремена.  

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 12:42:22   
vezilka RR
Епа и ние преку неделата кога сме во градинка понекогаш не стигаме втората овошка да ја изедеме, па му ја цедам во сокче. Инаку сега баш ми текна дека Никола па не ги сака оние јужните, на пример, авокадо, ананас, кокос..тоа му имам понудено, никако не ги сака.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 12:52:47   
AneLav RR
На моиве дечки некаде до година ипол обавезно првиот оброк им беше овошје и тоа секакво мешав, зимно време им мешав јаболчиња со компоти зависно какви имав. Немаше шанси да поминат ден без овошје. Сега веќе знаеме да прескокнеме некој ден бидејќи не сакаат блендирано. Јас не сум многу по овошјето и обично мм им лупи навечер во овој период од годината мандарини и јаболчиња.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 13:10:18   
Felly RR
И ние ја почнавме сезоната на мандарини, киви, банани, а секако и јаболкото не го забораваме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Овошје на децата
20.11.2014 13:38:24   
caciana
Секакво овошје си јадеме и немаме никаков проблем user posted image . Мамички немојте да го заборавите зеленчукот, тој е важен дел од исхраната на детето . Користете ја брокулата почесто, зелка , морков , пиперка ... user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Овошје на децата
6.6.2015 17:32:37   
Defne90 RR
Од овошје синковци најчесто конзумираат јаболки,круши,банани и цеден сок од портокал.И не којзнае колку многу ни од тоа наведеното ама пак се трудам во текот на денот да внесат барем нешто.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Овошје на децата
6.6.2015 23:06:31   
lukajana RR
Ј сака секакво овошје и не прави проблем да грицка или со житарки ама како сок од соковник не сака ,а Л јаде само јагоди,цреши ,јаболки,крушки,лубеница и портокал само цеден

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Овошје на децата
20.10.2015 16:57:43   
tincule
Ние од овошје богами се си лапкаме на секој можен начин. Овошје во било кој период од денот да ни дадат ќе јадеме немаме гајле, по можност ако е и покиселко мхмхм ептен сме по киселотоuser posted image . Е сега ме интересира ние сме 15 месеци и немаме пробано боровинки, јагоди, киви, малини дали може веќе да и давам. Пошто матичната првин ми рече рано е , после ми рече веќе се можеш да и даваш. Вие од кога почнавте на вашите да им давате?

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Овошје на децата
20.10.2015 17:21:43   
lukajana RR
Тинчуле јас давам јагоди ,малини ,капини од година.Таман во мај направи година и ја фљтивме цела сезона на шумските овошја ,Ј обожава јагоди ние имаме и во двор во саксии и двајцата цело лето береа и јадеа

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Овошје на децата
20.10.2015 23:27:13   
MamaKiki
боровинки моево обозава му давам наутро скоро стално оброк со овошје јаде банана , круша праска, лубеница и цреши летото си јадеше во сезона не блендирани денес прв пат со запчињата грицкаше јаболче user posted image мандарина кога јади кога не... портокал сокче му цедам како ужинка ама не секој ден.. а зеленчук почна да ми одбива последно, имаше период па овошје кога одбиваше... период некаков user posted image битно нудам после годината дадов малинка, аронија( не ја обожжава) боровинка , капинка има пробано ама не ја бендиса од тие семките.. јагоди имам убави замрзнато ама се нешто се плашам да му дадам user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Овошје на децата
21.10.2015 9:39:26   
sandriana RR
Овошјето е неизбежно секој ден. Дали јаболко, дали банана, сега и гројзе многу јадат. Инсистирам, и веќе им стана навика, после градинка, задолжителна ужинка е овошјето.
Во двор имаме капини, па летово, гледајки ме мене и големата како береме и јадеме по некоја капинка пред работа/градинка, и малово почна да бара, па така пред да наполни 1 година - ги вкуси. Немаше реакција, па се приклучи во утринската рутина user posted image .

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Овошје на децата
21.10.2015 14:06:15   
vezilka RR
Јас сум диктатор по однос на овошјето. За друго не малтретирам дали и колку ќе јадат, ама овошје во денот мора да се изеде минимум едно парче за Никола. Јосиф сеуште доручекот му е овошна каша, хихи уште сме на каши. И никола ако не е во градинка, сабакле пред да доручкува било што друго, јаде овошје. А ако е во градинка, после градинка, прво некое овошје. За овошниов доручек многу ме караа, да речам и за Никола кога беше мал, и сега за Јосиф, демек не ги држело, малку било. ЁАма јас си терам по мое, и не верувам дека е малку оти и јас јадам овошје сабајле и знам колку ме држи.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 122
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?