Еца -> RE: Моќта на родителите врз суштинските промени во животот? (29.1.2010 8:33:20)
|
Го поддржувам она што го напиша Мила на мама, сепак што се однесува до темата јас пак мислам дека образовниот процес сепак не може да функционира комплетно ако децата ги оставаме во градинка, училиште и сметаме дека со тоа сме го направиле нашето и готово. Сметам дека тој процес продолжува и дома, каде преку разговор со детето, преку игра, забава, мора родителот да седне и да поработи со детето, мора да најде некоја "цака" со која учењето ќе биде забавно, интересно, едноставно детето само да појави желба за учење. И кога ќе стигнеме до оној степен каде детето зане дека ние родителите сме му најдобриот пријател, можеме и те како да влијаеме врз суштинските промени. Сепак не сите родители имаат ист став, исто мислење па така додека за едни родители ова е исправно, за други би било глупост, итн...и затоа прифаќаме секакви промени, бидејќи повеќето и немаат намера да се замараат што тоа нивното дете учи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|