meU87 -> RE: Облека за трудници (23.4.2012 8:25:40)
|
Едвај чекам да се затопли времево, имам милион фустанчиња кои би можела да си ги носам и во бременоста. До неодамна ми фалеше во гардеробата нешто потесно, ми се смачи од широка облека, едноставно сакав да се почувствувам секси [sm=smiley9.gif], фармерките тесни ми се точни , но се до моментот кога треба да ги закопчам горе [sm=smiley13.gif], па испаднаа од игра. Уште сега не ми се даваат пари за труднички панталони, од никогаш додуша не сум ги ни сакала , па оставив да помине пролетта и летото, имам доволно гардероба, здравје за есен ќе морам да се снабдам со некои панталончиња [sm=smiley1.gif] Во врска со панталониве, многу ме иритира фактот што се толку скапи, а искрено и не ми е јасно зошто се, кога не се ништо посебни , ниту пак бараат посебно внимание при изработка(освен огромниот ластик горе, наместо копчиња и патент )[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|