Mila mamicka -> RE: Детско штедење (29.9.2014 13:48:13)
|
Уште кога се роди син ми, сакав да му отворам детско штедење, ама денес утре, поминаа две години. Отворивме детско штедење во НЛБ, после неговиот втор роденден. Дотогаш сите пари што ги добиваше, за сповојници, родендени, имендени и сл, му ги чував, па така кога го отворив детското штедење сумата беше прилично голема. Оттогаш наваму, имам траен налог на платата, и секој месец, од мојата сметка 3000 денари завршуваат на неговата. Додека порасне детето, ќе се собере значајна сума на пари, па за што ќе ја искористи, ќе покажа времето.
|
|
|
|