kikicka
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Здраво дечки. Денес ми е многу тажен ден. Ми почина најдобрата другарка од средно. Имаше 27 години, и беше мајка на едногодишно девојче. Ми рекоа дека починала од рак, се случило многу брзо. Остави зад себе сопруг и ќеркичка. Шокирана сум, лута сум, и многу тажна. Нека почива во мир. ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Само што прочитав на фб! Многу ми е жал, сочувствувам со твојата загуба. Греота толку млад живот да згасне мнооооогу пред да му дојде времето, греота за ќеркичката и сопругот и целото семејство... Не знам што да кажам, освен дека иако не сум ги познавала, искрено сочувствувам со сите блиски... ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Анамоли, прекрасна, откачена и лепче душа човек беше. Лани правеа свадба и неколку месеци подоцна добија ќерка. Беше вредна, мудра и позитивна личност. Најкриво ми е што не можам ни на погреб да отидам. Ќе пукнам од мака! И по млади почна тоа чумата да мава. Те сакам, Кате. Секогаш си ми во мислите и срцето. ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR Оффф лесна и земја ужасна трагедија за целото семејство кутро детенце бебуле најубаво ахххх не можам солзите сами ми течат душа мала и тоа и семејството што останува во болка Да ти се плукнам во животот зошто се случуваат вакви работи ЗОШТО?????? ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010 lele jas stvarno neznam sto ni se slucuva,sekoj den slusam kako enkoj e bolen od rak,pocinal.lesna neka i e zemja za greota tolkju mlad zivot ....da vi kazam od koga se sluci ova so zenava sto ja cuva M mn sum preokupirana i isplasena sto se slucuva,vcera dojde do ka mene na rabota kumava,i kazuvam za situacijava i mi vika pa i jas imam rak??sto zboris ma,vika pred 2 nedeli i kazale,ama kao ne bilo stasno,u septemvri tek i zakazale operacija posto nemala vrski za porano... ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Ова навистина е многу тажно, човек не знае кого попрво да жали... Дали мајката што си заминала толку млада или девојчето што ќе порасне без мајка... Ептен се потресов и јас иако важам за цврста личност. Мислам, ваква трагедија и камен би омекнала. Откако прочитав постојано мислам на девојченцето ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia Оф леле душа,прими искрено сочувство Икана,многу ми е жал,ме потсети и мене на една другарка моја која почина пред 4 години на 24 год и остави бебе од два месеца уфф .Аман бе се по младиве во последно време овие подмукли болести,да ти се плукнам во животот ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Ne mozam od glava da ja izvadam kerka i. Niti semejstvoto. Konecno si ja najde srekata, i Gospod ja zema. Ne mi e jasno kolku brzo se sluci, kolku naglo site ne ostavi zbuneti, isplasheni i skrsheni. Vo posledno vreme, ima mnogu slucai vakvi. Premnogu. Zivoti sto zgasnuvaat prerano. Nemam zborov da ja opisam tagata sto ja osekam. I sto e najtragicno site od klas sme rastrakani na razni strani od svetot, tuka sme nekolku luge, i jas sum od tie edna, i ne mozam da otidam da se zboguvam. Pa ke puknam od maka!!!! ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR Ме испотресе случкава! Истовремено максимално ме изнервира! ЗОШТО се случуваат овие работи на млади луѓе??? Иканче, нека почива во мир. Сирото девојченце ја загубило мајката која тукушто започнало да ја препознава ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama RR Уф каква трагедија Икана нека прими сочувство, Кате почивај во мир. Само ќе кажам скраја да се ова болештиниве, крај нема! ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance Бреее неможам солзи да си сопрам..а на работа сум..кој знае што ли ќе си помислат...значи не знам за што повеќе да се нервирам..заради тоа што ете и со рак..ај почекај до септември за операција..нема место...а тоа чудовиште како муња се шири...и после оп...го нема човекот...лелеле мајко што ли ќе праи тоа девојче, и татко и... ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР Нека почива во мир другарка ти Икана, страшно за нејзините што остануваат после неа... многу пати сум размислувала, што ако на мене ми се случи нешто, кој ќе ми го гледа детето, и тоа ми дава сила да го сакам животов, да не кукам многу и да успеам да го уживам и прифатам онаков каков што е, оти трагајќи по некаков си идеал, како да ми лизгаат моментите низ раце... И секој ден почнувам да го играм, да го уживам, како некоја си претстава, не само колку да помине и да дојде викенд, туку секој ден максимално го цицам... затоа жени не се нервирајте, многу лесно се губи здравје у пм!!! ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao Ikana mnogu mi e zal, vesta ja procitavme kaj mm na profil i toj se potrese bidejki i nego mu bila skolska... navistina uzasno, rakot nosi lugje se pocesto, a nikoj nisto ne prevzema okolu toa... Samo ke vi kazam, vnimavajte kako go ziveete vasiot zivot, denes koga ogromen procent od okolnostite se kancerogeni, borete se za vaseto zdravje... vnimavajte sto jadete i OD sto jadete... izbegavajte plastiki, emulatori, kinesko proizvodsto, mobilni telefoni, cigari i uste 300 raboti za koi mozete da procitate na net i da probate kolku e mozno da se zastite i da gi zastitite vasite deca. Nemojte da ocekuvate doktorite ili uste poloso onie koi prodavaat da vi kazuvaat dali e toa stetno ili ne... Nikoj nema da se grizi za vas i vaseto zdravje osven vie samite. I nikogas ama bas nikogas nemojte da razmisluvate "eeee ako gledam taka od se treba da se pazam" ako vi e mil zivotot. Znam deka vo denesno vreme e mnogu tesko da se vnimava, no dajte napor i pravete go toa kolku sto mozete povekje, taka barem go namaluvate rizikot. I uste nesto mnogu vazno okolu rakot - jadete svezo ovosje i zelencuk, odnosno vnesuvajte vitamini bidejki tie se onie koi mozat da se izborat so bilo koja bolest ako se vnesat vo dovolno golemi kolicini. Neka pociva vo mir i neka bide posledna zrtva na ovaa gadna bolest. Socuvstvo do semejstvoto... ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka Уфф....тажно...Икана нека почива во мир твојата другарка трагедија ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena* Lele Ikana primi socustvo i od mene ...jas bev vo istava situacija pred nejolku godini, mi pocina skolska drugarka, sto ucese so mene od 1 odd, do 4 god sredno, isto se vikase Kate, pocina od rak, samo mnogu pomlada...solza devojce, pametno, kulturno, studirase farmacija...mnogu raboti od zivotot seuste gi nemase iskuseno...ama toa ti e, so vakvi raboti nema pravila, samo ne daj boze Neka pociva vo mir ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Икана, нека почива во мир другарка ти Кате. Срашно, тажно, жално!!!! ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR Прими сочувство Икана, немам зборови, само страв дека на сите може да ни се случи ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena* luge neznam dali e denov, ama se losi vesti se slusaat...mi javija baba mi pocinala, bolna bese, se ocekuvase, ama doslo vreme...bog da ja prosti, neka pociva vo mir ...zivi i zdravi mladite da se... ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880 Zalam za golemata zaguba Ikana Go imam istoto doziveano i oseteno,i moja drugarka pocina mlada od istata bolest....samo ke kazam SITE SME GOSTI NA OVOJ SVET! ИЗВОРНА ПОРАКА: mila 3 Primi socustvo Ikana Navistina tazno za maloto devojce, zalosno nikogas nema da ja zapoznae svojata majka Jas ostanav bez majka na 20 god od istata bolest Mnogu mi e tesko koga ke slusnam vakvo nesto, cuvstvuvam tkolku GOLEM BES i cuvstvo na nemok. Nemam zborovi...................... Navistina se plasam sto ni nosi idninata ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Те сакам, Кате. Секогаш си ми во мислите и срцето. Икана и јас вчера слушнав за Кате од дете ја знам од населба,неможев да поверувам иако ја немав одамна видено ,колку што ми кажаа се случило за некој месец. Кате почивај во мир,твоите блиски господ ќе ги чува. ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR Сочуство и од мене Икана за другаркати Кате!Нека и е лесна земјата!
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
|