Скопско лето 2009 (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


Julie1 -> Скопско лето 2009 (18.6.2009 12:03:15)

Во недела ни доаѓа календарски летото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  иако горештините одамна почнаа. За оние кои нема да имаат можност да одат на одмор овој период убаво ќе им дојдат културните случувања. Информираме за стартот на Скопско лето 2009:
Повеќе од 2.000 ликовни, музички, театарски уметници, популарни музичари и етно изведувачи ќе настапат на јубилејното 30-то издание на Скопско лето, кое ќе почне в недела, а ќе трае до 31 јули. Манифестацијата свечено ќе биде отворена со настап на Македонската опера и балет, чиј ансамбл ќе ја изведе операта „Плаштот" од Џакомо Пучини на кејот, покрај Камени мост. Симон Трпчески и пријателите, венецуелскиот диригент Илич Ривас, Драмски театар, Македонската опера и балет ќе бидат дел од ансамблите и уметниците што ќе се претстават пред публиката во нашиот главен град.

Има ли културни случувања во останатите градови во Македонија ова лето? Недостасуваат ли вакви случувања кај нас?




Еца -> RE: Скопско лето 2009 (18.6.2009 19:05:31)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Сите овие настани вредат да се посетат и да бидеме дел од нив.Со оглед на тоа дека јас летово нема да мрднам од Скопјево, обавезно ќе присуствувам на дел од програмите на скопско лето.А знам дека секое лето во Кратово се одржува ликовна колонија во која учествуваат дечиња од цела Македонија.Се надевам, дека трдицијата ќе продолжи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




agnes77 -> RE: Скопско лето 2009 (18.6.2009 19:16:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena
А знам дека секое лето во Кратово се одржува ликовна колонија во која учествуваат дечиња од цела Македонија.


Елена, дали је Кратово близу Скопја. Ликовна колонија за децу би била за нас пуно интересантна пошто обојица поучавамо ликовно наставо у школи.





Еца -> RE: Скопско лето 2009 (18.6.2009 19:32:57)

Агнес Кратово е на 95 км од Скопје, околу 50тина минути.Но ќе се распрашам за сигурно дали ќе биде организирана оваа година и од кога до кога[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]Инаку Кратово вреди да се посети бидејќи е еден од најстарите градови во Македонија со многу стари мостови, кули, преданија,баш ќе ти поставам слики да го видиш.Преубаво, мало планинско градче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Скопско лето 2009 (18.6.2009 19:39:16)

Агнес ако се решиш да го посетиш Кратово имаш беслатно сместување кај моите родители, многу поздрав и добредојдени сте со твојот маж[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




agnes77 -> RE: Скопско лето 2009 (18.6.2009 19:47:07)

па то би било одлично[sm=bravo.gif]




Страница: [1]